Јас ке донесам моно сигнал а тука има 3 вода за влез Кои треба да ги искористам
Има два вода за влез, L и R, лев и десен звучник. Low Pass филтерот е наменет за користење на сигнал од стерео излез. Се разбира дека може да приклучиш и моно излез на него, едноставно спои ги двата стерео канали во еден вод (врзи ги L и R заедно, краткоспои ги).
И ме интересира за што се користат тие три потенциометри
Потенциометарот R3 се користи за подесување на горната гранична фреквенција на првиот филтерски степен (нископропусен филтер од прв ред), а со него се подесува и засилувањето на првиот операциски засилувач (gain). Двојниот потенциометар (R5 и R7) се користи за подесување на горната гранична фреквенција на вториот филтерски степен (нископропусен филтер од втор ред).