Author Topic: Заземјување паралелно на фаза во продолжен кабел?  (Read 3110 times)

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Имам продолжен кабел од 50 метри на макара или моталица. Кабелот е 2х1.5мм2 и 1х0.75мм2 за заземјување (турска работа) повеќежилен или лицнаст.
Бидејќи има голем пад на напонот на 50 метри при оптеретување од 1400 вати (од 225 волти на околу 185 волти), а уредите кои се приклучуваат на него немаат заземјување, стари електричари предлагаат да се поврзи заземјувањето паралелно со фазата за да се зголеми фазниот проводник во пресек на 2.25мм2.
Дали би се добило нешто бидејќи нулата (масата) би останала 1.5мм2?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Незначително. Тие турските не се баш бакар каков што треба да е. Во ЛИРА, Меркур, Хубо, Електро метал би требало да најдеш каков што треба да биде. Пошто имам 3х1,5 20 метра и швајцоапарат си функционира без проблем на него , 3-4kw е. Да не речам фрли го.

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Пробано со врзување на заземјувањето на една од другите жици паралелно и испробан потрошувач од 1100 вати. Разликата е околу + 7 волти (на 50м должина станува збор). Се разбира колку поголем потошувач толку поголем пад на напон. На поголем потрошувач подобрувањето ќе биде поголемо.
Најверојатно ќе го поделам на 2 дела 20 метра + 30 метра, ретко ќе има потреба од 50 метра.
Сепак да кажам дека има подобрување бидејќи вкупниот пад на напон зависи од вкупниот отпор на проводниците (и на масата и на фазата заедно се земаат во предвид).
Како најголем дел од уредите што ќе се користат: бормашини, хилти, вапце, брусилица итн., немаат предвидено да имаат заземјување (кабелот најчесто е 2х1.0мм2 или и помалку), паметно е да се искористи и 3-тата жица заради големата должина. Секако треба да се преработи утикачот и штеќерот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
на 1400 вати пак ќе го имаш истиот напон. може подобро ќе ти е да напрајш еден кабел од 25 метра, паралелно да ги врзиш.

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Ќе ја испробаме и таа варијанта, како се работи за викендица каде секако нема заземјување и само монофазна струја, може и паралелно да се врзе. Видов на интернет како од два кабли со помош на три штеќери и утикачи (два влез, а еден излезен штеќер поврзува два потанки во еден подебел кабел), при тоа каблите може и секој посебно да се користат.
Сепак практично ќе се проба (заедно со мерење во живо со помош на ватметар, кој покашува и напон и струја) инаку вапцето од околу 1300 вати, работеше без проблем, но сепак колку помал пад на напонот подобро е за уредите кои се користат.

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Незначително. Тие турските не се баш бакар каков што треба да е. Во ЛИРА, Меркур, Хубо, Електро метал би требало да најдеш каков што треба да биде. Пошто имам 3х1,5 20 метра и швајцоапарат си функционира без проблем на него , 3-4kw е. Да не речам фрли го.

Ај те молам со омметар измери го отпорот на жицата (од утикач до штеќер). Сигурно не си мерел колку е напонот на крајот од кабелот кога работи швајцот, а баш ме интересира колку е.
јас мерам со штеќер ватметар, кој покажува и напон, струја, косинус фи, мин, макс потрошувачка.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
покажува 4 оми, ама не е баш точен ом метарот, оти и пипците ко ќе ги споја исто покажува, и на отпорник до 10 оми исто покажува. Али ко ќе имам прилика ќе измерам.

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Кабелот е прекинат на 2 дела околу 20м + 30м (не е најпрецизно).

Ако вака добиените 2 кабла се спојат сериски (и да напоменам дека стојат еден над друг намотани на макарата и така се вршат мерењата - значи не се оптегнати) вкупно 50м, при влезен напон од 228 волти, има напон од 204 волти и струја од 5.55 ампери или 1130 вати.

Само на Првиот кабел од 20м има напон од 217.4 волти и струја од 5,91 ампери или 1280 вати,
Само на Вториот кабел од 30м има напон од 213.2 волти и струја од 5.81 ампери или 1230 вати.

Во сите случаи е користен фен, кој ако се поврзе директно без кабел на штеќерот има напон од 226 волти и струја од 6.20 ампери или 1400 вати

Отпорот на двата кабли заедно (100 метри) е 4.0 - 4.1 ом.

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Само уште едно мало појаснување:

Во првиот пост е користен друг уред не е фен но сепак со декларирано мокност од 1400 вати, приклучен е на приградска електрична мрежа од стара куќа (викендица) и продолжниот кабел е користен во оригинал состојба како што е купен.

Во претходниот пост кажав дека е користен фен, но во градска мрежа во станбена зграда и продолжниот кабел е сечен, сите жици се кримповани во конекторите и првиот орг залиен утикач е пресечен и монтиран друг (заради квалитет - некако ми делуваше лошо изработен).

Сега останува да се проба ваквиот кабел со истиот фен на викендицата. Само тогаш ќе видиме дали вреди замената на утикачот и кримповањето на жиците (како и поврзувањето на заземјувањето како паралелна жица на еден од проводниците). За овие мерење кога ќе бидат извршени ќе биде дадено исто како претходниот пост.

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Го прочитав само првиот пост. Ако не те преубедил никој до сега, ќе се обидам јас. По пропис, за осветлување е дозволен пад на напон од 3%; За сите други потрошувачи е дозволен пад на напон до 5%. Ова, не е за да светат светилките како што треба, туку да не се грее кабелот што ги напојува. Ти имаш пад на напон од скоро 18%. Многу е. Поврзувањето на еден од проводниците паралелно со заземјувањето незначително ќе влијае.  Не си играј, купи си кабел. Со секое преоптоварување на кабелот ја "старееш" изолацијата многу многу брзо. Еднаш ќе бидне беља.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дали би се добило нешто бидејќи нулата (масата) би останала 1.5мм2?

Да, подобрувањето би требало да биде:

(225 - 185)*(2*1.5)=120 [Vmm2] (некаков си коефициент за пад напон по mm2 напречен пресек на проводник... не знам дали постои нешто вакво, ми требаше чисто како помошна равенка за пропорциите)

(225 - Ux)*(2*1.5+0.75)=120 ==> (225 - Ux)=120/(2*1.5+0.75) ==> 225 - Ux=32 ==> Ux=225 - 32=193V (напонот на краевите, доколку е оптоварен со 1400W и се користи и зазаземјувањето како дополнителен проводник за фаза или нула)

Ux%=((193/185)*100)-100=4.32% (процентуално пресметано, колкаво е подобрувањето)

Ако мислиш дека волкаво подобрување ќе ти заврши работа, терај :).

Еднаш ќе бидне беља.

Мхм... и ова држи вода ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Quote
Мхм... и ова држи вода ;).
Oва ќе биде, поарно нов полн кабел ( не мора лицна, само поголем корут) од лира, електроелемент, меркур... За да биде овај добар треба да се врзе на 4 пати... и пак ќе продолжи интензивнои со влошување односно корозија.

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Веќе напишав дека кабелот е поделен на 2 дела од околу 20м и 30м и како такви поединечни кабли ќе се користи најчесто. Тогаш падот на напонот е во границите од 5% за секој кабел од 20м или 30м. Кабелот ќе се користи по потреба и на периоди, од неколку минути па одмор од 5-10 минути минимално, а може и повеќе.
Како кабел од вкупно 50м (20м + 30м во серија) ќе се користи само неколку пати (пак со кратко користење и потоа одмор од подолго одколку користење).
Заземјувањето е поврзано паралелно со едната жица и кај двата кабли.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Епа тогаш имаш проблем во контактите, оти ако имаш поединечно по 5%, не може вкупно да имаш 18% :D

Offline roliver

  • Нов член
  • *
  • Posts: 41
Re: Заземјување паралелно на фаза во продолжен кабел?
« Reply #14 on 16.11.2021, Tuesday, 19:47:20 (Edited 16.11.2021, Tuesday, 20:10:01) »
Тоа 18% беше од првиот пост.

Ова е новата ситуација која ја опишав погоре

Кабелот е прекинат на 2 дела околу 20м + 30м (не е најпрецизно).

Ако вака добиените 2 кабла се спојат сериски (и да напоменам дека стојат еден над друг намотани на макарата и така се вршат мерењата - значи не се оптегнати) вкупно 50м, при влезен напон од 228 волти, има напон од 204 волти и струја од 5.55 ампери или 1130 вати.

Само на Првиот кабел од 20м има напон од 217.4 волти и струја од 5,91 ампери или 1280 вати,
Само на Вториот кабел од 30м има напон од 213.2 волти и струја од 5.81 ампери или 1230 вати.

Во сите случаи е користен фен, кој ако се поврзе директно без кабел на штеќерот има напон од 226 волти и струја од 6.20 ампери или 1400 вати

Отпорот на двата кабли заедно (100 метри) е 4.0 - 4.1 ом.

228в на 204в тоа е околу 10.5% - напонот не стои постојано 228, варира сепак некој +/- волт.