Натаму би ги додал керамичките кондензатори од 100pF по идеја на GigaWatt.
@GigaWatt
Пластични 100nF вероватно се во некоја SMD варијанта која што е ептен минијатура и не можам да ги видам.
За овие четири места на контролерот зборуваш, практично во паралела на истите лемни точки од електролитските кондензатори?
Да, паралелно на четирите електролитски кондензатори додади четири (по еден на секој) керамички кондензатори од 100pF
. Тие се за брза реакција, за елиминација на високофреквентен EMI.
На еден монитор ми се има случено да има слични симптоми како твојот. Сам од себе се ресетира, само што тој на определени временски интервали (кај тебе е random, што повеќе наведува на тоа дека е најверојатно некоја заштита, но без разлика, не е лошо и ова да се проба). Буквално по неколку пати во секунда се пушташе и гасеше сам од себе. Се изгледаше ОК, напојувачка секција, неонки, ги проверив со тестер, си светеа без проблем... на крајот илзезе дека поради лоша филтрација на EMI на еден од напојувачките rail-ови на CPU board, на reset пинот на микроконтролерот доаѓа еден краткотраен позитивен импулс (мислам дека за да не биде во reset позиција, требаше да се донесе ниско логичко ниво... така некако ќе да беше) кој цело време го ресетира процесорот и никако да се запали мониторот. Стави 100nF и 100pF на сите електролити на CPU board, пуф, си запали
.
Да бидам искрен, немаше да откријам што е проблемот без осцилоскоп. Според мене, вакви „дубиозни“ проблеми без осцилоскоп, тешко се решаваат
.
Електролитските кондензатори се троми, не реагираат брзо на високофреквентни шумови. Затоа во паралела се додаваат пластични и керамички. Пластичните треба брзо да изреагираат на електромагнетен шум кој е во „средно браново подрачје на шумови“ (не знам како на друг начин да се изразам, а да не биде едноставно
). За разлика од нив, електролитските се троми и реагираат само на нискофреквентни (условно кажано) шумови. Керамичките реагираат на оние ептен високофреквентни шумови
. Разликите во начинот на изработка на секој од нив им ги сумира нивните предности и недостатоци
. Како што викаат, за секоја работа си има адекватен алат
.
Разгледај ја и оваа тема и кој проблем го имав со втората преправка
.
http://elektronika.mk/index.php?topic=14330.0
Како што реков, и да не е тоа проблемот, не е на одмет да стојат
.
А електролитите од 100uF, слободно може да ги замениш со 470uF/16V. Јас не би ги ни мерел, само би ги сменил. А дури и ако ги мериш, ќе видиш дека на крајот ќе излезе дека некои од нив се 80uF, некои се 90... попуштени се малку 100%, не може да е работен толку време, а да не попуштат
. Пожелно е заменските да ги најдеш од некоја матична плоча, бидејќи тие најчесто се прилично квалитетни и се наменети да работат на високи температури (практично, самата матична плоча е ладилно тело за сите MOSFET-и кои се користат за напојување на процесорот, така да, производителите не си дозволуваат да ставаат било што на матичната плоча
).