Дигитална електроника > Развојни околини

Бежични модули на 433MHz за Arduino

(1/1)

DX-er:



Неодамна почнав да експериментирам со овие евтини модулчиња кои работат во фрекфенција која е слободна за користење и не е потребна никаква лиценца за истата, секако доколку се користст согласно упатствата.


Карактеристиките се на линков:

--- Code: ---http://www.mantech.co.za/Datasheets/Products/433Mhz_RF-TX&RX.pdf
--- End code ---

Овие модули се доста практични и добри доколку сакате да направите на пример, бежичен термо сензор со кој од дома ке ја пратите надворешната температура и влажност на воздухот, синхронизиран трепкач со повеке приемници, чет преку ардуино и компјутер и многу други нешта.

Е сега покрај пофалбите ке си дозволам да кажам што не ми се допаѓа, приметив дека предавателната фрекфенција од модул до модул се разликува по малце но на мала далечина нема проблем да биде примен сигналот и успешно декодиран на приемната страна. Друго нешто што приметив е поради немањето на RF филтер може да се забележат по некои хармоници, ама со оглед на малата снага од само 10mW не би требало да е проблем. Исто така користат АМ модулација кај која поголемиот дел од енергијата е неискористена ефективно. Знаеме дека кај радиодифузните АМ предаватели ефективноста на сигналот е само околу 30%. Можете да пренесете податоци до 4kb во секунда, па за телеметрија е сосема доволно.

GigaWatt:

--- Quote from: DX-er on 15.04.2018, Sunday, 00:20:27 ---Друго нешто што приметив е поради немањето на RF филтер може да се забележат по некои хармоници, ама со оглед на малата снага од само 10mW не би требало да е проблем.
--- End quote ---

Да имаа и адекватни филтри, немаше да бидат толкацки и да бидат џабе ;).

Сепак, станува збор за дигитални примо-предавателни модули за мали растојанија каде многу и не се пази на тип на модулација, хармоници, искористена моќност, итн. ;).

Navigation

[0] Message Index

Go to full version