Author Topic: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A, шасија 60-L5498S20-01A  (Read 2049 times)

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A, шасија 60-L5498S20-01A
« Opened on 14.08.2015, Friday, 01:06:33 (Edited 15.08.2015, Saturday, 02:49:34) »
Здраво и поздрав до сите :) Имам едно проблемче со наведениот телевизор, го спремам за татко ми да може да прати вести, меѓутоа телевизорчево го земав расипано, воопшто не се вклучуваше но имаше Standby LED, го сменив главниот филтерски кондензатор бидејќи ми изгледаше малку надуен, иако покажуваше нормална вредност, и едно кондензаторче од 47mf160V кое се наоѓа веднаш до FBT, воопшто не ни можев да го измерам тој електролит, бидејќи не покажуваше буквално ништо на мерење, ниту омски, ниту капацитетно, значи тотално бил во прекин.
Е сега, кога го вклучив, успеав да измерам само 320V на филтерскиот кондензатор, па почна телевизоров само да јавува звук без слика, всушност 1 секунда има звук, 3-5 секунди нема и се така се повторува, како што ми кажа пријателчево, така правел и пред да цркне тотално, кога пробувале да го уклучат. FBT-то вади ужасен звук т.н. "hissing" како да варничи внатре, па се мислам дали воопшто вреди да се обидувам понатаму да поправам и да менувам делови. Моментално немам при рака електролити со доволен напон за да пробам да ги заменам тие во секундарот, но утре ќе набавам и ќе пробам да видам дали би направило некоја промена. HOT-от е проверен, не е во куса врска, е дали регулира нормално, не би можел да кажам, залемен на плоча базата и емитерот се споени, но одлемени се во ред, има околу 50 оми, што според даташитот е во ред. Генерално во примарот и во секундарот се проверени диоди, отпорници и транзистори и нема некоја очигледна грешка, но не ја изоставувам можноста да ми има побегнато нешто. Дамп, за жал не можам да му снимам нов, бидејќи немам програматор, но и не верувам дека овој проблем би се сведол на таква тематика. Би бил благодарен доколку ме посоветувате кои напони би требал да ги преконтролирам, бидејќи не сум многу запознаен со ова телевизориве, а доволно имам прочитано околу високиот напон на трансформаторот за да знам дека не е играчка па да пипкам кај ми стигне, единствено што знам е дека B+ е некаде околу 190 волти ако не се лажам, но проблем е и тоа што никаде не е бележано кој контакт за што е, а и не можам да најдам соодветен manual за таа шасија, иако ја наоѓам под истиот код по интернет, сосема се различни компонентите. Се извинувам за долгиве реферати, само сакам да објаснам што поубаво, да не ми влечете зборови со клешта, а и полесно за сите е вака :)
Модел: Fuego FE-21CSM5A
Шасија: 60-L5498S20-01A
Екран: Philips A51EHW135X01
FBT: BSC 25-N0102
        58-65498-01Y1
        05-09-23A

Веројатно се овие напоните на FBT-to  ???



Благодарам однапред.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A
« Reply #1 on 14.08.2015, Friday, 08:36:30 »
Ако шишти трафото може да се две работи, или трафото да е пробиено внатре или да ги провериш големите блок кондензатори што се околу него знаат често да изгубат на вредност и да се појави нестабилност што звучи како шиштење.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A
« Reply #2 on 14.08.2015, Friday, 11:40:16 (Edited 14.08.2015, Friday, 11:44:00) »
Прво оваа а потоа другото!
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=13155.msg113883#msg113883
Quote
Класична постапка.
Исклучи го колекторот од ВН транзисторот да „виси„ и на местото на плусот од кондензаторот за В+ спрема минус (маса) приклучи светилка од 220V 100W и вклучи го ТВ-то со далечинскиот управувач и пиши што се случува.
В+ треба да е околу 110V

Шема
ST92195 (IC801), 24C08 (IC802), TB1238AN (IC201), STV8203A, TA8403 (IC301), TDA7056B (IC600), TDA7057AQ (IC601), POWER- 2SC4237 (Q501), 2SC2655 (Q502), 2SA608 (Q503)

Code: [Select]
http://www.eserviceinfo.com/downloadsm/43141/_.html
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A
« Reply #3 on 14.08.2015, Friday, 16:37:35 »
Значи цареви сте бре луѓе, се надевам ќе најдам начин да ви се раздолжам некој ден.
За да ги испочитувам оние што одговориле по ред, ги проверив прво блок кондензаторите, капацитетно отстапуваат максимум 5%, ЕСР метар немам нажалост (глупчо, а според моиве потреби требаше десет да ги направам досега), а немам ни други такви од 2.5кV да ги заменам, само од 2кV имам, ама не ми се експериментира баш :)
Тома, сијалицата не свети со испумпан колектор, а баш би сакал да знам што проверувам со неа, пробиено трафо или остатокот од мрежата, инаку буквално истите симптоми се јавуват и дури е испумпан колекторот, шиштење и краткотраен тон од звучници, изгледа како да се мачи FBT-то да се наполни.
На 110 варира помеѓу 77-81V, на +15 е 0, на -15 е -5
Како што напоменав, шемата е различна, ја имам симнато истата, но компонентите не се тие, ТДА-то се исти, но другиве се различни, пример POWER Q501 е 2SC5287, Q502 e 2SC2655(тој е точен), Q503 е 2SA808, VN Q902 e 2SD2499, е сега можно е и ја да не те разбрав добро на кој транзистор да го испумпам колекторот, на Q501 2SC5287 или на Q902 2SD2499 чиј колектор доаѓа на B+, јас го испумпав колекторот од Q902 па така мерев, веројатно тука се зафркнав, како што пишувам, се повеќе се уверувам дека погрешно сум те разбрал :)
Има и плус регулатор за вертикалата Toshiba TA8403K, ако воопшто тоа прави некаква разлика во дијагностикава, многу ми е незгодно за мерење на мрежава, никаков пристап немам и едвај се снаоѓам да ја извртам некако за да можам да измерам без да изгинам :) .
Гледам дека има тримерче или потенциометарче VR501 за регулација на B+, дали да се обидам на него да појачам волтажа или да не го пипкам ич?
Електролитиве не стигнав денес да ги купам, но утре со сигурност одам да ги земам.
Ви благодарам на одговорите уште еднаш.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A
« Reply #4 on 14.08.2015, Friday, 17:08:13 (Edited 14.08.2015, Friday, 20:20:23) »
Quote
Тома, сијалицата не свети со испумпан колектор, а баш би сакал да знам што проверувам со неа, пробиено трафо или остатокот од мрежата ...
остатокот од мрежата, примарната и секундарната страна (HOT/COLD)
Quote
јас го испумпав колекторот од Q902 па така мерев
Така треба
Quote
инаку буквално истите симптоми се јавуват и дури е испумпан колекторот, шиштење и краткотраен тон од звучници
Прво реши ја мрежата, тоа е поентата на светилката прикачена на B+ и маса (минус)
Quote
на +15 е 0, на -15 е -5
Каде ги измери овие напони, на кои мерни точки !!!

Понатаму пиши...
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Одг: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A
« Reply #5 on 14.08.2015, Friday, 22:24:50 »
Напоните ги мерев како што се прикажани погоре на сликата, на DC подрачје, масата ја земав од ладилникот од Q902 2SD2499, кој е сврзан на секундарната страна или на ладната сеедно.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A
« Reply #6 on 14.08.2015, Friday, 23:13:21 »
Кај оваа шасија не би требало да се користат овие напони од FBT ако вертикалното IC е TA8403 кое користи 28V, освен ако е некоја "посебна" изведба. Сигурен минус (маса) е тјунерот!
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Јас се извинувам што задоцнив со одговорот, проблемот е решен со замена на електролитите во коишто се сомневав уште од одма, како фино ме изненади оној 160-волтниот од В+, наместо 47mf, тој покажува 1.4nf :D
Волтажите си дојдоа на свое место, барем В+, другиве не ги ѕирнав.

Ви благодарам на сите за одговорите и потрошеното време, поздрав до сите.

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Одг: Проблем со ТВ Fuego FE-21CSM5A, шасија 60-L5498S20-01A
« Reply #8 on 22.08.2015, Saturday, 22:09:15 (Edited 22.08.2015, Saturday, 23:02:51) »
Quote
...го сменив главниот филтерски кондензатор бидејќи ми изгледаше малку надуен, иако покажуваше нормална вредност, и едно кондензаторче од 47mf160V (Треба 47µF 160V)  кое се наоѓа веднаш до FBT...
Кој кондензатор го замени првиот пат и на која позиција , а кој кондензатор го замени вториот пат и на која позиција!

На сликата се обелжани со 1, 2, 3 и 4 !!!

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Danielco

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 141
Прво го заменив тој под број еден, тој го имав при рака во моментот, беше тотално мртов, па се врати телевизорот од мртвите, почна да доаѓа звук на неколку секунди со шуштење на ФБТ-то, а после него тој со број 4, 47мф 160в , телевизорот проработе нормално, па на крај ги заменив сите поголеми чисто да си бидам сигурен, и нормално, имаше уште два што отстапуваа минимум 30%. А најинтересно е што воопшто немаше ниту еден надуен или истечен, никаква визуелна девијација, а сепак два тотално мртви, претпоставувам дека се работи за некоја голема варијација на напон со некои високи спајкови, затоа и така цркнале.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3185
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Електролитите, освен од пренапон, најмногу страдаат од температура, колку потопла им е околината каде што работат, толку побрзо пропаѓаат, ова особено важи за овие денешните масовно произведени електролити од кинеско потекло...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio