Направив неколку измени околу шемата, кажав погоре.. Промените кои ги направив се тоа што користам NE555N и тоа со работна фреквенција од 450kHz, поради тоа на местото од кондензаторот од 0,001uF (кој што е на оваа шема) го заменив со два паралелно поврзани кондензатори чија вредност излегува 1nF на едниот и 330pF. Ги поврзав сите елементи, и прашав еве за жицата што и како треба да биде. Од утре ќе ставам и жица па ќе го тестирам, со надеж дека ќе проработи бидејќи е едноставен осцилатор со NE555N.
Епа Атанас уште прееска прв сакав да ти пишам но се откажав ме мрзеше да објаснувам одма колегиве ме преварија што е нормално и очекував.Но после ова морав да напишам.Па ако си читал а викаше дека си читал би требало да знаеш дека со промена на елементите ќе дојде и до промена на осцилаторното коло тоест на осцилациите или промена на фреквенцијата.Сега знаеш од батка нормално нели на кои фреквенции треба да го бараш предавателот.Што вика Dx-er шемата се прави од А до Ш и ништо не модифицирајте со Киловолт.
Е за ова со суперхетеродините приемници немав слушнато, ама ќе се поправи ако додадеш/одземеш неколку десетици pF од вредноста на тајминг кондензаторот, иначе ако е поврзано како треба, мора да осцилира, ако осцилира, пример можеш да го замениш тој 330pF со 220pF, 100pF или сличен, пак ќе работи, а ако не работи- не ти е поврзано како треба или не ти се исправни компонентите...
Епа не си слушнал а требаше да знаеш дека постојат и приемници кои директно не вршат засилување на сигналот вф сигналот после влезното коло туку првин го префрлаат сигналот на меѓуфреквенција.Значи првин треба дебело да учите за приемници и предаватели како работат и шеми да учите од приемници и предаватели па после многу ќе ви биде полесно веруј.455 килохерци е меѓуфреквенцијата.И не ти е ова теслин трансформатор па да испитуваш колку поголема ќе биде искрата треба да го чуеш ова чудо.Така да не е воопшто добро да вршите некои модификации без врска.Убаво напишал батка првин се почнува со среднобрановиот опсег да знаете на кои фреквенциии е па значи таков приемник ви треба па после дури ќе правите предавател.И другпат такви измени не.
Не знам што толку се разлигави работата кога таа шема се прави за 15 минути од А до Ш и одма се путша да работи. Замисли да правеше вероника? Имаше 2 години да ја составува.
Малку се две години имаш таму локување ПЛЛ и други ствари излезен степен предзасилувачки осцилатор модулатор филтри меѓу степените напојување стабилно плус стерео кодерот и некои други ситници.
.Треба многу учење за до тоа не мењавање на вредности во осцилаторното коло или пак меѓуфреквенцијата да не се знае која е.Оваа шема многу е едноставна не одстапувајте од елементите.Но напојувај го од батерија тоест колку ќе ти биде стабилен предавателот на фреквенцијата прашање е треба да се умаси добро тоа е основно правило за озбилно работење. Ова само онака да пробаш да видиш дали ќе се чуеш не очекувај некој резултати сега.Со среќа во изработката дека од прва ќе ти проработи шемата потешко
И на крај ова околу микрофончето
Дали ќе работи ќе ве известам од утре па натаму. Бидејќи имам обрски околу училиштето се ближат смотрите, се ближи крај на учебна година, тестови има знаете ... Исто така и калај ми снема да го залемам микрофонот и жицата. Значи од утре натаму очекувајте резултати.
Споено мислење: [time]10 Мај 2015, 20:33:45[/time]
Ваков микрофон треба така?
Таков треба кондензаторски знаеш да одредиш кај е плус кај е минус на микрофонот многу е битно точно да го поврзеш.И не менувај ништо во шемата и кога ќе ја правиш пллочката минусот задебелиго треба поголема маса за да работи или ако веќе си направил мала маса исто така не е добро кај ВФ техника треба и плочката да е прописно дизајнирана.Велеше дека си го прочитал прирачникот од Божо Метзгер.Таму многу јасно пишува од корен за овие проблеми и како работат предавателите и приемниците и што треба општо да знаеш за нив.
.И на што да се внимава при изработка