Author Topic: Ми треба помош во врска со транзисторски засилувач  (Read 4578 times)

Offline ZekoZekic

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
Денес ги заменив сите изгорени делови од засилувачот со нови и го сменив тримерот, мерев мирна струја и пак интересно е што при мерењето на + гранка преку отпорникот од 100 оми приметив дека мирната струја постепено расте сама од себе, ја наместив на 30 ма па стигна до 40 и уште растеше, а и друго забележав, го мерев падот на напонот на отпорниците од 100оми и на  позитивната гранка беше 3 волти а на негативната 1,7 волт, што може да биде проблемот и дали да поврзам без отпорници и да тестирам на звучник или има опасност?

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Прво, земи саглам тример не се зезај со него, тој треба да да е во функција долго време.Тримерот треба да е линиски(претежно такви се). Мирната сртуја не се штелува за 20 секунди, него треба да ја следиш подолго време, т.е. треба засилувачот да загрее некое време, саат два па повторно да ја премериш мирната струја. Секако предходно треба да е ориентационо наштимана. Додека работи засилувачот не треба да е оптеретен до максимум, бидејќи како што загрева мирната струја се менува. За тоа време 100 омските отпорници треба да се кратко споени.
Може да имаш разлика во hfe на излезните транзистори.  Исто така провери ги грецот и кондензаторите. Мери напон ac и dc на излез, па после пуштај звучници, али стави еден отпорник од 100 оми на звучникот кога ќе пробуваш.

Offline ZekoZekic

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
Тримерот е нов денес го купив , и да линиски е, инаку напонот од исправувачкиот дел е во ред нема никаква разлика меѓу+ и -(+-42в), инаку на излез има 7миливолти дц со краткоспоен влез.Не разбрав како да се краткоспоени 100омските отпорници? 

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош во врска со транзисторски засилувач
« Reply #18 on 04.08.2014, Monday, 21:13:49 (Edited 04.08.2014, Monday, 21:21:41) »
Нели ја штелуваш мирната струја со помош на 100-омските отпорници. Да не ги прелемуваш на секое ќе ги премостиш со краток спој. Наместо да ги ваѓаш, додека е штелуваш струјата.. Инаку на крај одкако ќе завршиш нели нема да има потреба од нив... Затоа наједноставно(барем мене) ми е да ги залемам кај што се отпорниците, од задна страна, па така само ги ставам отсигурувачите и фактички отпорниците во тој случај немаат никаква улога, додека чекаш да достигне работна температура. Ако дава 7миливолти на излез би требало да е во ред, меѓутоа за секој случај стави за проба некој отпорник 40-100 оми, и пробај на кратко и на тивко, отпорникот брзо ќе загрее. Патем што транзистори имаш  на излез?
На еднот пол (+) нормално е да влече некој милиампер повеќе, нели претпојачалото кориски само + и маса...

Споено мислење: 04.08.2014, Monday, 21:21:41
е и да те замолам ако може, да следиш разлика во температура на транзисторите што се на +и-, кај мене се јавува голема разлика вбо температурите, не знам зошто.. :S

Offline ZekoZekic

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
Одг: Ми треба помош во врска со транзисторски засилувач
« Reply #19 on 04.08.2014, Monday, 21:28:48 (Edited 04.08.2014, Monday, 21:51:53) »
Аха, епа јас сега ке ги извадам тие отпорници и ке го врзам дирекно да пробам бидејки веќе еве по 20 мин ја местев мирната струја сега ја донесов до 30ма па ќе пробам со звучник.Инаку излезните ми се 2н3773 некои кинески, баш ке видам сега кај мене како загреваат со звучник па ке ти кажам.

Споено мислење: 04.08.2014, Monday, 21:51:53
Засега се е во ред, го врзав на звучник и свири без проблем само доста загреваат сите излезни транзистори, можи ладилникот е мал, и вентилатор ке му ставам обавезно за секој случај :)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
види загреани колку е мирнатаструја.. Или загреана е 30 ма? Ако е загреана 30 ма би требало да е мал ладилникот  ;)  Значи другото треба да е во ред. Мада мислам дека ако имаш вкупно 4 транзистори по излез мирната струја треба да е некои 50ма. т.е. по 30 ма од транзисто.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Аха, епа јас сега ке ги извадам тие отпорници и ке го врзам дирекно да пробам бидејки веќе еве по 20 мин ја местев мирната струја сега ја донесов до 30ма па ќе пробам со звучник.Инаку излезните ми се 2н3773 некои кинески, баш ке видам сега кај мене како загреваат со звучник па ке ти кажам.

Споено мислење: [time]04 Август 2014, 20:51:53[/time]
Засега се е во ред, го врзав на звучник и свири без проблем само доста загреваат сите излезни транзистори, можи ладилникот е мал, и вентилатор ке му ставам обавезно за секој случај :)
Сега нормално е малку да греат.А чекај дали транзисторите сите ви се со ист hfe или не.Мерен ви е коефициентот на струјното засилување нели. :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline ZekoZekic

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
hfe не му мерев на излезните, инаку мирната струја на загрејан до 50ма одеше

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
епа таман е, ваљда немаат многу различно хфе, затоа нели се ставаат отпорниците од 0,22 оми за да ги покријат разликите во хфе, а тоа што влече повеќе или помалце струја на - мислам дека е нормално ако не е некоја голема разлика и ако немаш на излез некои високи ац-дц напони значи дека може да го склопиш и користиш :) Toa што ти грее наштрафи му вентилаторче и ќе нема гајле.


Offline ZekoZekic

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
веке му монтирав вентилатор сега не се осеќа греење па ќе го терам на максимум некој саат да видам како ќе се покаже

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
ај па пиши како работи... Патем да не знае некој од што може да се јави разлика во греење помеѓу транзисторите на позитивната и на негативната гранка? Тестирано на ралични нивоа на снага и различна мирна струја-40-50-60ма, на допир одприлика иста беше разликата...

Offline ZekoZekic

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 59
  • Gender: Male
Тестирано 2 часа активно свирење и не се јавија проблеми за тоа време, ладилникор речиси да не се осеќа загреан.За звукот посебно ме изненади за квалитетот на басот што го вади,длабок и моќен, за сабвуфер е идеален засилувачот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Сепак врати ја мирната струја на 30-40 мА,за секој случај. 8) Ова е еден од оние евтини појачувачи,за кои не треба многу пари,а квалитетот е над очекувањата.Добра и проверена работа. ;)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Имат 4 излезни транзистори, али ќе ја корегира уште малце струјата. Да, звукот е над очекуваното.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Бројот на излезните транзистори не влијаат на големината на мирната струја.