Author Topic: Туторијал за самостојно премотување на прегорен звучник  (Read 2536 times)

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Туторијал за самостојно премотување на прегорен звучник
« Opened on 19.04.2014, Saturday, 17:48:56 (Edited 21.04.2014, Monday, 00:17:24) »
Почитувани колеги не наидов на тема на форумов каде може еден хоби електроничар да изврши самостојно репарирајње на својот прегорен звучник,одлепување,пресметка и лепење на истиот.Па би сакал на членовите на овој форум кој има искуство да сподели од своето знаење,некој ќе рече погледни на јутубе и се и јасно но не е баш така.не наидов на пресметки и некои мали финти кои се уште ги кријат искусните мајстори.

Ајде да почнеме со ред.

1.Што е потребно за одлепување на мембрната и спајдерот-центраторот од корпата,и калотата.

-Може да се одлепе во повеќето случаи со нанесување на нитро разредувач со мало четче.

-од страна на алатка за одлепување најчесто се користи мал скалпер,ноже и сл.

2.По која формула може да ја пресметате должината на книгата за да го добиете дијаметарот на калемот каде ќе се мота бакарната жица.

-се мери со шублер центарот на внатрешноста од магнетот и се множи со 3.14,ја добивате должината.

3.Каква хартија се користи за изработка на котурчето каде се мота жицата-(ако некој знае нека допише)

-при сечење на хартијата краевите се сечат под агол 45 степени.при составување на краевите составот да дојде со косина.(ако некој знае зошто нека допише.)

-колку треба да биде висината на калемот(ако некој знае нека допише)

4.Тело за изработка на калемот

-Се мере центарот на магнетот и најчесто се изработува од пластика (макара) или железно на дребонг,со ист дијаметар како центарот од магнетот.

5.Пред да започнете со намотување ** потребно е на телото да направите еден круг со лист од хартија и ја обложите со прозирно лепило.(зошто ова за калемот да има потребна оддалеченост од центарот,а лепило се користи за полесно да го извадите ново намотаниот калем од телото поради лизгавост)

-откако сме ја направиле оваја постапка/

Потребно ДОПОЛНЕТЕ/

-Формула за број на намотки на калемот
-како да пресметате колку дебела жица да користиме
-со што се премачкува првиот ред на намотана жица,а потоа и вториот.
-со што се лепи калемот за спајдерот,а со што мембраната за корпата.

ДОПОЛНЕТЕ СО ВАШЕТО ЗНАЕЊЕ.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Туторијал за самостојно премотување на прегорен звучник
« Reply #1 on 19.04.2014, Saturday, 22:59:57 (Edited 19.04.2014, Saturday, 23:04:08) »
Лукс,ова е малку пообемна тема за објаснување.Секој  мајстор  си  има  свој начин на работа и техника и ретко кој сака да го стави тоа на Форум. Идеата може  ти е добра,ама да видиш ако ставам било што од моето искуство ,веднаш ке се најде соодветен мајстор да ме побива! Но,за да биде сепак нешто новина  на Форумов,освен нашите препукувања,сепак ке пишам нешто и јас.
-За одлепувањето се сложувам - најбрзо и најлесно е со нитро разредувач,но со сите заштитни  мерки .Ако е амортизерот од гума во ред,ама внимавајте - ако е од оној пресован сунгер,е тој знае да се збрчка и да не можете да го употребите повеќе.
- Има друг штос,ама треба да си многу прецизен и внимателен: се отвора калотата,потоа внимателно се  разлемува калемот од двете нитни на мембраната ,на кои се врзани доводните жици за сигналот  до самото тело на звучникот.Значи се одголуваат нитните се проверува тука дали има омска вредност во калемот или во прекин се водовите дотука! Често се случува и калемот да е во ред,а да има прекин во доводните жици.
Со разредувач се одвојува внимателно калемот од спајдерот ( со разредувач и четка!),а исто и од самата мембрана. Значи да не разлепувате се ,ами извадете го само калемот.Ако е телото здраво,да не е горено,гужвано,полесно се премотува со соодветна дебелина на жицата.
- Калемот јас го премачкувам  на почетокот прво со тенок слој неостик ( со четкичка) и започнувам со мотање,ако е на рака.Добро е да пресметате колку  оми се соодветни на одредена дебелина лак жица,изразено во должински метри  и тоа да си го запишете некаде.
- Пресечете  одредена количина лак жица и внимателно мотајте ја.Секој слој јас го шприцам со лак во спреј.
-Порано имав моталка и си правев шпулни со лак жица за определени модели на звучници кои ги користев,па си имав однапред подготвени калеми.На почетокот на калемот секогаш оставам барем 2-2,5 см празен дел кој го појачувам со налепување на хартија во вид на трака кружно со калемот,Тоа е делот кој се лепи на мембраната и на спајдерот.Многу е битна висината,односно должината на калемот ,која треба да соодветствува на оригиналот.Исто гледајте и во колку слоја е намотан калемот ( обично два).Ова на рака,без моталка тешко се постигнува.
- Ако правите моталка,направете си повеќе тела од дрво,со разни дијаметри и гледајте да може лесно да се менуваат.Калемите се прават од хартија ( потенка,во два три слоја) појачана со лепак за хартија или дрвофикс.
- Калемот треба да се центрира внимателно пред да се залепи- да не струга или заглавува во процепот на магнетот,да оди слободно и да не гребе.Потоа се става лепак и пак внимателно се проба за да не се залепи  накриво. Сето ова се работи со прсти ,полека и внимателно.
- Сега е полесно,особено ако имате марка или поскапи звучници.Може да се најде кит за репарирање со кој добивате се ,дури и соодветен лепак.Е,сега скапо е ама тоа е еден од условите да добиете прифатливи резултати.
-Сега некој ке рече- не е тоа-тоа,се менуваат Q- фактори.Да,но посиплатливо е да се зафатиме со работа и да научиме барем занает,отколку така да го фрлиме звучникот.

Толку за почеток.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Јас не сум мајстор за премотување калеми или репарација на звучници со мембрана. Знам само високотонци да репарирам и центрирам.

Сепак ке кажам, во повекето појаки звучници ке начекате алуминиумска цефка на која се мота калемот. Тоа со хартија е на звучници со многу мала моќност. Можно е да налетате и на каптонска цефка, која ке може повторно да се искористи за мотање, бидејки е права реткост.

Quote
Сега некој ке рече- не е тоа-тоа,се менуваат Q- фактори.Да,но посиплатливо е да се зафатиме со работа и да научиме барем занает,отколку така да го фрлиме звучникот.

Секако нема да остане исто, но поубаво да свири некако отколку ич, така?

Споено мислење: 20.04.2014, Sunday, 00:12:59
Quote
Со разредувач се одвојува внимателно калемот од спајдерот ( со разредувач и четка!),а исто и од самата мембрана. Значи да не разлепувате се ,ами извадете го само калемот.Ако е телото здраво,да не е горено,гужвано,полесно се премотува со соодветна дебелина на жицата.

Проблемот е што калемот е секогаш подебел од местото за лепење на мембраната. Пробано ми е неколку пати само калемот да го извадам, и нема шанси....

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не битно од што е направен калемот,туку колкав е зазорот во кој влегува калемот.Некои тела имаат канал 2-3-4 милиметри,па е поедноставно да направиш двослоен калем и  да го центрираш.Колку е поквалитетен (поскап) звучникот толку и калемот е подобар. Најквалитетните  звучници немаат алуминиумски калем,ами тоа е фибер-карбон ,а во последно време и пластифициран картон.Многу е позначајно со каква жица е мотан калемот.Профи звучниците се почесто се мотани со правоаголна ( во пресек) алуминиумска жица,која многу подобро лежи при мотањето и добро се * пакува*.Исто така таа и подобро се лади.За вентилирање и ладењен а калемот се користат повеќе методи,а најчесто со додавање отвори на самото тело ,како и оставање на канал кон задниот дел на магнетот за поголема циркулација на воздух.Сепак,една дефиниција стои - нема звучник кој не може да изгори! ;D ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Да да, тие пластифицирани се КАПТОНски мембрани, ептен висока точка на топење имаат а не спроведуваат електричество и не се прони на eddy струја. Само тоа се ептен скапи звучници.

Картонските се најмалку издржливи во вати, па алуминиумските па каптонските. Ова има голема врска, секако и системот за ладење на калемот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа што не знаеш да го извадиш калемот е друг проблем( може би од страв да не го згмечиш).Ако се работи внимателно и полека се одлепува без проблем.Прво одлепи го спајдерот со добро наквасена четка и разредувач.Нека накисне  спајдерот и полека со прсти буткај го надоле да се ослободи.Потоа горе натопи го делот на калемот кој е залепен со мембраната и ке видиш како ке излезе.Ако треба некогаш повеќе ке почекаш и два -три пати со четка ке нанесеш разредувач.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Доколку сакате да се задржат истите ТС карактеристики на звучникот, мора да се направи тотално истиот калем, од истиот матерјал да е телото, жицата да е иста дебелина, да се мота во еднаков број на слоеви и со иста висина.

Доколку еден од овие параметри се смени, многу е веројатно дека ке се влошат параметрите.

ЈАс пробував тоа со калемот на ПВЦ мембрана, но немаше шанси да излезе калемот, а не ми беше ич жал :D Како и да е, репарацијата на драјвери го оставам на некои многу поискусни во ова поле од мене.

Споено мислење: 20.04.2014, Sunday, 00:30:42
И не го квасете цел спајдер, ептен се размекнува па повторно се менуваат параметрите :D Јас со омекшивач пробував да омекнам спајдер за да подобрам Fs i Qts на звучник, и навистина работи. Можа треба да пробам со разредувач.....

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Благодарам што темата е прифатлива.

-ЦЕНТРИРАЊЕ

-За центрирање на калемот да не запина во магнетот може да се искористи обичен лист од хартија,значи се става калемот ако претходно е залепен спајдерот и мембраната на калемот,па и ако и оние не се одлепени од корпата, како начинот што го објасна батка дека може да се изваде само калемот,се нанесува лепак  јас користам неостик (може е слабо но на 15-ка бас досега издржува) на корпата под спајдерот и под амортизерот горе на корпата, се става калемот во магнетот од внатрешната страна се ставаат неколку ливчина од хартијата се притиска надолу со рака да подзалепи и се остава да се исуши лепакот, се вадат (извлекуваат нагоре) ливчината,и на крај имате убаво нацентриран калем и звучник, (ако уредно е нмотан калемот) т.е. при притискајње со прст надолу,калемот не запина никаде.

Споено мислење: [time]20 Април 2014, 08:27:16[/time]
3.КАКВА ХАРТИЈА СЕ КОРИСТИ ЗА ПРАВЕЊЕ НА КОТУРЧЕТО КАДЕ СЕ НАМОТУВА ЖИЦАТА

-За 15-ка бас слободно може да се користи "лименка"  (лимот од лименката од некој пијалок)

Ке си купите некој пијалок за да се освежете додека работите и лименката ја сечете, правите едно правоаголно парче,(доволно големо за после да направите круг за калемот),со жилет го стругате лимот додека испадне рекламата и бојата од лимот, и ќе добијате тенок алуминиумски плех без боја.со ова добивате квалитетна подлога за мотање на жицата.-Една од тајните како што рече батка на големите мајстори за репарирајње на звучници.


-За помали звучници може да се користи како што нагласи Батка тенка хартија во повеќе слоја да ја постигне потребната цврстина



Споено мислење: [time]20 Април 2014, 08:47:59[/time]
-СО ШТО СЕ ПРЕМАЧКУВА ПРВИОТ А СО ШТО ВТОРИОТ РЕД ОД ЖИЦАТА

-пред да почнете да мотате жица,нанесете неостик лепило (одговор од Батка)
-кога ќе намотате и втор ред жица прскате лак во спреј (би го замолил Батка да ни каже за каков лак спреј станува збор)-некаков афто лак или...(вака метода и јас користам,ама во двата случаи користам лепило за пред и по намотувањето на калемот)
-

-може да користите и нанесете и дво компонентно лепило пред да почнете да го мотате вториот ред чекате да се исуши и продолжувате со мотање на вториот ред и повторно нанесувате лепило,откако ќе се исуши се шмиргла (шлајфа) со нај фина незнам како да го наречам (шмиргла,распа,сосијат).За побрзо сушење може калемот да се стави во рерна (ВНИМАВАЈТЕ ЛЕПИЛОТО Е КАНЦЕРОГЕНО)
-Уште една тајна на големите мајстори.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕТЕ МОТАЛИЦА

Споено мислење: 20.04.2014, Sunday, 09:50:56
-Ве молам ни остана уште пресметките за калемот т.е. колку намотки за колку ома и колкава дебела жица да користиме доколку некој знае може да ги сподели со нас.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Quote
За 15-ка бас слободно може да се користи "лименка"  (лимот од лименката од некој пијалок)

За ова свака ти част :D. Би можело и за 8мици да се користи.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Да и за 8-ца доколку има простор и зависи колкава дебелина користиш на жица

Споено мислење: 20.04.2014, Sunday, 11:56:02
кога ќе бидеме при крај на темава бидејќи ни останаа пресметките ќе ја објавам тајната на "големите мајстори"како и скоро приближно исто да го постигните квалитетот на звук со фабричкиот т.е. истиот онај звук пред звучникот да рикне ::).
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 ;D ;D  Лименка? Сите 15-ки немаат ист дијаметар.Некои за 1-2 мм се разликуваат.За мотање користам тела од јаворово дрво.
-Јас користам лак кој го разредувам со соодветен разредувач и го распрснувам со соосветен прибор ( моделарска прскалка).Јас користам лак за мотори,за кој има соодветен разредувач (распрашајте се во продавниците за бои и лакови).
-Центрирањето има две точки: горна и долна - горна кога мембраната е во нормална висина,а долна кога мембраната е максимално притисната.Некои мајстори вршат центрирање во долната точка - ставаат прстен од метал со конусен врв и ја притискаат мембраната надолу па го ставаат калемот и го лепат калемот.Должината на калемот е работа проба.Некогаш може да се скрати калемот,за сметка на намотување втор слој ( ако има место) и со тоа да добиете интересен момент: кој има можност нека проба и ке види промени - пред се брзината ,ефикасноста ,а потоа се поместува и фреквентното подрачје.Значи,кај некои 15-ки се зголемува подрачјето на средните тонови.Ова го пишувам бидејќи сум пробал и мерел,не мора да значи дека секој мора тоа да го направи.
- Можно е да се замени или додаде ( со лепење) магнет на веќе постоечкиот.И овде има интересни ефекти,за проба.
- Пресметки? Најбитно е да мерите со кој дијаметар на лак жица е мотан предходниот калем.Во табели може да се најде специфичниот отпор на одредена дебелина на жица,односно колку оми има 1 метар одредена дебелина на жица.Може да изгубите малку време и директно,со мерење да пронајдете колку метри жица со одреден пресек ке ви треба за 4 или 8 омски калем.
-Мотајте го калемот одозгора кон крајот и вратете се назад.Не препорачувам никакво стругање,гланцање,Шприцнете лак врз калемот ( или лепак!) и мотајте.На крај на слојот внимавајте на * вртењето*,тоа е важно.Јас го мотам калемот * во еден здив ,без застој.
-На крај калемот го шприцам сосема *лесно* со лак и не го ставам во рерна или не го печам( па не е ротор или статор! ;D)
Додека сосема не е сув не го вадам калемот од калапот.Убаво е ,ако некој е мајстор да го направи калапот од два- три дела,кои би имале можност за ширење и * собирање*.Тоа го имам само видено,ама немам мајстор тоа и да го направи ( не сум ни барал 8))
- Тотално ист калем не може да се направи!! Тоа немојте ни да пробате,особено ако е оригиналот мотан со квадратна алуминиумска жица.Ако имате скап звучник,подобро купете си кит или само шпулна.Ги има ,се наоѓаат на интернет,а во последно време и во нашиве дуќани.
- Да укажам и на друг проблем : најлесен проблем е ако калемот е во прекин на една од доводните жици- одлепете ја калотата и проверете ги доводните жици.Ако го извадите калемот и визуелно видите дека едниот крај е во прекин,пробајте да одмотате една намотка и да го средите така. Друг проблем е ако е калемот стопен и телото на калемот изгорено ( од пламен),или е калемот поради транзиент просто * згмечен*,заедно со жицата ,која може и да е само издрсната.Не препорачувам во последниве два случаи да интервенирате со лепење или дотерување ( замена на горените делови со нови),туку менувајте го целиот калем.
-Во секој случај,мора да пробате и да расипете неколку звучници (или калеми) за да научите како се прави тоа. 8)
- За карактеристиките?? Нека не ви представува тоа проблем,гледајте да не гребе калемот,да е цврст,добро фиксиран.Кога ке го склопите звучникот оставете го да одстои малку,да се залепи лепакот,повремено притискајте го лесно за да проверите каков од има. Потоа пронајдете го + и - полот ( пишувано е како! 8)) и приклучете го звучникот да работи на мала јачина на појачувачот.Така најлесно се уочуваат грешки ,ако ги има.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Еве таблица за отпор на жица по метар доста потребна, и за одредување на дебелина на жицата користете дигитален шублер,со друго е малку потешко да измерите каква жица користите.



Споено мислење: 21.04.2014, Monday, 09:56:20
еве пресметки за број на намотки
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Quote
Должината на калемот е работа проба.Некогаш може да се скрати калемот,за сметка на намотување втор слој ( ако има место) и со тоа да добиете интересен момент: кој има можност нека проба и ке види промени - пред се брзината ,ефикасноста ,а потоа се поместува и фреквентното подрачје.Значи,кај некои 15-ки се зголемува подрачјето на средните тонови.Ова го пишувам бидејќи сум пробал и мерел,не мора да значи дека секој мора тоа да го направи.

Ова е добро доколку не сте задоволни од постоечкиот драјвер, но доколку истиот бас звучник има прецизно изработена кутија според ТС параметрите тоа представува веке проблем.

Препорачувам, оние кои ке се нафатат да ја работат оваа работа, првин да прочитаат повеке за моторниот систем на драјверите од книгата "Loudspeaker Design Cookbook by Vance Dickason". Многу убаво напишана книга, со многу примери и мерења за да убаво читателот го спореди и види ефектот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Јас препорачувам секој кој има намера да започне да премота звучник ,да растури и практично да види како се разлепува и како изгледа прегорен звучник! Нека слика,опише или сними ,па да дискутираме.За топењето на спајдерот не се плашете- нитро  разредувачот толку бргу испарува ,па неможе ни да го стопи ,ни да го поремети уштирканото платно.Реков дека при одлепувањето на мембраната особено се проблематични оние сунгерести  амортизери,кои од сонцето се упропасстуваат до ронење,анитрото  просто ги * јаде* и збрчкува,па тука настануваат  проблеми.Некои тоа го решаваат со гумени  амортизери,но не секогаш се добра замена.Во секој случај,како што реков,не очекувајте со премотувањето да добиете 100% идентичен звук од басот.некои мајстори дури вршат и подигање на мембраните,зголемувајќи го калемот и должината на неговиот од,па мотаат нешто подебела жица итн.Значи ,ако сте за експерименти,ова е добро поле за тоа.И немојте да се плашите- ако калемот дава соодветна отпорност,има од,не гребе,врзете го на појачувач ипробајте.За поскапите модели  звучни единици ,препорачувам кит за репарирање или оригинални шпулни.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Еден начин кој го имам видено како еден "мајстор" ја одредува висината на калемот па после го залепе.

-спајдерот и мембраната му беа не одлепени,при ставањето на нов калем,направи вака: го стави во магнетот калемот и го поврза без да го залепи на мало радио со 5-6W при тивка музика каде што даваше нај јак звук со придвижување на калемот горе долу тој тука го остави му стави за центар хртија и му стави лепило и остави да исуши,чудно но кога го проба звучникот откако се исуши имаше доста пријатен и гласен звук.

Да се надоврзам на батка пробајте растурете за почеток некој мал звучник кажавме со што и како, (можеби на помалите звучници малку потешко можете да се снајдете) но не е ништо страшно,тука сме да помогнеме.
Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.