Author Topic: Транзисторски засилувач 300W  (Read 3836 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3185
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Транзисторски засилувач 300W
« Opened on 20.03.2014, Thursday, 15:08:35 (Edited 20.03.2014, Thursday, 15:11:06) »
Го најдов овој засилувач низ шемите кои некогаш сум ги симнал, ми изгледа пристојно па решив да го ставам на форум. Потребните фајлови се дадени подоле, освен шемата за напојувањето, кое е обично нестабилизирано - трафо околу 2х50V барем 500W по канал, грец и што повеќе електролити.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Транзисторски засилувач 300W
« Reply #1 on 20.03.2014, Thursday, 18:50:21 (Edited 20.03.2014, Thursday, 18:53:33) »
Многу убаво имаше и нешто вакво во емитер еден стар само тоа беше 250 вати.Сега се што објавуваат објавуваат во Д класа таа е дигитална класа.Сепак и ова е интересно но само тоа напојувачкиот степен треба да има доста електролити.Колку ли пари ќе ти треба само за електролитите,па каде се јадрата и транзисторите и другите ствари.Сепак се што е убаво и јако  е скапо.Има исто така доста ретки транзистори шемава тие се од моторола но може да се најде замена некоја сигурно.Но стварно е добра шемава ;) :D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па обично најскап дел на појачувачот е напојувањето.Кај вакви појачувачи ,напојувањето е 1:5 во однос -друг материјал : материјал за напојувањето ( однос на цените).Секогаш напојувањето треба да е малку * предимензионирано* во однос на јачината на самото појачало.Во случајот за 300W треба напојувањето да дава 500W за да имаш квалитет ,јачина и пред се сигурност во секоја прилика.Затоа ова не се појачувачи * до 100 ЕУ*,ами многу повеќе.За големи јачини и профи работа затоа не се  бара аматерски правено појачало ( со респект за некои градители! ;D)

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
А зашто наместо класични напојувања со 10 кила трафо(за во случајов) и еден куп електролити, не пробате со помош на SMPS, деловите се релативно лесни за наоѓање, под кале собери две три напојувања и ќе можеш да составиш едно доста моќно напојување. Да кажеме некој си 600 вати со два излезни напони од по 40 волти. Таа технологија се развива сега, се е насочено кон SMPS изумираат класилните трансформатори, а ако сакаш да напредуваш во електрониката треба да ги пратиш новите трендови :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Види,за некои работи класичното трафо е се уште незаменливо.Има ли SMPS резервна снага? 8)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Транзисторски засилувач 300W
« Reply #5 on 20.03.2014, Thursday, 20:06:07 (Edited 20.03.2014, Thursday, 20:29:16) »
Quote
А зашто наместо класични напојувања со 10 кила трафо(за во случајов) и еден куп електролити, не пробате со помош на SMPS

SMPS ако не е добро дизајнирано ке внесува одреден брум во засилувачот а со тоа ке го расипува и звукот, сепак за hi-fi или пак студиска опрема, класичните трансформатори се незаменливи. за озвучување да може, бидејки е полесно за транспорт а и онака квалитетот не е многу битен.  :D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Квалитетот не е битен? Па има снагаши со изобличувања од 0,2% на 300W! И квалитетни фирми направија некои серии со SMPS,ама се вратија на класика многу бргу.Долга и широка е темата,а основно е што премотување на трафо е пр.30 ЕУ ,а ако *рикне* SMPS треба да се менува цела плоча која чини многу поскапо и што е многу битно кога работиш на терен треба да имаш и резерва.Друго,SMPS е многу поосетлив на промени на режимот и за поголеми струи ризикот на прегорување е поголем отколку кај оние напојувања со трафо.Со добри заштити трафото е закон,од искуство.Имам кај мене две појачала по 200W со прегорени SMPS кои газдите сакаат да ги преправам на *класика*.Се изгореле веќе по два-три пати со  поправки на SMPS кај некои други мајстори.

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: Транзисторски засилувач 300W
« Reply #7 on 20.03.2014, Thursday, 20:25:52 (Edited 20.03.2014, Thursday, 20:27:57) »
Нема резервна моќност ама можеш да го дизајнираш да биде помоќно одколку што е потребно, единствено што се малку погломазни и не се како класичните трансформатори, за брумот, немора да значи дека ќе го има, ако добро се издизајнира, во право си кога викаш дека во некои уреди не треба да има брум скоро ич, таму нема да се примени, се додека не се доусовршат и нема да имаат никаков брум. Сепак се гледа дека технологијата се повеќе се стреми кон овие типови на напојувања и вреди да се проучи оваа тематика малку повеќе, тоа е мое мислење :)

EDIT: Плус и овие SMPS се премотуваат, има пресметки и за нив и има начин на премотување.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
батка е ај озвучи стадион со 300вати..  ;) инаку да технологијата оди кон SPMS напојувањата бидејки се поефтини, а и во повекето уреди каде што се користат, како компјутери, телевизори, радија итн. не е многу битно дали ке има брум или ке нема, побитно е да биде компактно и транспортно.  ;D класичните трафа се избегнуваат поради големата цена.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
можеби се избегнуваат како што велиш поради цената, но напојувањата со класичен трансформатор се постабилни  8)
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
батка е ај озвучи стадион со 300вати..  ;) инаку да технологијата оди кон SPMS напојувањата бидејки се поефтини, а и во повекето уреди каде што се користат, како компјутери, телевизори, радија итн. не е многу битно дали ке има брум или ке нема, побитно е да биде компактно и транспортно.  ;D класичните трафа се избегнуваат поради големата цена.

Имаш скроз погрешен став кон проблемот.Никој не побара од мене стадион да озвучам,извини,а не ни со 300W.Скроз е погрешно : во повекето уреди каде што се користат, како компјутери, телевизори, радија итн. не е многу битно дали ке има брум или ке нема, побитно е да биде компактно и транспортно - кај тоа си го слушнал или прочитал??Ти ќе купиш таков уред кој има брум???? Не знам дали има некој кој размислува како тебе!? Мислам дека нема на овој Форум. :D :D Или: инаку да технологијата оди кон SPMS напојувањата бидејки се поефтини...Да,за некои работи,како за по дома. 8) Професионалната техника не бара евтини,ами сигурни решенија.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Quote
кај тоа си го слушнал или прочитал??Ти ќе купиш таков уред кој има брум? Не знам дали има некој кој размислува како тебе!? Мислам дека нема на овој Форум.

а речиси сите користат дома тв со SMPS, напојување со smps, DVD, итн.. и сега мислиш дека кај овие уреди нема брум од свичинг-от??

Quote
Да,за некои работи,како за по дома.  Професионалната техника не бара евтини,ами сигурни решенија.

ај врати се 2-3 поста и види што напишав.... и јас се согласувам дека за хи-фи и студиска опрема класичните трансформатори се незаменливи.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Убава шема само не ме бендисува што е квази комплементарно ама може да се преправи  со тоа што  оваа долнава гранка на излезни   транзистори  ќе се смени  со комплементарни транзистори на горните и ќе се ротираат отпорниците према излезот . другото е се во ред има штелување на офсет на влез  а и  на мирна струја овај бц 546 може да се смени со друг побрз и во друго куќиште за подобра термичка спрега со  излезните,  другите транзистори се  одлични  драјверите се супер ,како и влезниот пар .

За СМПС немам коментар  освем дека не се за квалитетно аудио  , и тука завршува муабетот за мене по однос на тоа прашање .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Транзисторски засилувач 300W
« Reply #13 on 20.03.2014, Thursday, 23:15:16 (Edited 20.03.2014, Thursday, 23:20:57) »
Не знам што ти подразбираш под брум. 8) Фреквенцијата на која работат или класичниот * брум*? Тоа се два различни појмови.Бидејќи во домашни услови се користат  се повеќе класа *D* појачувачи тоа со фреквенцијата би поминало,ама класичен брум нема,па ни во обичните компјутерски 2.1 звучници.Друго : сепак за hi-fi или пак студиска опрема, класичните трансформатори се незаменливи. за озвучување да може, бидејки е полесно за транспорт а и онака квалитетот не е многу битен. Ова ти го напиша.Но напиша и : Таа технологија се развива сега, се е насочено кон SMPS изумираат класилните трансформатори, а ако сакаш да напредуваш во електрониката треба да ги пратиш новите трендови.Јас ке кажам дека сепак тороидот ,електролитите и грецот се незаменливи .Заборави на *правењето и пресметките на  SMPS*,овде зборувам за профи техника ,а она *Плус и овие SMPS се премотуваат, има пресметки и за нив и има начин на премотување* не стои ,особено не за снагаши од 1кW.Сигурно не си видел,ама да ти кажам кога прегоруваат таму SMPS,тие горат тотално,јаглен стануваат,џгура... Поправање ,аврио.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Во СМПС нема шанси брум да чуеш, но ке имаш големи ЕМИ и посилен шум. Кај полошо филтрираните СМПС најчесто се слуша работната фреквенција на свичинг, па е малку непријатно. Сите посилни појачала за разгласи се со СМПС, лесно е, многу ефикасно, има јако контролиран излез (не мрда ни волт). Е сеа стварно прави сметњи во мрежата.