Ова што го прикажуваш е веројатно компресионен драјвер со хорна. Обични високотонци имаат само еден грб на импеданцата. Ок, не е проблем реков ако се избегне тој грб и онака многу погоре ке се сече на стандарден високотонец,
За бас звучник на пример, каде што многу повеке се издигнува импеданцата со растење на фреквенцијата, обавезно препорачувам зобел. И сеа да не биде само теорија,
На графиков на пример, доколку резната фреквенција е околу 200Хз нема да има никаков проблем. Но доколку е кај 2кХз тогаш нависина имаме проблем. Тогаш филтерот не би функционирал според предвиденото. Нели е така?
Не го зборам ова само јас, Елиот на својата страница многу убаво со многу графикони го има прикажано истиот проблем.
Споено мислење: [time]04 Мај 2014, 17:12:46[/time]
Еве еден ПА 15ка звучник.
Со онаа хорна која Марјан ја прикажа, се делат на 900Хз и нема потреба од зобел, нема големи одстапувања на импеданцата во таа региа, но ова е ПА.
Хифи звучниците, а особено овој звучник кој го користи Отпор нема да се дели толку ниско и нема толку рамна импеданца до таа фреквенција.
Отпор, почни си со зобел мрежа на бас звучникот, нема да згрешиш. Има онлајн калкулатори за истата. Simsonik CWD620B Le=0.75mH и Re=7ohm