Author Topic: Туторијал за ТЛ-ки  (Read 4385 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #45 on 03.05.2014, Saturday, 18:13:48 »
Многу од ентузијастите започнуваат директно со правење на свртница според тоа колку омски се звучниците. Тука лежи првата грешка, бидејки во зависност од фреквенцијата, така и се менува импедансата на звучниците, а особено на басевите.

Да речеме ако сме имале 8 омски звучник, измерено со унимер може ке ни покаже 7оми. Но тоа всушност е најниската импеданса, односно чист отпор на звучникот. Но на резната фреквенција многу малку веројатно е дека ке биде таа импеданса. Затоа мора да се измери целиот спектар на фреквенции, и да се направи една графа на зависност импеданса -фреквенција.

Или поедноставно ако имате параметри за звучникот, може истото директно да се компензира со ЗОБЕЛ МРЕЖА која е многу важна за од прва да ја погодите резната фреквенција.

Следно е дали импедансата е константна на високотонецот? НЕ, многу веројатно е дека токму на онаа фреквенција која сечете, е всушност и самата резонантна фреквенција на високотонецот. И наместо 8 оми, на тоа место е 16-20оми. И одма утка во свртницата.

Секако овие работи искусните многу добро ги знаат и секогаш првин се ориентираат на нивно решавање а потоа на дизајнирање на свртница со новите импеданси. Ова е цела наука, и без мерна опрема многу тешко веројатно е да се погоди.

Како изгледа импедансата на бас звучникот во зависност од фреквенција пред, и по компензација со зобелова мрежа.



Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #46 on 04.05.2014, Sunday, 01:28:55 »
Со унимер се мери отпорот на намотката. Тоа не е имеданса. Тоа е отпор.
Извади ја намотката од магнетот и отпорот кје биде друг.
Отпорот е пасивен фактор, имедансата е реактивен фактор и како што кажа е различен за различна фреквенција. Но се менува и пораст на силата со која го терас звучникот.
8 ома или 4 ома е номинална импеданса. Таа е некој си просек и таа ќе се смени и во зависност од кутијата во која ќе ја ставиш.
Така да номиналната импеданса ја зимаш при калкулации на свртница, а не отпорот на намотката. Тие две работи немаат врска една со друга.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #47 on 04.05.2014, Sunday, 10:59:01 »
Мерењето на импедансата не е баш просто, само со унимер. Мерењето на импедансата и цртањето на кривата се прави на ист начин како што се мерат и ТС параметрите на звучникот.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #48 on 04.05.2014, Sunday, 11:44:28 (Edited 04.05.2014, Sunday, 11:48:45) »
Прилично е просто. Ти треба тон генератор и два отпорника.
И тоа пак нема врска со скретниците. Има со тоа да можеш точно да лоцираш каде ти е тјуниран рефлексот.
Со друг рефлек имедансата ќе се смени таму каде што е наместена резонантната фреквенција на кутијата.


Споено мислење: 04.05.2014, Sunday, 11:48:45
Ова исто се однесува и за високотонци и хорни. Друга хорна друга импеданса. Пикот на импеданса на високотонците е секогаш под препорачната најниска долна фреквенција и нема да влијае на скретницата ама никако.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #49 on 04.05.2014, Sunday, 13:03:40 (Edited 04.05.2014, Sunday, 13:17:20) »
Е како нема врска? Сакаш да кажеш дека е исто ако импедансата на резната фр ти е 7оми и 20 оми?

Во бас рефлекс кутија се покажуваат 2 пика, еден Fc(новата резонантна фреквенција на драјверот во кутијата) и Fb(резонатната фреквенција на Хелмхолц резонаторот-цефката)

Споено мислење: [time]04 Мај 2014, 12:14:37[/time]
Code: [Select]
https://www.trueaudio.com/st_zobel.htm Еве една страница со просто објаснет проблем и решение со пример.

Споено мислење: 04.05.2014, Sunday, 13:17:20
Code: [Select]
http://sound.westhost.com/lr-passive.htm
Еве и нешто повеке на страната на Елиот, ептен убаво е објаснето, препорачувам сите кои прават сопствени свртници убаво да ја прочитаат.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #50 on 04.05.2014, Sunday, 15:01:49 (Edited 04.05.2014, Sunday, 15:24:10) »
Милошевиќ ,се слагам со тебе скоро во се,ама да не испадне дека со тоа само контра му одам на Слидер МК,ке му кажам само дека со ова реченица на Марјан се е речено:*Пикот на импеданса на високотонците е секогаш под препорачната најниска долна фреквенција и нема да влијае на скретницата ама никако.*Точно е и дека мерењето на импедансане не е *баук*,ниту не знам каква постапка,сосема едноставно мерење.Не знам зошто  СлидерМЦ правиш сензации ,кога нема потреба.Мислам дека премногу теоретизираш .

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #51 on 04.05.2014, Sunday, 16:41:47 »
Еве ти една импеданса на високотонец. Препорачана резна фреквенција 900Хз. И каде е сега пикот тука?
На 550хз? И како то влијае на режењето во свртницата?


Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #52 on 04.05.2014, Sunday, 17:48:11 (Edited 06.05.2014, Tuesday, 17:37:15) »
Ова што го прикажуваш е веројатно компресионен драјвер со хорна. Обични високотонци имаат само еден грб на импеданцата. Ок, не е проблем реков ако се избегне тој грб и онака многу погоре ке се сече на стандарден високотонец,

За бас звучник на пример, каде што многу повеке се издигнува импеданцата со растење на фреквенцијата, обавезно препорачувам зобел. И сеа да не биде само теорија,



На графиков на пример, доколку резната фреквенција е околу 200Хз нема да има никаков проблем. Но доколку е кај 2кХз тогаш нависина имаме проблем. Тогаш филтерот не би функционирал според предвиденото. Нели е така?

Не го зборам ова само јас, Елиот на својата страница многу убаво со многу графикони го има прикажано истиот проблем.

Споено мислење: [time]04 Мај 2014, 17:12:46[/time]
Еве еден ПА 15ка звучник.



Со онаа хорна која Марјан ја прикажа, се делат на 900Хз и нема потреба од зобел, нема големи одстапувања на импеданцата во таа региа, но ова е ПА.

Хифи звучниците, а особено овој звучник кој го користи Отпор нема да се дели толку ниско и нема толку рамна импеданца до таа фреквенција.

Отпор, почни си со зобел мрежа на бас звучникот, нема да згрешиш. Има онлајн калкулатори за истата. Simsonik CWD620B Le=0.75mH и Re=7ohm

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #53 on 04.05.2014, Sunday, 20:17:17 (Edited 04.05.2014, Sunday, 21:26:00) »
slidermc :какок прво благодарам за советот но мислам дека зобеловата компензациај ја имам земено во предвид,види во сликите на почетокот на темева што ги поставив.Го пробав и овај калкулатор
Code: [Select]
http://diyaudioprojects.com/Technical/Speaker-Zobel и испадна баш како што сум пресметал.Но сеуште не сум се одлучил дали да одам со 18 или 12 дб свртница
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Туторијал за ТЛ-ки
« Reply #54 on 04.05.2014, Sunday, 20:48:49 »
Одлично, јас се извинувам но малку ми е тешко да се снајдам во листовите :) Јас би предложил да направиш линквиц-рилеј 12дб свртница при што би го сменил поларитетот на некој од драјверите. А може и нема да треба заради различната планарна поставеност на високотонецот и басот. Проба си е проба.
Зобел мрежата треба да стои веднаш до самиот драјвер.