Проблемот со таков тјунинг на мали басчиња е тоа што правиш зголемено мрдање и поголем одд на мембраната, со друг збор го оптеретуваш. На местото на тјунинг фреквенцијата, (Fb во бас рефлекс кутии) движењето на мембраната е намалено за сметка на тоа, издувот помага со додавање на бас. Но до таа тјунинг фреквенција најголем дел од енергијата ја произведува самиод драјвер.
И сега ако ја спуштиш Fb тогаш правиш уште поголем дел од енергијата да ја земе драјверот. Е тука е проблемот со таков тјунинг. Најчесто поефтините басчиња имаат Xmax(од на мембраната во една насока) околу 3-4мм. А засилено треба да создава бас, поголемо помрднување а е ограничен од Xmax. И што добиваме? Бас за на уши-слушалки
Со 5 инчи драјвер тешко се произведува длабок бас кој е јасно слушлив, најпрвин заради малата плоштина на басот и ограничената Xmax. Е ако ставиш неколку такви тогаш е друга работа
Сега да не ме разберете погрешно, има 5 инча басови кои вадат стварно длабок бас:
Но за жал со прилично ограничена гласност. Според мене е подобро да се иде на малце повисок тјунинг да може и погласно да свири басот. Сепак треба да се пушти тоа и пред гости