Author Topic: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери  (Read 11807 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Batka, на тој начин со осцилоскопот ја проверуваш само електронската (што дефинитивно е добро да се направи) точност на свртницата но не и акустичката. На пример моите активни свртници се во точност од 0.3%, но не секогаш предизвикуваат сумирање на 2та звучника на резот. Првично заради различната планарна одалеченост на звучниците, 2ро заради самата фазна карактеристика на звучниците во регијата на пресек (не секогаш се поклопуваат). Тоа е доста сложена тематика и реално може да се реши само со мерење акустички.

Друг начин лесно да провериш дали е точна резната фреквенција (електронски) е да ја закачиш свртницата на инпутот од звучната на компјутерот и да го измериш фреквенциски влезот со АРТА. Не мора да даде најпрецизен резултат заради самата природа на таа класа звучни, но доволно колку да ти даде идеа и патоказ до каде си со свртницата.

Нагласено С на вокалите (сибаланца) може е бидејки и самото појачало не е линеарно препорачувам и него да го измерш со инпут на звучна (користи барем 1к отпорник за влезот меѓу звучната и излезот за звучници на појачалото).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Види,падот на резната фреквенција кај свртницата од 18 дб ке биде многу видлив на осцилоскопот  електрички,но ако сакаш и тонски  тоа е лесно - два микрофона (идентични) дури не мора и кондензаторски, миксер  со аналајзер и стерео појачувач со слушалки.Не ти треба АРТА ,ако го гледаш аналајзерот.Ако појачувачот има ЛЕД  ВУ метар со бар 8-10 ЛЕД, со пан-потенциометрот оди лево-десно и на уво  ке  ја чуеш разликата - пример левиот басот,десниот високиот.Независно како се поставени звучниците.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #62 on 01.02.2014, Saturday, 18:33:38 (Edited 01.02.2014, Saturday, 18:48:09) »
Ова прв пат го читам во живот, дека така некој мери звучници. Доколку некој почнува со микрофони сигурно ке мери како што треба, стандардните мерења се вршат со еден микрофон, и спецјализиран софтвер а и има добра причина зашто ова се прави така.

Споено мислење: 01.02.2014, Saturday, 18:48:09
Еве како тоа вистински се прави:
Code: [Select]
www.pispeakers.com/misc/Vertical_Nulls.wmv
клип е во прашање, каде главниот инжињер на Pi_Speakers објаснува како се бара дали е точна свртницата како и многу други работи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 8) Да,може и со три усмерени микрофони со посебни пп ,активна свртница и три појачувачи ;D ;D
Пушташ синусоида од 0 херци и креваш нагоре,па ке видиш и дупки и издигнувања и рамна карактеристика 8)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Немам ни осцилоскоп  ни аналајзер ни искуство така да неможам да мерам , да не се нуди некој да му ги донесам звучниците па да измериме заедно  до каде е работата ?.
Односно еден звучник е потребен

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка ми личи расположен за мерење со микрофони за цел оркестар :D. Јас тоа го работам за пари но овој пат ке направам исклучок. Пиши ми пп

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
TИ си од Скопје! Кај вас се со пари се решава.Кај нас во Велес не бараме пари,бидејки сите ми се пријатели.Само  едно да ти кажам : иако понекогаш се задевам ,сепак остави ги ти * научните кажувања*на стручњаците од странство.Не ти кажуваат батка тие се! Подобро малку пошироко гледај ги работите,оти ке немаш муштерии.И батали *линеарни* кутии,слушај ти што сака муштеријата.Тој секогаш е во право.Ако ти кажам дека по две-три недели сум  преслу шувал, споредувал,отворал и затварал еден пар кутии за да дојдам до она што ме бендисува, сигурно нема да ти се верува.И она дека никогаш не сум пресметувал параметри - тоа е само погрешно сваќање на еден поранешен член.Но сум дошол до некои свои сознанија и начини како да дојдам побрзо до подобри сознанија и како да ја склопам полсено и побргу кутијата.Јас дадов еднаш и слики како го правам тоа.Дури се уште чувам неколку готови кутии со различит волумен ,на коилесноим се менува предната плоча и на нив вршам испитувања и мерења пред се за своја душа или некој пријател.Таа работа со мерење  кутии полека умира бидејќи се помалку се прават кутии.Пазарот е преполн со готови и евтини фабрички кутии,па одамна сум свртен кон професионалните РА пасивни и активни кутии.Имам цел магацин секакви кутии   и немам намера ни да се докажуван,нити натпреварувам.На кој
му требам,знае каде даме најде. ;D

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка не се обидувај бадијала да ми наметнеш мислење. Ако беше секогаш со пари ке се понудев ли? Немаше воопшто ни да пишувам на форумов ако беше така.

Јас сум ориентиран кон студиска репродукција, а стандардите таму се знаат - без мерење нема монитор.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Да ти наметнувам мислење? Мислам дека ти наметнуваш заклучоци. Ти самиот пиша дека - наплаќаш.Ти си ориентиран кон студиска репродукција- интересно.Јас сум пак ориентиран кон кревање галама надвор-со студиски квалитет. 8) 8)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Батка те молам не преоѓај на ТИ, ова не е ни моја ни твоја тема за препукавање, туку отворена беше за да му се помогне на Изотоп, а и во спат некој друг да научи нешто. Доколку сакаш да се фалиш со делата отвори си твоја тема.


Како сигнал генератор можете да ја користите самата АРТА. Се мести во секцијата спектрум аналајзер (SPA).

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Епа бевме вредни со Izotop  и успеавме да ги извршиме мерењата. Еве го и графикот од Pi1 (името на звучниците):


Одличен одзив, Izotop навистина добро ја имаше направено свртницата и другите детали кои беа споменати во темата кои би влијаеле на звукот и затоа се доби навистина добар резултат. Единствен проблем е тоа што бас звучникот е поефективен (SPL) од среднотонецот па ке мора да остане 3 dB погласен. Трансмисионата линија беше предолга па Izotop смисли начин како ке ја скрати. Мерењата под 100Hz не се валидни за мерењата во оваа просторија но сигурен сум дека звучникот одеше добро и до 40тина Hz. Оние мали дупкички во фреквенцијата во опсегот на бас звучникот се резултат од недоволно дампираната линија.


Прекраснен Waterfall дијаграм. Ниеден резонантен пик кој трае! Невалидни се мерењата под 300Hz заради рефлексиите од собата, секако ни таму не би имало никаков резонантен проблем.

И еве дел од мерните постапки:


И звукот? Одличен! Чисти средни и високи, многу мек звук со малку погласен бас.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #71 on 16.02.2014, Sunday, 21:42:55 (Edited 16.02.2014, Sunday, 22:00:15) »
Slidermk не знам како вака *леженката* мериш,можеби и затоа резултатите не ти се онакви какви треба да бидат.Тоа со среднотонецот мислам дека и го предвидов без мерење,но лесно се поправа мислам.За басот е разбирливо да биде прегласен и поради премалото дампирање,ама веројатно и поради погрешната резна фреквенција.Вака гледано мислам дека сепак Изотоп би требало да поработи малку практично на свртницата.Многу мек бас значи дека можеби не се за ТЛ.Ако може да најдеш активна свртница,малку поработи со неа и ке видиш каде си.Но,сепак Изотоп, да не помислиш дека не ја ценам твојата работа -ако ти се бендисува звукот - со здравје да си ги служиш кутиите!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Вака на уво  па и на мерењата за кои подробно ќе каже Slidermk се е во ред  условно неможе повеќе да се очекува од оваа комбинација на драјвери ...  во делот  на погрешна свртница меѓу басот и среднотонецот ќе нагласам дека тоа е истата свртница која висатон ја мерел  и оптимизирал во глува соба така да  не ми се прават експерименти и понатаму едноставно басот е поефективен од среднотонецот  и тоа е тоа ......  На пролет ќе добијат кратење на тунелот и соодветно дампирање со кое донекаде ќе се порамнат нерамнините и се разбира фарбање односно  надворешен дизајн , и  ќе си ги слушам со здравје  ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #73 on 16.02.2014, Sunday, 23:16:30 (Edited 16.02.2014, Sunday, 23:29:40) »
Не мек бас, туку мек призвук-има разлика. Тие пикови и дипови ке си ги реши со повеке дампирање и кратење на линијата. А батка да ти кажам само дека со свртница не се решава осетливоста на бас звучникот, сосема погрешен пристап, цела снага да оди на среднотонецот ли, ако ја спушти подоле.

А за леженката спореди ги фабричките со моите мерења па кажи после ;)

Споено мислење: 16.02.2014, Sunday, 23:29:40
На звук мене ми се допаднаа, башка и waterfall си покажува дека нема ни една грешка. Тоа со басот што е поосетлив за 3dB не е страшно, пријатно за увце е ;). Може слободно заради тоа да се стават звучниците понастрана од зидовите во собата, бидејки ке му дојде како baffle step компензација, баш тие +3dB.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Тоа го изумив да го кажам  добро звучат во поголема просторија одвоени од зидови и благо свртени кон слушателот (околу 15 степени)