Author Topic: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери  (Read 11855 times)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Кажете совет како да ја исполнам комората на среднотонецот висатон предвиделе 0.8 литри за ова што го зборуваш а јас ја претерав оваа комора има барем 6 литри . знаев дека претерувам но неможев во момент да ја преработам кутијата .
Со што да ја исполнам  што зафаќа волумен а не смета на звукот, ја исполнив со сунгер во плочи ама не ми прави кејф.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Да значи ке мораш некако да вградиш нови зидови во комората и да ставиш повеке лио. Еве го и моделираниот одзив одприлика кој би ти требал за средниов да му ја појачаш SPL за од прилика 2 децибела на бараните фреквенции.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Јасно но теша задача (столарска )

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Ке мораш да исечеш неколку помали ленти доволни да пројдат низ отворот за среднотонецот и како такви да ги лепиш и вградиш во самата кутија. Не претерувај со лепење во случај да не ти се допадне звукот па да можеш полесно да ги извадиш.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Ќе пробам утре со некоја цевка пластична така е наједноставно .

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Да но обавезно дампирај ја со лио. Пластиката има неверојатно лош одзив на средните фреквенци, па да не те лаже по звук.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Земи еден помал пластичен цреп за цвеќе( мери го   спрема среднотонецот) исполни го со стива и залепи го позади зад среднотонецот. 8)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Веќе е фиксирана плочата од масив со дипли и пола кило дрвофикс така да вадење нема (без да ја  уништам) ќе видиме утре . Мислев  да не знаете некој материјал со кој можам да одземам волумен .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Исполни ја со стиропор или неколку слоја сунгер ( превиткан).

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Може и стиропор, добра е идеата.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Најпрво  Голема Благодарност до Lordzi  за мерењето на калемите со непознати вредности , без него немаше вака добро да  звучат кутиите  .

Пробав со стиропор , му ставив слоеви еден куп и сега мембраната  видно подобро се однесува но веројатно ќе мора да се решава со саксија или некоја цевка зошто мора да биде прецизен волуменот .
Инаку ова е последната свртница , пробав предходно  и со 18 дб по октава високопропусник за високотонецот и некако не ми  се допаѓаше на звук  можеби затоа што  вторите кондензатори по калемот сериски со  високотонецот  беа МКТ а првите МКП , има огромна разлика во звукот.
Исто се окозив додека  го подесив нивото на Л-падот за атенуација на високотонецот дел од ом ја менува звучната слика ,сега е супер со 1,7 ома и 3,8 ома .
Исто да споделам искуство дека во делот на среднотонецот исклучиво МКТ или МКЦ кондензатори  предходно имав ставено на влезниот кондензатор 33мф паралелно и еден шугав биполарец кога го сменив со МКТ пропеааја во детали среднотонците .
Незнам само што мислите за вртење на поларитетот на  високотонецот пробав предходно и ми се чини дека беше подобро  но тоа беа други вредности на скретница , сега во самата звучна слика има многу детали што не сум ги чул во среднотонското и високотонското подрачје но како да има  благо нагласување на С во вокалите што можеби е знак на пик кај вискотонецот . Можеби нема да може да се корегира без мерење ?.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #56 on 01.02.2014, Saturday, 16:25:27 (Edited 01.02.2014, Saturday, 16:28:41) »
Доколку звукот ти е малку остар на вокалите, пробај да го намалиш уште малце високотонецот.

Добар начин (по слух) да провериш дали ти се точно во фаза среднотонецот и басот, или среднотонецот и басот е принципот на погласно потивко.
Како се извеедува?

Најпрвин зимате сигнал генератор и генерирате точната фреквенција на пресек меѓу одредените драјвери. На пример 500хз. При тоа го уклучувате само басот, и внимателно слушате, а потоа додека трае сигналот го уклучувате и среднотонецот. При тоа треба да се забележи појаќување на таа фреквенција. Доколку не се случи тоа, пробајте го во обратен поларитет среднотонецот.

Истото се изведува и на среднотонецот со високотонецот, но внимавајте, додека слушате мора да ви биде увото во висина измеѓу 2та тестирани звучници!

Споено мислење: 01.02.2014, Saturday, 16:28:41
На ист начин можете да ја проверите и гласноста на 2та звучника, дали се еднакво гласни, но секако да внимавате да сте на иста одалеченост од драјверите (точна средина меѓу нив). Препорачувам едното уво да е затнато за да не лови рефлексии од собата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па добро е што некој сака да експериментира! 8) Јас би одел со 2,2 и 4,7 оми во L-pad-от
,а  за ова што СлидерМК го предлага не се слагам- со генерирање сигнал само на резната  фреквенција.Ке се јави грешка и многу сумјам дека ке погоди на уво, особено ако се работи  за 18 db рез.Ако сакаш да експериментираш земи тон генератор,појачувач и врзи осцилоскоп ,па пуштај фреквенции и  мери.Следи го падот на сигналот на осцилоскопот околу резната фреквенција- него мора да го има,ама врзи го високиот вака или обратно и ке видиш која е разликата и дали мерениот сигнал се менува(обликот).Тој треба да има што по права линија  ;D

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Пробав со 2.2  и 4.7 оми  не задоволува нивото батка  сеуште е прегласен високотонецот. Всушност пробав  15 комбинации , непробав само со предотпорник , можеби  и тоа ќе пробам . Во секој случај вака концепирана скретницата  мене ми го задоволува критериумот , слушам детали од  истите цедиња кои  ги знам на памет кои досега не сум знаел дека постојат на записот .
Звукот не е остар на високотонецот Slidermc само при изговарањето на вокалите кога има гласови согласка с е минимално нагласена  , можное да е до самиот цд плеер марантз  цд5000 малку е светличок во тој дел од фреквенциите .
за ова што го спомнавте  со мерењето сигнал генератор ќе импровизирам од ПЦ но осцилоскоп не поседувам  така да неможам да мерам  на тој начин .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #59 on 01.02.2014, Saturday, 17:28:38 (Edited 01.02.2014, Saturday, 17:37:24) »
Има една интересна финта- стави како предотпорник сијаличка 24V 10- 15W (оние во вид на стаклено  цевче) и пробај со него во серија со високотонецот. 8)