Author Topic: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери  (Read 11608 times)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #15 on 20.12.2013, Friday, 18:31:58 (Edited 20.12.2013, Friday, 23:42:50) »
Не реков дека сум пресметал се (не спаѓам во таа категорија ,а како што гледам и ти си тука некаде Батка  ).  Кутиите се со добри  драјвери така да нема да биде тешко да се изработи свртница . Многу потешко е да избалансираш некој но нејм драјвер  за кој не знаеш ништо.
Всушност ќе си ја направам скретницата онака како што ми чини ионака јас ќе си ја слушам   8).
Има примери на различно сечење или комбинации во свтницата ништо чудно јас само кажав како  планирам да почнам , понатаму ќе видиме .
Кога ќе пробам нешто на уво ќе правиме подробен муабет сега е се празен муабет .

Сега разгледував малку за скретницата по нет , изгледа дека неможе да се употреби 6 дб по октава заради резонантниот пик на високотонецот , повеќето употребуваат високопропусник околу 2,5 / 3 кхз од 12 или 18  дб и за овај високотонец  има ЛЦР паралелно коло  1mh /3,3 oma/100mf отприлика .
Сечењето дефинитивно ќе биде тука некаде за да ги избегнам неправилностите и падот на  среднотонецот над 4000хз.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Јас би рекол да ја искористиш онаа свртница од моделот на Visaton. Тие се мерени во анехоична соба, и сигурно се добро направени. Како од фреквенциска, така и поларна карактеристика. Би ти препорачал дефинитивно првин истата да ја направиш, па после да правиш друга ако не те бендиса таа.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Батка од каде ти е сигурноста дека знаеш се не ми е јасно , ама ти си знаеш,Ок , за звучник за кој имаш податоци  као висатон и вифа   има безброј натписи и искуства  на интернет и во Аудио пројекти . 
 Да земее дека хипотетички ќе правев звучници со теле високотонец и симсоник бас од каде ќе знаев воопшто како да почнам кога за тие драјвери нема никакви податоци  ,па дури и некој да постирал графикони   од серија  до серија (брод до брод) ;D се разликуваат . Не мешај баби и жаби ова се сепак драјвери за кои мерењата се точни и за кои веќе како што ти кажав има многу примери за тестирани и функционални комбинации (види малку на интернет ако воопшто те интересира). Тоа што го кажав за свртницата е добар пример сега неморам да лутам точно знам каде ќе се движам ако беше теле или симсоник кој знае што ќе се случеше . Не се секирај за басот и среднотонецот ништо нема да се надуе или предимензионира , кутијата е веќе залепена и одлепувања нема да има  , незнам дали воопшто забележавте но нема две паралелни страни во тунелот а има и неколку напречни врзувања на места по златен пресек , така да за резонирање не станува збор воопшто . За каква кутија плачат висатониве е дискутабилно ,математиката вика отвотрена кутија ,ако не ти се допаѓа направи си ги во бас рефлекс ,твој проблем , јас одлучив  да ги изведам во ТЛ варијанта а она што му го реплицираш на slidermc слободно можам да кажам дека ти е истресено од ракав . Сврницата  предложена од висатон воопшто не е прилагодена за бас рефлекс , тоа е безмалку школска свртница која е просек и е релативно едноставна затоа и го отфрлив високотонецот тој е класа под средниот и басот исто како што вифата е класа над истите. Се сомневам дека Висатон ќе ни даде толку оптимизирана свртница сигурно и таа е компромис  како и се друго во врска со склопување на звучна кутија  и затоа ми е смачено од субјективниве предпоставки  . Кутијава ја презентирав за да поделам искуства со вас  ако сметаш и ти седопаѓа нешто  поинаку твој проблем купи  драјвери и прави што сакаш со нив . Јас веќе одлучив како ќе изгледа и функционира за мене , ако на некого не му се допаѓа нека  прави каква сака кутија ,мојата е ваква и не спаѓам во почетници за да ми делиш такви почетнички совети .
За едно ќе се сложам со тебе Батка веќе и го спомнав, без добро преслушување нема ништо, џабе мерења графикони и наука , крајната цел е да го  најдам звукот што мене ми се допаѓа а тоа гарантирам дека ќе го постигнам со  кутијава само неможам да предвидам временски кога ќе биде.
Ова сето што го спомна за во кои комбинации ќе звучат подобро е подеднакво ветер во магла како и моите претпоставки за во ТЛ и штета што нема да има друга кутија бас рефлекс(јас не планирам да ја правам можеби ти планираш) за да ги споредиме , па дури и тогаш  е субјективно која ќе биде подобра.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #18 on 21.12.2013, Saturday, 01:59:34 (Edited 21.12.2013, Saturday, 02:14:02) »
Јас би рекол да ја искористиш онаа свртница од моделот на Visaton. Тие се мерени во анехоична соба, и сигурно се добро направени. Како од фреквенциска, така и поларна карактеристика. Би ти препорачал дефинитивно првин истата да ја направиш, па после да правиш друга ако не те бендиса таа.

Да ќе ја искористам како почетна точка меѓу басот и среднотонецот  за помеѓу високиот и среднотонецот  ќе мора нешто друго  да се проба , најверојатно 12 дб како што кажа можеби со  променет поларитет . Незнам додека не чујам .
Чисто информативно најдов  кабли за внатрешно поврзување  од Ботс  убав бакар 2x4 mm  сум згрешил со цената 180 денари се метро .
Slidermc пошто гледам дека  конструктивно размислуваш ако си согласен  може заедно да удриме некое мерење на кутијава кога ќе дојдам до некој прифатлив резултат со свртницата, се разбира ако не ти смета , можеби и ќе закачиме некој  графикон на форумов

Споено мислење: 21.12.2013, Saturday, 02:14:02
Абе Изотоп, сигурноста ми е во тоа да сум направил можеби 20тина пара кутии со Висатон звучници.Уште од оние првите серии  V,па до сега ги имам сите нивни каталози,сум ги нарачувал директно од фабрика итн. Мерењата се точни!? Чии мерења,нивни или твои?  И за свртницата ми било од ракав истресено? Па оди на некој DL или УК  форум и прати што пишуваат другите,не мораш мене да ме слушаш.Свртниците на Висатон се * тенеќе марка* сите тоа го бајат со години,а вие се најдовте  да ги фалите.  Имам една готова кутија за проба ,од 40 литри,ам бидејќи си сигурен во твојата конструкција,беспредметно е да ти ја нудам.Терај си по твое и извини за советите - ги повлекувам ,како и целата дискусија.Ако нема простор за дискусија не ми е јасно зошто воопшто си ја постирал темава.

Темава ја постирав за конструктивна  дискусија а некои  од твоите "совети" не се на место , тонот со кој се обраќаш  ти е апсолутистичкки  , како да се обраќаш на првачиња што некаде пали ама некаде не .
Ако толку си работел со висатон тенеке  постирај нешто па да  дискутираме ,секаде длабоки теоретски  мисли никаде конкретни работи.
Веќе се покајав што сакав да поделам лично дело со вас на форумов.



До Администрација
Темава може да се заклучи или уште поубаво избрише  јас нема веќе да постирам во неа.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не знам што подразбираш под *конструктивна* дискусија- некој само да те фали,или ако спомне нешто подруго од твоето размислување ,тогаш не е во ред. Ако не смее поразлично да се дискутира ,не знам зошто си ја ставил темава.Впрочем.ако моите размислувања те навредиле,се извинувам.Но,верувај дискусијата ми беше насочена во друг правец.Очигледно си убеден дека тоа што си го направил е најдобро што си можел,тоа е во ред .Впрочем дискусиите беа во насока на  укажување на тоа каде се можните грешки во проектот - од лепење на оплеменета иверка,правење отвори за звучниците,околу свртниците ,дампирањето... И на крај  јас ги повлеков моите размислувања и ве оставив со колегата да си пишувате,а ти се разлути .Сум делел совети како на првачиња.. Извини,батка ,настапувам како Модератор и пишувам мои размислувања.Со ниеден збор мислам дека не те навредив лично,а ако сепак мислиш дека си навреден од моја страна ,еве јавно се извинувам.И темата нема да се затвори,мислам дека уште некој ке се замеша во дискусијата и нека биде отворена ,кога ке го завршиш проектот да видиме финале.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #20 on 21.12.2013, Saturday, 18:23:35 (Edited 21.12.2013, Saturday, 19:13:30) »
Изотоп, според кој критериум Visaton W200S е за отворена кутија? Qts e 0.33 (при мерење на ТС ке приметиш дека е за нијанса повисоко негде 0.4, но треба да се расвири) Fs=30Hz

Ако те интересираат мерења, повели, ке го измериме тоа што си го изработил.

"џабе мерења графикони и наука , крајната цел е да го најдам звукот што мене ми се допаѓа"
Графиконите, науката - помагаат полесно да стигнеш до добриот резултат, инаку ке талкаш со години додека го погодиш истото. Мерењата многу често откриваат проблеми во спектарот и може лесно да се посочат, за разлика од обично слушање. Кога слушаш знаеш дека нешто не е во ред, но речиси е невозможно да го посочиш проблемот ако е субтилен.

Споено мислење: 21.12.2013, Saturday, 19:13:30
Визатон имаат звучници од секоја категорија. Најчкарт до најдобри, препорачувам убаво да го разгледате сајтот на Визатон. Светски познати им се B200 (многу често користен за фулрејнџ), AL130, Ti100, DSM50FFL(еден од најдобрите среднотонци), М300, KE25SC. Овие се најдобрите нивни модели и лесно можат да се компарираат со други многу скапи звучници.

"20тина пара кутии со Висатон звучници." Аман бе, па каде отидоа сите тие звучници откако си ги направил?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #21 on 22.12.2013, Sunday, 11:13:02 (Edited 22.12.2013, Sunday, 11:27:24) »
Висатон не произведува звучници само од пред 10-тина години ,кога си почнал да се занимаваш ти со звучници,ами многу порано. ;)Уште 70-тите години ,како клинци ,најлесно доаѓавме до нив од Германија,преку гастербајтерите 8) Не почнале Висатон со вас, за жал.Има барем десетина кутии кои работат сигурно низ Велес,И никој не се пожалил,Воглавном се носеа готови КИТ- драјвери со свртници и нацрт за кутиите.Нацртите се добри воглавном,ама свртниците беа никакви - одсекогаш биле такви.И В 200 не им се најдобрите да знаеш,но се со добра цена.А од фулрејнџ бегај,ако сакаш добри кутии да направиш.И друго - не зборувај за добрите резултати,без да знаеш што бараш од звучникот.А за суптилните проблеми секој си ги решава на свој начин.

Offline dimce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 256
  • Gender: Male
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #22 on 22.12.2013, Sunday, 11:32:47 (Edited 22.12.2013, Sunday, 11:36:17) »
Јас имам звучници Висатон ама готови кутии со 2 Баса 8",среднотонец и високотонец.Прекрасно свират ги купив со дефектни среднотонци и високотонци си ги направив ринат веке 12години.Ги купив без да знам дека вредат многу повеке од што ги платив.Ги купив 5000ден. со кутиите комплетно.Иверката е 20мм со бас рефлекс на предната страна.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Не знам за Визатон пред 30 години, но знам сега што нудат.

Батка, не постои субјективно сакање на звучник. Тој не е уметничка слика па да имаш своја интерпретација. Звучниците имаат само една цел - да репородуцираат звук најверен до оригиналот. Тие што сакаат да добијат "нешто" од својот звучник, најверојатно никогаш не слушнале акустична музика.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка,не еднаш сме се препирале за субјективноста на слушањето  музика.Нема да отворам полемики за тоа повторно .Премногу техномански и приоѓаш на темата -субјективност на звукот.Линеарноста за која се тежи ,односно некој тежи ,е само шарена лага.Секој драјвер сиима свој звук! Тоа не е мерна карактеристика и крива која можеш ти да ја измериш и нацрташ.Субјективноста се огледува пред се од видот на музиката што ја слушаш,но и од повеќе други фактори за кои е ирелевантно да ти кажувам.Истата песна ,на истите уреди и звучници двајца не ја доживуваат и слушаат исто.Ако е толку едноставно немало да бидат  измислени еквилајзери,контроли на бојатана тонот и ред други уреди.И молим те да не ме прозиваш веќе ,пишувај си како мислиш,оти  твоите ставови си се само твои и не покушавај секому да му ги наметнуваш.Многу е стереотипно кога ке се каже -Звучниците имаат само една цел - да репородуцираат звук најверен до оригиналот. Тоа е многу застарена  и  недефинирана фраза.Ако е така,веројатно за овие 100-тина години како е пронајден звучникот,ке се нашол некој или некоја фирма кој ке направел идеално линеарен звучник ,кој во кутија линеарно ќе репродуцирал линеарен звук - и крај! Сите линеарно ке слушале на тој звучен систем.Нема такво нешто и нема да постои.По едно 20-тина години,кога ке поминеш повеќе фази во *сакањето*на звукот,можеби нема да размислуваш линеарно.А,акустична музика слушам само во живо ,а не преку звучник.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Да беше толку лесно да се постигне линеарен звучник, сите ке го правеа тоа. Но не е ни најмалку лесно, а има многу истражувања со тие техникалии кои 90% од случаите избрале звучник со линеарна амплитудно-фреквенциска карактеристика. Такада тоа е незанемарлив факт.

Многу еквилајзери, стерео ефекти, бас бустови ова она-типично за мултимедиа звучници. Добиваш се освен тоа најважното, самиот звучник.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
“Е,па сваќаш што сакам да кажам.Некој направил 90 % линеарност- дали е и толку не знам,ама во аматерски услови ,без избор на драјвери и други елементи јас и ти може за тоа да сонуваме.Факт е дека се повеќе луѓето купуваат мултмедија,2.1  до 5.1 сабвуфери,па сателитчиња.Погледај ја продажбата на забавната електроника за 2013г.  ( ке биде веројатно во јануари објавена) и ке видиш колку *озбилни* зв.кутии се продале.Веќе и таблетите ја достигнаа цифрата на продадени деск-топ компјутери,а  се повеќе се продаваат и лап топови пред деск топ компјутерите.И  за драјверите за самоградба е така- се помалку самоградители купуваат драјвери и прават кутии.И не се замараат со прорачуни и линеарност - битно е вуферот  да *пука*,средни нема ,а високи во недоглед.Ама никому не му е гајле-иде Нова Година..

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Е батка, да си ми жив и здрав, тука потполно се слагам. Денес народот само "буфери" бара. Кај сите модерни звучници-мултимедиа, ке најдеш дури 5-8dB пад меѓу 100-800Hz. Е тука лежи целата музика, бидејки речиси сите интрументи, фундменталните фреквенции им се во овој опсег.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #28 on 26.01.2014, Sunday, 13:45:30 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 13:44:21) »
Чисто да видите како излезе.
Го послушав slidermc за порамнување на високотонецот во плочата, земав плоча од бука 4cm дебела, тоа е почетната скретница која ја изменив во некои вредности и сега траат слушните тестови.
Дампирањето е добро со тоа што треба да се додампира уште зад басот сеуште се пренагласени басовите од издувот и со среднотонецот морам да ја намалам неговата комора односно да добие акустички филтер.
Постирав најмногу  затоа што ми треба помош имам калеми со непозната вредност ми треба услуга за мерење за да не правам мерач на индуктивитет, ако има некој добра воља нека прати ПП.






Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Звучници со Visaton и Vifa Драјвери
« Reply #29 on 26.01.2014, Sunday, 14:35:05 (Edited 26.01.2014, Sunday, 14:37:38) »
 Свртницава во делот за високите ти е *тапа *.Си ставил атенуација,па две гранки со RLC (??) не гледам зошто така,овој 5,1  отпор ,паралелно со високите извади го.Тој нема врска со ништо и само ке ти мати во мерењата  ( ако мериш). Подобро пресметај една гранка  и тоа е доволно.