Author Topic: Ми треба помош околу кабел за струја  (Read 4229 times)

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
Многу не се разбирам од електрика, а имам еден проблем. Треба да пуштам кабел до гаража за струја, должината ќе биде околу 50метри, струјата ќе се користи за светло и можеби некогаш за рачен алат како на пример бормашина, брусилица такви работи. Бидејќи и онака немам дома заземјување се мислев да ставам 2х1,5мм2 кабел, но незнам колку потрошачи можам на волку дебел проводник да закачам?

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Тој кабел е за сијалица некоја да приклучиш или неонка, за брусалица и такви работи не е баш препорачливо. Најдобро стави 2 x 2.5

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
ќе ти брка работа и 1.5 ама подобро е 2,5, јас имам 1.5 и ако брусам слабее светлината од сијалицата. брусалката ми е 2kw

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
1.5mm^2 може да носи струја за 3,5KW потрошувач, а 2.5mm^2 до 5KW може да тера...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline trtkolo

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Ми треба помош околу кабел за струја
« Reply #4 on 09.11.2013, Saturday, 21:33:43 (Edited 09.11.2013, Saturday, 21:40:04) »
Поради дожината како што кажуваш под 2,5mm^2 не ставај, поради пад на напон, би ти препорачал 4mm^2 и да немаш мака.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Јас би ти препорачал и 5mm^2 може и и со четворкава ама не ти препорачувам оваа може да издржи повеќе струја пошто у гараша може ќе си уклучиш и швајц апарат и други појаки потрошувачи. ;D ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline didy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 426
  • Gender: Male
1.5mm^2 може да носи струја за 3,5KW потрошувач, а 2.5mm^2 до 5KW може да тера...
По кој стандард е ова ???
Што си по професија ? слаткар  ;D
Максималното оптеретување на спроводници зависи од нивната околина, ако се слободни висечки од столв до столв можеби и влегле во таа табела на оптеретување, но за кабле каде се двата еден до друг ПГП, потешко, па зависи дали ќе е воздушно или во малтер на ѕид. подобро земи 5х2,5мм и поврзи два по два паралелно, па да нема толку пад на напонот и да земеш нешто да заваруваш.
поскапо ќе биде или земи СКС 2х16мм алумински па терај работа без грижа дека же има проблем, и секако направи добро заземјување, или во најлош случај изедначување на потенцијал, па опшиј ја гаражата со трака поцинкувана и поврзи ја на заземјувањето. Ти ќе си во тој круг на потенцијал на заземјено и нема да има разлика на “дефектен“ уред кој ќе е приклучен и твоето присуство се изедначени па нема да биде така опасно. Ова е случај кога не е можно да се изведе добро зазејување, а исто така и ако немаш во гаражата осигурач, туку само оние на спратното табличе може и нема да исклучи при дефектен уред поради должината и слабо заземјување. затоа мора да имаш и во гаражата осигурачи за секој струен круг, и разбира се ФИД склопка и да не те боли глава !
поздрав

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Ми треба помош околу кабел за струја
« Reply #7 on 10.11.2013, Sunday, 02:04:40 (Edited 10.11.2013, Sunday, 05:38:58) »
По кој стандард е ова ???
Што си по професија ? слаткар  ;D

по професија сум студент (ако тоа е професија) а за тоа од кај сум го разбрал тоа, чичко ми е електричар и он ми го има кажано тоа, и спомна дека и должината на кабелот влијае ама кога го пишував тоа не ми текна на тоа :S
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Jovicar

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 143
Земи кабел 5мм*3(2) Стави и немај гајле, со 5мм*3(2) кабли надодавани еден на друг на 250метри далечина сум варел, многу се осеќаше дека е послаб апаратот ама вареше, така да на 50метра ништо не би се осеќало.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Quote
По кој стандард е ова Молам?
Што си по професија ? слаткар  Зеленко
Максималното оптеретување на спроводници зависи од нивната околина, ако се слободни висечки од столв до столв можеби и влегле во таа табела на оптеретување, но за кабле каде се двата еден до друг ПГП, потешко, па зависи дали ќе е воздушно или во малтер на ѕид. подобро земи 5х2,5мм и поврзи два по два паралелно, па да нема толку пад на напонот и да земеш нешто да заваруваш.
поскапо ќе биде или земи СКС 2х16мм алумински па терај работа без грижа дека же има проблем, и секако направи добро заземјување, или во најлош случај изедначување на потенцијал, па опшиј ја гаражата со трака поцинкувана и поврзи ја на заземјувањето. Ти ќе си во тој круг на потенцијал на заземјено и нема да има разлика на “дефектен“ уред кој ќе е приклучен и твоето присуство се изедначени па нема да биде така опасно. Ова е случај кога не е можно да се изведе добро зазејување, а исто така и ако немаш во гаражата осигурач, туку само оние на спратното табличе може и нема да исклучи при дефектен уред поради должината и слабо заземјување. затоа мора да имаш и во гаражата осигурачи за секој струен круг, и разбира се ФИД склопка и да не те боли глава !
поздрав
Многу убаво ви објасни диди како што спомнав и претходно и јас тој и го даде примерот со швајц апаратот.И најубаво ќе биде и фит склопка да си монтираш да не те боли глава со изведување на заземјувањето. ;D ;D ;D.Што си е сигурно сигурно.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline nikola_bb

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 380
ќе размислам сепак тие комбинации со подебел кабел веќе значајно повеќе коштаат

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овакви инвестиции не се нималку наивни,а ниту евтини.Ако мислиш со  1000 денари да однесеш струја на 50 метра далечина и да биде се безбедно се лажеш,мораш и некои други прописи да примениш,пред се безбедносни ( стеги и држачи за кабелот,цевка за довод над гаражата итн),потоа мала табла со осигурач,евентуално ФИД склопка...Се друго е ризик.Не би смеел да направиш некоја инсталација која може да се запали,да биде подложена на влага или недајбоже да отепа некого! Значи,ако сакаш да немаш главоболки,инвестирај малку повеќе!

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Така е без поголема инвестиција ништо.Плус се работи за гаража таму може ќе уклучуваш појаки потрошувачи.Барем и една фит склопка да си ставиш бидејќи немаш изведено заземјување и плус јас во претходните постови ти кажав која дебелина на жица да ја користиш.Види ти размислиси ако не уклучуваш јаки потрошувачи ако е само за светло и нешто ситно можеш и со многу потенки кабли но сепак без фит склопка не задолжително таа мора. ;) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline vgc9dctx9c

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
  • Gender: Male
  • Oprem dobro
Имам слична приказна.
Ми треба самоносечки кабел со сајла (бандерашки) 2x1,5 или 2x2,5
Кој може да ми каже кај да купам?
Ofra Haza

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Како шо пиша didy, 2х16мм2 алуминиум, поевтино иди така спрема 5х2.5мм2 бакар. Ако си од Битола, а и да не си по Карго праќаат, можиш да си прашаш имат уба цена за каблите.