Author Topic: Старите аналогни телефонски линии извор на електрична енергија  (Read 1581 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Сакам да прашам дали е ова изводливо и дали ваквото поврзување може да се наплати или не.

FREE Hidden Electricity!
Ова е кај аналогните телефонски линии и таму напонот секогаш беше од 50 до 65 волти.Напон има само кога ќе бираме или ќе не бараат тогаш работи склопов.Но сега кај фиксните телефонски линии тоест дигиталниве кои се преку модем други се напониве тоа знам и ќе треба друга шема нормално.Но моето прашање е ова што го гледате на линкот дали се наплаќа кога троши струја потрошувачот сигурно нели што мислите вие можеби и не.Благодарам однапред :).
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Напонот е 50V, но струјата што може да се добие од телефонската линија е неколку милиампери.
Ништо корисно не може да се направи со толку мала струја.
Жан

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Точно како што си замислував струјата е многу мала неколку милиампери.Ете на пример ќе светат две диоди три но тоа не е нешто корисно само ака снема струја тогаш али ништо пак, и плус напонот во телефонската линија се менува многу често затоа е потребен и стабилизаторот за променливи напони LM317.Во секој случај не е многу корисно али ете може да се употреби некогаш ;D.Ама дали се наплаќа ова што мислите,како некој додатен импулс додека збориме или не.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Не се наплаќа, но ако тришиш повеќе од 2-3 милиампера, тоа ќе го приметат одговорните лица од службата за одржување, како дефект на линијата, и за некое време ќе најдат каде е "дефектот".
Жан

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Доколку повлечеш повеќе од тие неколку милиампери централата ќе смета дека е подигната слушалка, и ќе падне напонот до 12 волти. Сега се чека да бираш број (ако стварно имаш аналоген телефон :)).. Доколку повеќе време не се случува ништо (5-10 минути) централата смета дека има некаков проблем, на пример телефонот паднал во када  ;D ;D или нешто слично и ти го исклучува напонот.. Така да, освен ова со лед диодиве тешко друго нешто да искористиш.
И тоа зборуваме за старите аналогни линии.
За оние што се преку модем...  :) Ако немаш струја дома нема да ти работи модемот нели  ::)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
ама и додека трошиш струја од линијата ако ти звони некој ке му покаже зафатено (нема да те добие)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Фала ви многу многу интересни совети.Ако повлечам поголема струја значи централата сама исклучува.И плус не се во мода више овие аналогни телефонски линии :).Сега скоро сите се префрлуваме на модем
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Јас порано имав идеа да ги користам каблите од старите аналогни централи кои повеќе од 15 години не се користат и се поставени може во 60тите или 70тите години. Своевремено сакав да ги користам за LAN :) Но видов кога копаат со булдожери за други потреби во спат ги корнат старите тел. кабли.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
И кај нас у зградана и кај пријателине комшиине ги разбуцаа ги исповадија јас дури им украдов три дур реновираа од внатре тоа зградата ;D.Со џекчиња телефонски беа се комплет,и таман еден кабел со џекче од едната страна и едно кабелче со џекче од другата страна ги залемив тоест го наставив кабелот и го поврзав од модем у телефон.Таман си го одведов телефонот бежичен у другата соба да не ми смета и тоа не со кабли кои сум ги платил јас 8).Иначе пробав во врска со склопов во село пошто таму имаме од телеком аналогна линија и работи две лед диоди црвени три милиметри светат многу се еј ;D ама ми беше страв да врзам од 5 милиметри да не ја преоптеретам линијата па дефект да напраам,пошто си знам ми дадовте совет на форумов фала многу за тоа :)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: nsu
... да не ја преоптеретам линијата па дефект да напраам...
Можеш да ги поврзиш и кратко (краток спој), нема ништо да и‘ се случи на тел. линија   ;D

Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Уште на почеток приметив дека нешто не штима во насловот кој ме асоцира на старите аналогни фиксни телефонски линии кои не се во употреба.... подобро е да стои фиксните телефонски линии извор на електрична енергија
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
... ама ми беше страв да врзам од 5 милиметри да не ја преоптеретам линијата па дефект да напраам...

Види, тој „дефект“ уствари не е прав дефект (нема ништо да прегори или слично) него само централата ради заштита ќе го исклучи напонот на линијата, се додека тече таа прекумерна струја.
Ти после тоа ако ги откачиш лед диодите, ќе си се врати линијата во првобитна состојба..
Така да не можеш ништо да расипеш слободно пробај со повеќе лед диоди да видиш до колку ќе издржи...
Life is too short to remove USB safely ..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Значи нема врска значи слободно да си повлечам поголема струја и да видам до колку ќе издржи баш сега кога ќе одам ќе пробам со повише диоди и тоа со 5 милиметарки.Една црвена диода 5 милиампери влече обично струја од 20 милиампери ќе пробам со поише и ќе видам колку издржува значи после исклучувањето напонот пак ќе се врати мислам од кога ќе ја исклучм преголемата струја, е многу ви благодарам за советот баш ќе видам колкава струја може да издржи сега следниот пат значи откако ќе се исклучи преголемата струја пак се регенерира се враќа во нормала баш фино :).
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш