Малку беше off-topic овој post во темата во која си го поставил прашањето, а сметам дека темата е интересна и може да се развие во дискусија, па затоа ја поделив темата и ја преместив пораката
.
Мое лично мислење е следново: одлично звучат (зборувам за оние кои се добро дизајнирани, не зборувам за оние 5.1 home cinema изведби од 2000 или 3000 денари, зборувам за навистина скапи изведби), но немаат „душа“. Ќе дадам пример: се е кристално чисто, секој детал може да се чуе, ама не звучи добро... барем мене не ми звучи добро.
Исто така, ќе наведам и дека овие засилувачи не звучат воопшто добро со стари снимки (снимки снимани на аналогна опрема или снимки миксани на аналогна опрема, па префрлани на дигитален носач на звук), особено ако снимката е исклипувана (се засилуваат одлично, па и грешките во мастерингот, за разлика од нив, аналогните засилувачи знаат да ги „заоблат“ овие недостатоци во мастерингот и да не звучат толку „назабено“). Одлично звучат со снимки од новата продукција (каде се се прави виртуелно, на PC со виртуелни инструемнти, VST, RTAS, кој и да е стандардот за виртуелни инструменти). Но, кога ќе размислам, новиве снимки, дури и да се пуштени на аналоген засилувач, пак звучат „суво“ (без „душа“).
Околу заштедата на електрична енергија, да, штедат многу (искористеност имаат некогаш и над 90%), но од слухистичка гледна точка, мислам дека не се исплати (со задоволство би дал некој денар плус за струја, ама ќе уживам како што треба на аналоген засилувач
). Предност им е и малата тежина (бидејќи најчесто се изведени со SMPS напојувања, кои се многу полесни од класичните трансформатори), како и малите димензии на ладилниците (чудна работа кај овие засилувачите во D-класа, не знам која е причината, но греат кога не се во користење, кога работат во празен од, кога засилуваат, им се намалува температурата
, интересна работа
), а ако на тоа се додаде и фактот дека (општо) не греат премногу поради големата искористеност на внесената енергија, следува дека може да направите и 1KW-ен засилувач на кој ќе има врзано ладилно тело од процесор со кулер на него. Целата конструкција, заедно со SMPS напојувањето, нема да тежи повеќе од едно компјутерско куќиште (кое нема премногу компоненти се разбира, еден оптички уред и еден HDD
), што е огромно намалување во однос на класичните аналогни засилувачи.