Случајно ми го испратиле написов,не знам ни од каде е .Основната идеја е да се направи генератор на ветар со помош на стар флопи од 5,25 инчи( За овој поновиов не гарантирам!
).Дадена е шемата ( не знам дали баш е исправна ) ,ама имам во подрум некој стар флопи па се канам да пробам.Е ,сега ова е тема за дискусија,предлози,можеби некоја ваша конструкција која нема да се ограничи само на полнење мобилен или слично,ами и нешто повеке.Имаме стари уреди,исто и ветар,па да видиме што може да се направи.да напоменам дека иако се споменува не гледам слика,шема на перките на ветерницата,па како ке работам ке гледам да ставам и некоја слика и да ве известувам одвреме-навреме што сум добил.