Author Topic: Проблем со аудио засилувач за автомобил Kenwood KAC-6401  (Read 1183 times)

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Проблем со аудио засилувач за автомобил Kenwood KAC-6401
« Opened on 14.02.2013, Thursday, 18:58:11 (Edited 12.04.2013, Friday, 15:42:44) »
Имам еден аудиозасилувач за автомобил марка kenwood модел kac 6401 .
Ми го дадоа да си го поправам за себе.
Проблемот е во тоа што при поврзувањето на напојувањето од акумулатор ,+12v и масата се приклучени обратно.
Ако го приклучам  свети Power диодата ,и влече некоја мала струја како во standby кога работи .
Најдов еден прекинат вод од масата и го поправив .
Беа прегорени фетовите од dc-dc конверторот,ги променив.
Но забележав дека на осцилаторот c494gs на 7 и 12 ножица напојувањето му е 4,45v.
Според datasheet-от на tl494 пишува дека минимален напон за напојување е 7v.
Што според мене би значело дека осцилаторот не работи и поради тоа нема напојување до засилувачите бидејќи го измерив напонот што би требало да го има на излезот од конверторот што ќе ги напојува и на едната гранка е 0v а на другата е 0.5v.

Поздрав!






Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
На пин 12 од 494, треба да има 12V. Дали го поврзуваш и Remote приклучокот на +12V?
Жан

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
без ремоте засилувачот е со станд бај
rules are made to be broken

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Закачи си ги сликите на екстерен хост оти ќе бидат избришани од форум.

Дали кога го мереше напонот засилувачот беше откачен од напојување, провери го колото од напојувањето, пошто спомнаа стенд бај дали има можност да се вклучи во празен од, да мериш колкави ќе бидат напоните
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Да remote го поврзав !

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Извади го колото 494 и измери напон на плочката на пин 12. Ако има 12V, тогаш осцилаторот не е добар, ако нема напон, провери од каде доаѓа, може да има некој неисправен отпорник или транзистор.
Жан

Offline MARK123

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
Одг: Проблем со аудио засилувач за автомоб&am
« Reply #6 on 16.02.2013, Saturday, 00:50:47 (Edited 16.02.2013, Saturday, 13:26:51) »
Ја најдов електричната шема од засилувачов.
Ги проверив сите транзистори ,диоди и некои од отпорниците во склоп на конвероторот.
Имаше еден прекинат вод што едвај се приметуваше и сега е ок има напон 12v на 12 пин но сеуште ми се чини како нешто да не функционира колово 494 бидејќи пак нема никаков напон на излезот,ќе пробам да го сменам...

Споено мислење: 16.02.2013, Saturday, 13:26:51
Го променив колото 494 и засилувачот работи
Благодарам

Поздрав !