Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: Zan on 25.11.2012, Sunday, 14:27:08
-
Еве еден засилувач, што го изработив пред неколку дена. Плочката е нацртана во TraxMaker, а може да се отвори и со Altium Designer.
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/STK463/pic1.jpg)
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/STK463/pic2.jpg)
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/STK463/pic3.jpg)
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/STK463/screenshot.jpg)
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/STK463/ShemaSTK463.jpg)
-
Добар изгледа дизајнот на плочката ;). Само што јас би ги сменил влезните електролитски кондензатори од 1uF/35V со 1uF/50V или 1uF/63V пластични кондензатори ;).
-
Еден мој пријател сака да прави овакво нешто.Сака да знае колку те чинеше? Јас сепак го разубедувам ,да направи нешто поевтино..Затоа те прашувам колку чинеше појачалово.
-
STK463 е 320ден. во Гац, а за другите делови не знам точна цена, ефтини се :)
-
за изработкава имаш 10ка чиста од мене ова ептен ми се свиѓа иако не е направено од мене овака педантно направено ретко кој прави браво уште еднаш.Јас имав УХЕР засилувач со тој STK само кај мене беше STK465.
-
Добар изгледа дизајнот на плочката ;)
за изработкава имаш 10ка чиста од мене
Благодарам :)
-
а што користиш за финиш на плочата ?
или рачно ја калајлисуваш :D
-
Плочката е рачно калаисана, со Cinol паста, па после чистење со нитро разредувач. Ако имате подобар начин, прифаќам предлози :)
-
колкаво трафо користи овој засилувач за напојување?
-
каква е таа Cinol паста, првпат слушам :D
има онај течниот тинол (Liquid Tin) ама скапичок е некако
-
каква е таа Cinol паста, првпат слушам :D
има онај течниот тинол (Liquid Tin) ама скапичок е некако
јас знам дека може со онаа пастана од ГАЦ електроник што е,плус ќе се нанесе калај и многу убаво изгледа плочката.Јас пробав на крај со алкохол да ја исчистам,многу добар резултат.Како на Жан изгледа плочката.
-
http://www.ceneje.si/dom-in-vrt/gradbenistvo-montaza/lepila-tesnila-kiti/cinol-pasta-80-g_-_CX001AF57B
-
Цинол пастата заборави ја под хитно, никако не треба да се користи во електроника бидејќи содржи киселина, која после некое време го разјадува бакарот и предизвикува дефекти.
-
колкаво трафо користи овој засилувач за напојување?
Трафото треба да биде со напон 2х18V, и со моќност 50W или повеќе.
Споено мислење: 25.11.2012, Sunday, 21:00:42
Цинол пастата заборави ја под хитно, никако не треба да се користи во електроника бидејќи содржи киселина, која после некое време го разјадува бакарот и предизвикува дефекти.
Воопшто не пречи, ако убаво се очисти плочката со нитро разредувач ;)
-
Употребувајте колофониум ( кафеав кристален изглед,уствари смола,ги премачкуваат виолинистите влакната на гудалото со него).Ако го растворите во чист алкохол,со таа смеса премачкајте ја бакарната површина и да видите како се леми- не треба никаква паста,бидејки сепак секоја паста содржи киселина и спојот не е толку добар).
-
Цинол пастата ја користат постарите мајстори и винклерите.Мислам дека пречи и тоа многу во твојот случај............Винклерите ја користат наместо да ја оголуваат жицата со скалппер,ставаат цинол на крајот и со појак леткум(ајва) го греат.Цинолот е толку мокен што го трга лакот од жицата.........Јас ја користам само кога треба да калаисам подебел пресек на жица,се нанесува и со леткум од 100вати ја загревам и така лесно се калаисува.Калафониумот мислам дека е подобрата варијанта и служи како изолација.Ако плочката добро се очисти со нитро немаш потреба ништо да ставаш,во калајот има мала количина на калофониум....
Инаку одлично си го склопил засилувачот,многу педантно работиш ми се допага.Ако можеме и да го слушнеме ке биде одлично.............
Поздрав
-
BATKA vam je dao najbolji savet.
-
свига ми се како си ја изработил плочката браво мајсторче ;)
-
Супер е NO COMENT.Како фабричка е само голем ладилник и јако трафо со голема струја и најмалку 4 електролити 10,000мф по 2 на гранка на плусот и маса и минус и маса ке има екстра пеглање на напонот.Мојот засилувач користи 4 по 4700микро 63в и појако свири од тој што има само2 по 4700микро.Така да не жали пари од таму ке црпе сила засилувачот. И не не оставај во неизвесност ајде сакаме слики како си го склопил.Поздрав
-
Оваа плочка ми беше наменета само за тестирање на STK кола, исправно-неисправно. Имав за сервисирање неколку засилувачи кои што го користат ова коло, па затоа ја направив плочката ;D
-
сепак цупер изработка :o
-
Многу убаво Жан
-
и јас го направив ова само ми остана да ги наместам отпорниците од 4,7 оми, инаку наместо стк463 ставив 465 па ке видиме дали ке работи со стк465 ;D
-
Го има направено некој.ако има може слики да ми прати фала
-
фотки имаш на првата страна, инаку јас го имам направено и работи супер, само кај мене наместо стк463 јас ставив стк465 ;)
-
го имам и јас направено ова со СТК465 и одлично работи :)
-
Јас го имав со STK465 го имаше во UHER засилувач
Линк
http://archiwumallegro.pl/wzmacniacz_uher_vg822_gratis_tuner_i_deck-950895330.html
-
го имам и јас направено ова со СТК465 и одлично работи :)
можеш слики да ми пратиш?
-
Може да се стави трафо и 2x 22V наизменичeн ке добиеш 2x 28v што е сосема доволно за него или 2x 24v наизменичен ке добиеш 2X30V.
-
(http://imageshack.us/a/img843/6408/ezty.th.jpg) (http://imageshack.us/photo/my-images/843/ezty.jpg/)
еве слика од мојата СТК
-
Здраво Менде ке може ли програмчето за да ја отворам плочката што си ја правел во мојот програм PCB WIZARD што го имам не ја отвора.Ке може ли да го ставиш и програмот заипуван да го симнам?Благодарам многу.Инаку супер си го склопил одлично изгледа и има јачина.Ова на мојот засилувач беше на +- 42 волти ставено да работи фабрички.Не можев до пола да го пуштам засилувачот повеке од 4-ка копаше од јачина.За техно музика е супер.
-
еве ја има овде спуштисија
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=422.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=422.0)
-
еве некоја фотка и од мене, инаку јас го правев според плочката што ја има ставено жан во пдф формат, но real scale ми испадна на 108% наместо на 100% ама нема везе, ова го напишав чисто онака може и на некој друг да му прави вака проблем. и да планирам да ги сменам во најскоро време електролитите со блок кондезатори секаде каде што минува сигналот ;D
(http://www.mediafire.com/convkey/0eea/hwxhc2fe452lym1zg.jpg)
-
Епа супер, сега едно кутииче мало, стокми го, намести му нешто да светка да биде поинтересно и “буди“ ги комшиите ;D
-
(http://i1072.photobucket.com/albums/w368/zzaann/STK463/pic1.jpg)
Како се поврзуваат проводници на овие „прстенчиња“, се лемат или?
-
Тие прстенчиња се направени од ногички од отпорници и на нив може да се залеми жица или да се стави штипка, а може и без нив ;D
-
Тоа е за да ставиш и залемиш подебели жици. 8)
-
какво напојување треба??
-
симетрично 26-0-26 еднонасочна струја.
-
Шема за напојувањето има некој?
-
Шема за напојувањето има некој?
Аман бре Еддо ти ставив еднаш шема _ трафо,грец и два електролита:Сите напојувања кои се симетрични имаат иста шема - само во зависност од кој напон сакаш да го добиеш ставаш трафо со различит напон на трансформаторот- за 2 х 26V треба отприлика трафото да има 2х20V.
-
дали помегу пиновите 6 и 7 треба да има спој,и помегу 10-11 ?
-
Еве види
-
дали помегу пиновите 6 и 7 треба да има спој,и помегу 10-11 ?
не се спој,туку како на шемата од батка има отпорници од 0,33 оми со моќност од 5вати
-
ок фала
-
го купив овоа трафо
http://www.loging.mk/1174/179980/0/ShowProduct/Mrezen_transformator
сеа ме интересира каков грец треба да земам и колкави треба да се кондензаторите.фала однапред :)
-
Кодирај линкови колега :)
Иначе вакви кондензатори треба да искористиш ( најмалце од 50V за да бидеш сигурен дека нема да имаш никаков проблем) Стави 4 ( по 2 во гранка) http://www.loging.mk/1477/164851/0/ShowProduct/Kondenzator
За грец , било кој грец кој ке издржи од 100V 5A најмалце , еве како за пример :)
http://www.loging.mk/1359/163435/0/ShowProduct/Mosten_Nasochuvach
(Овој ти е ефтин и ке ти заврши работа :) )
http://www.loging.mk/1359/162676/0/ShowProduct/Mosten_Nasochuvach
http://www.loging.mk/1359/170161/0/ShowProduct/Mosten_Nasochuvach
( Најефтин и ке ти заврши работа :) )
-
фала
-
дали може да употребам трафо 2x18w со среден извод?
-
Може и 2 х 18V ( а не W !!!!) .Се разбира со среден извод,за симетричен напон се работи!! Види шема на исправувачот.
-
@Zan ,дали ќе може да ги прикачиш изгледот на водовите во PDF фајл(1:1 размер).Исто така,да направиш мирор на изгледот на горниот слој(деловите) за да може да се зелепи на горниот дел од плочката и да има мапа за секој дел на плочката.
-
Еве mirror на горниот слој (top overlay), а изгледот на водовите, веќе го има во размер 1:1, во првата порака.
-
фала многу,иначе долниот слој(водовите) не ги видов затоа и ти пишав.
-
Нема проблем, направи ја плочката и да видиме слики :)
-
Стави 2 х 15 V.само провери дали трафото е доволно јако за појачалото.
-
како да проверам ?
-
Па ако не поинаку,тогаш по формула - види пресек,претвори во VA и подели со волти ;D 8)
-
martindmx4, среди си ги сликите како што треба за да не ги бришеме...
-
Па ако не поинаку,тогаш по формула - види пресек,претвори во VA и подели со волти ;D 8)
ако може повеќе да ми кажеш дека ништо незнам во врска со трафоа :D
Споено мислење: 13.12.2013, Friday, 21:45:09
и ако е добро тогаш како ке ги поврзам излезите?
-
Многу пати сме ставале шеми за симетрично напојување.Впрочем,прочитај го од почеток постов и ке ти биде појасно.Еве некој материјал за трансформатори,пресметки и една шема за симетрично напојување.
-
ок фала.дали вака би требало да изгледа како на сликата ? и кондензаторите може да бидат 470micro/200 v? дека имам ваквида не купувам други, а грецот обичен кој ке издржи 100волти ?
кај трафото имам 2x15v имам 3 шици кој би требало да се + - и маса и ќе треба секое со секое да ги спојам ?
(https://i.postimg.cc/qvg0fxKn/BR-Capacitors.png)
-
Очигледно немаш многу познавање од електрониката : не 470 ами 4700 мФ и барем 35Vда ставиш во напојувањето.Прочитај нешто за трансформатори,пресметки.. Не е изваден ниту еден туторијал до сега,како гледам,не те интересира теорија малку... Од трафото излегуваат три изводи -средниот оди на маса ,а крајните одат на по еден влез за наизменичен напон на грецот.Грецот има два изводи +/- кои одат на електролитите .Другите два краја на електролитите се спојуваат со средниот вод на секундарот на масата на напојувањето.
-
шемата горе што јја постирав добра е ?
-
На шемата немаш ништо означено. Како може да знаеме дали е добра ако не е означен поларитетот на ниедна компонента?
-
Батка,сликата не кажува ништо ! Еве ке карикирам отприлика:
-
вака добро е?
(https://i.postimg.cc/pL7vP5QS/BR-Capacitors-1.png)
-
Да, добро е.
-
Батка научи се да црташ шеми и да шемираш pcb во некој програм! Ова што го нацрта не личи на ништо.
-
Батка научи се да црташ шеми и да шемираш pcb во некој програм! Ова што го нацрта не личи на ништо.
знам да цртам во псб,ама сеа ова ке го нацртам со маркер за да ги направам подебели водовите.
-
Па не ни мораш плочка да правиш- грецот ,ако има отвор зашрафи го на кутијата ,а исто и електролитите- со две стеги на шасијата и готов е исправувачот.
-
Па не ни мораш плочка да правиш- грецот ,ако има отвор зашрафи го на кутијата ,а исто и електролитите- со две стеги на шасијата и готов е исправувачот.
веке ја направив плочката,иначе фала за советот :)
-
го направив појачалото,работи уште да го склопам во убава кутија и готово.Подоцна ке ставам и слики :)
-
Здраво на сите. ;D И јас го направив овој засилувач, но имам еден проблем. Едниот канал си работи супер а додека на другиот дава едноносчна струја :( досега пробав со две СТК но пак истото.Знае некој што би можело да биде?
-
Дај слики да видиме кај имаш грешка.Неможе и двата интегралци да не ти чинат. Или имаш некаде спој или нешто погрешно имаш ставено или испуштено некој дел да ставиш.Дај слики
-
може некој да ми објасни принципот на работа на овој засилувач???
-
Оди на Гугл и напиши * STK463 datasheet * и ке најдеш се за интегралното коло.
-
(http://www.mediafire.com/convkey/a999/ubgp8rhonowwo0nzg.jpg)
еве ја плочката,се е залемено(оваа слика е кога ја изработив),ми фали трафото и кутијата. ;D
-
Ќе може ли да ставам потенциометар и каков?
-
може јас ставив стерео линеарен од 10к. а ти ако сакаш можеш да ставиш и логаритамски...
-
За регулација на јачината ( волумен) се употребува логаритамски потенциометар ( 10-22К)
-
Да се употребува таков. ама јас бидејки неможев да најдам логаритамски ставив линеарен, и супер е. само што после 80% па до 100% не се осека зголемување на звукот туку изгледа како да е на едно исто ниво, а додека со логаритамскиот ке има промена низ целиот опсег. :)
-
Кажете нешто за звукот :D
-
Еден мој другар сака да прави вакво нешто па го интересира дали може да стави симетрично напојување 36-0-36в права струја инаку трафото е 25-0-25 наизменична
-
За STK463, максимален напон за напојување е 2х38V.
-
Ќе може со тоа трафо,само да има доволно струја.
-
Епа вака дечки другаров го направи појачалото го напојувавме со 36-0-36v ама сеа многу тивко се слуса исто како од слушалки а на поцетокот многу зуеше а интегралецот си грее најнормално 5пати проверивме ама пак исто незнам сто е ставрно ??? ??? :-\
Пс: Заборавив да казам дека отпорникот од 100оми грее два сменивме ама пак исто
-
Може одмајка да ти е рикнат или некои грешни отпорници имате ставено или електролитски кондензатори наопаку ставено.Ако се било како треба залемено без споеви на плоча и делови наместени како по шемата не останува ништо друго него интегралното коло да е од мајка расипано.
-
Кина- и се е можно... ;)
-
отпорниците се добри сите пошто ги мерев со иструмент, кондензаторите наместени ни се како што треба само еден отпорник од 100оми цело време ми гори незнам што е ова прпат ми се дешава вакво нешто. Исто и на плочата 10 пати ја проверив кога ја правев и кога ги лемев елементите немам некој спој напреавено :-\ :-\ :-\
-
имаш спој према маса, затоа ти гори отпорникот од 100оми. интегралното 100% е отидено, затоа најдбро смени го. Кај мене се напојуваше со 29в и работеше супер. ;)
-
имаш спој према маса, затоа ти гори отпорникот од 100оми. интегралното 100% е отидено, затоа најдбро смени го. Кај мене се напојуваше со 29в и работеше супер.
На плочката како што ја гледам нема никаков спој.
-
Џабе што немаш на плочката кога имаш во интегралецот... :D
Смени го...
-
Ете зошто не ги сакам STK ;D.
-
ќе купам деновиве па кје ви кажам што сум направил. иначе нормално е така да зуи или не ??? ???
-
Имам само забелешка:
Реченицата започнува со голема буква.
-
нормално е така да зуи или не
Не е нормално, не терба да зуи.
-
Јас перферирам транзисторски засилувач.Деновиве ке објавам слики и шема од мојот засилувач кој го користам за домашна потреба и ушивам да го слушам.Засилувачот е ископиран од Риз засилувач со радио еве и линк :
http://www.radiomuseum.org/r/riz_stereo_hifi_kombinacija_s.html
од него го ископирав засилувачот а тонската контрола е од Ротел RA 931.