Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: ki4o01 on 14.07.2012, Saturday, 13:41:43
-
Значи телефонов е купен од Т-мобиле и кодиран. до сега немам одкодирвено телефони така да .. И што треба да имам за да го декодирам освем кодот за одкодирвење и ако некој го има ако може да ми го даде. Ако треба имеи ке ви дадам не е проб :D
(http://sim-unlock.net/foto/14_28_35_Samsung_E1150.jpg)
-
Оди фрли 300-ки не се нафаќај сам да го декодираш.Ако се работи за ефтин телефон самсунг имаат доста добра заштита дури и најефтините телефони се тешки за декодирање.1-2пати ако го промашиш кодот се прави тотален lock и станува useless.Јас пробував и ми направи freeze на телефонот и толку,па морав да го носам да му направат unfreeze и плус декодирање.Башка тешко е да најдеш бесплатен софтвер за таква работа.
-
абе јас не го користам телефонов ама сакам да пробам. Да се научам ако ме разбираш.
-
Тешко и тоа,ти треба или код или пак софтвер за да го флешуваш наново телефонот.А ниедно од тие две не се добива лесно...едино ако имаш некој познат што се бафта со телефони па да ти даде таков програм.
-
се изнабарав по нет ама ги имат само оние стандарднине кодој за ресетирање :/
-
Треба малку време за да се навлезе во овие работи, а и да навлезеш, замо теоретски ќе биде тоа бидејќи ти требаат онакви box-ови како што имаат сервисерите и/или посебен софтвер кој тешко се наоѓа. Така да, моја лична препорака е, не ни пробувај, имам потрошено доволно време на вакви работи за да сватам дека во принцип без алатките, ништо не можеш да направиш, освен да го зезнеш телефонот.
-
За некои модели има УСБ флашери (Оптифлаш на пример )баш за твојов нема . Не сум толку навлезен во тематикава ама за овој модел мислам оти нема . Мора на бокс да оди . Ако веќе толку те интересира има на интернет прогуглај UniBox мислам дека се викаше и е направена со MAX232 е сеа малку споро оди ама тоа е .
-
Сега ке побарам можда ке излезе нешто :D
-
1 - Моќта на телефонот,, тип: * # 7.465.625 #
ќе се идентификуваат ови кодот е активен, која ја е неактивна
2 - Извадете ги батеријата,, Стави вашата SIM картичка, не сите од неа, само за да се подготви за да биде целосно вметната, ги ставаш батеријата назад и моќ на телефон,, мора да се види "Вметнете SIM" не "валиден SIM .."
3 - тип: * 2767 * 3855 #
Вашиот fone треба да го рестартирате по 1 мин,,
сега, и пред таа да го рестартирате, помогнам на вашата SIM картичка, без отстранување на батерија
4 - Вашиот телефон треба да работат и да го прифатат SIM картичка,, но ако Chek брави ќе најдете дека вашиот fone се уште Loked
5 - сега типот: * 7465685 * 638 * 00000000 * 00000000 #
вашата отклучување кодот е 00000000 сега, hh Уживајте ;)
-
леле гугл транслејт си правел, на ништо не личи преводот ;D
подобро на англиски да го ставеше
-
Богами на англиски подобро ке го разберевме :D
-
За декодирање на овој телефон треба посебен софтвер кој се наплаќа и обавезно бокс и адаптер за боксот. Без овие ,,алатки“ ништо нема да постигнеш освен да го направиш телефонот useless. А тоа ако сакаш да декодираш телефони неопходно е да вложиш барем едно 1000е па да започниш а тоа дали ќе ги извадиш парите сам си знаеш. Исто да напоменам дека за за едно имеи еден код, нема никаков универзален или слично. А за андроид телефон да не правиме муабет колку е полесно да се декодира али ти треба тоа спомнатото погоре :)
-
Да да, подобро на Англиски да е ;D. Вака ништо не се разбира ;D.
-
декодирање ви е најнеисплатлива инвестиција....мора да имаш барем 5-6 боксови кои се по 500-600 евра еден, и кавли околу 20-30 се и се 10ина евра парче....никогаш нема да се исплатат!
-
декодирање ви е најнеисплатлива инвестиција....мора да имаш барем 5-6 боксови кои се по 500-600 евра еден, и кавли околу 20-30 се и се 10ина евра парче....никогаш нема да се исплатат!
Во голема грешка си со твоето мислење дека не се исплати. Парите што ќе ги вложиш и ако си добар мајстор да се прочуеш ѓи вадиш за 1 година сигурно може и ногу ќе е .
-
Пратиго, ке ти го декодирам беспари.
Ги имам боксовите за самсунг
-
Во голема грешка си со твоето мислење дека не се исплати. Парите што ќе ги вложиш и ако си добар мајстор да се прочуеш ѓи вадиш за 1 година сигурно може и ногу ќе е .
Со 300, 400 ден од мобилен(зависи кој...може и многу повеќе)?
100 евра годишно за софтвер, и плус за некои телефони кодот се плаќа...израчунај ;)
-
Во голема грешка си со твоето мислење дека не се исплати. Парите што ќе ги вложиш и ако си добар мајстор да се прочуеш ѓи вадиш за 1 година сигурно може и ногу ќе е .
Со 300, 400 ден од мобилен(зависи кој...може и многу повеќе)?
100 евра годишно за софтвер, и плус за некои телефони кодот се плаќа...израчунај ;)
Немам што да рачунам тоа го работиме ;)
-
И јас секој ден сум во сервис кај 1 другар киснам...напамет не го смислив ова :P . Незнам, самиот тој ми рече нема шанса да вратиш инвестицијата. Како било, ако имаш повратено влогот, браво! :)
Иначе сервисов е на сред чаршија, полн е секогаш и ради тоа докажување, да се прочуеш и сл. и кога не му се исплаќа тој поправа да остане образ. Зошто еден да “проке*а“ доволно е. :))