Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Malecko on 19.06.2012, Tuesday, 00:33:03

Title: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: Malecko on 19.06.2012, Tuesday, 00:33:03
Eве неколку прости примери за заштита на MOSFET транзистори во SMPS напојувања,теслини трансформатори,индуктивни грејачи,АC to DC,DC to DC конвертори итн.Само со додавање на неколку компоненти можете да го заштите мосфетот,а и целиот склоп(PWM-то).Заштитите се како „пригушувачи“ за шпицеви(Peak) т.е мек старт за мосфетот.Случајно да не се појави некој висок напонски шпиц и да ви прсне мосфетот во фаца и да останете без очи ;D(ова ми се има десено и за малку ќе останев без десното око,среќа во капакот од окото ме погоди делчето од мосфетот:o :D).Овие по нет ќе ги најдете како "MOSFET snubbers" или "RC/RDC snubbers".Има 2 (3) типа RDC (RCD) и RC.Еве пример за заштита на мосфет со RCD и RDC snubber во Flyback врска.Oваа врска е само со еден мосфет и обично се користи каде се бараат помали моќности,и компактност на склопот.Но има исклучоци.Имам видено и 800W напојување каде се користи оваа врска...Првиот пример ви е најлошо поврзување на мосфет т.е без никаква заштита.Вака многу лесно гори мосфетот.Вториот пример е со заштита,ама не целосна...Подобро нешто од колку ништо ;D.Исто така оваа врска е најкористена.Третиот пример е најдобра заштита,со додавање на уште 3 делови према маса.

(https://i.postimg.cc/VfxTsJL0/20hoxhd.png)

Eве заштити за half bridge врска,или 2 мосфети и 2 кондензатори.Исто како во предходната врска,првиот пример е најлош т.е без никаква заштита се мосфетите.Вториот пример има некоја заштита,обично оваа најмногу ја користат знам јас на теслиниот ставав ваква заштита.И третиот пример е најдобра заштита,за секој мосфет посебно што е подобро нели,ама е и најретка скоро никаде не ја ставаат оваа.Може тука да се стави уште подобра заштита или RCD snubber.Tреба да доцртам...Тоа е таа врска од вториот пример погоре што е кај flyback-от

(https://i.postimg.cc/MwNgmFbZ/riepmv.png)

И на крај full bridge врската,само со 4 мосфети.Тука нема некоја филозофија обично се става RC snubber на трафото или пак 4 диоди.Незнам точно кое е подобро и незнам дали може да се мешаат,да се стават и 4 диоди и ова RC snubber-от.

(https://i.postimg.cc/k9Sz1vfQ/xd061.png)

Eве и неколку начини за заштита кај гејтот на транзисторот.Првиот пример е најлош,без никаква заштита директно поврзано на гејтот од мосфетот.Има шанси ако изгоре мосфетот,а со тоа да го повлече и склопот кој го контролира па така да настане поголема штета.Вториот пример е со додаден отпорник и зенерка,попрво ќе изгоре зенерката него ли целиот склоп.Исто така ова е и заштита за мосфетот,ако случајно дојде превисок напон на гејтот па за да не се оштети зенерката го лимитира напонот.Зенер диодите кај гејтовите се обично 12,15 и 18V-ни.Третиот пример е најдобар со додадена уште една диода и отпорници.Најчесто имам сретнато како во 4-тиот пример со 2 зенерки поставени контра една од друга.И 5-тиот пример кој според мене е најдобар бидејќи мосфетите се комплетно изолирани од склопот кој ги контролира.Ова е мало трафо,се мота на феритен прстен трифиларно 3х15-20намотки.На интернет ќе го најдете под поимот„GDT=Gate Drive Transformer“

(https://i.postimg.cc/7wycpJWp/2nbhd0n.png)

Толку од мене,јас толку знам останатите дополнете и поправете што сум допуштил и згрешил ;) ;D
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: ShAdOw on 19.06.2012, Tuesday, 00:46:52
Одлично Malecko, само продолжи вака ;).
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: GigaWatt on 19.06.2012, Tuesday, 16:40:03
Браво, и мене ми се допаѓа ;).

Мислам дека темата вреди за pin ;).

ПС: Кај заштитите за гејтот на MOSFET-ите, имаш пропуштено еден тип на заштита која е исто така често користена ;). Врзување на MOSFET-от преку оптокаплер ;).
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: Malecko on 19.06.2012, Tuesday, 18:40:38
Eве да дополнам уште една заштита кај flyback врската.Оваа заштита повеќе се применува каде што треба да се контролира некој мотор...Друга работа има доста добра заштита и со плус додавање на операциски засилувач кој ќе ја надгледува струјата која тече низ отпорник т.е низ мосфетот.Оваа е многу добра заштита,бидејќи ако осети склопот поголема струја дека протекува низ мосфетот/отпорникот склопот се гаси...Функцијата се вика "current sense" или "current monitoring".Поновите интегралци имаат вградено ваква функција,само со поврзување на отпорникот тие автоматски ја надгледуваат т.е нема потреба од додавање на други интегралци/делови.

(https://i.postimg.cc/kgQv75G9/u0ad4.png)

Еве и пример за такво коло со „current sense“.

(https://i.postimg.cc/0N9djqKS/fig101.png)

Eве уште некој тип на изолација за гејтот на транзисторот,проста со две диоди и другата со оптокаплер.Втората е подобра бидејќи има додадено отпорник на самиот излез од PWM контролерот и зенерка за ограничување на напонот.

(https://i.postimg.cc/q7QcCZ25/2md182u.png)
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 10:40:56
А можи нешто како она второно да се искористи кај НПН транзистор(мислам дека и тие спаѓаа под мосфет-и)и дај кажи некоја вредност(колкав отпор на отпорникот, колку намотки на индукторите, колкав капацитет на кондензаторот и.т.н.)
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: Devil on 13.11.2013, Wednesday, 14:01:10
NPN транзисторите како и PNP се биполарни транзистори и не спаѓаат кај MOSFET-ите
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: GigaWatt on 13.11.2013, Wednesday, 14:19:19
А можи нешто како она второно да се искористи кај НПН транзистор(мислам дека и тие спаѓаа под мосфет-и)и дај кажи некоја вредност(колкав отпор на отпорникот, колку намотки на индукторите, колкав капацитет на кондензаторот и.т.н.)

Ова се генерализирани шеми, без анализа. Анализата ќе мораш сам да си ја направиш врз база на горната гранична феквенција која сакаш да ја филтрира филтерот (LC или RC).
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: Atanas on 13.11.2013, Wednesday, 21:31:53
Мене ми треба нешто да филтрира високонапонски шилци, ништо друго. оти се загрева транзисторот кога го драјвува трафото.
Title: Одг: Заштити кај MOSFET транзистори
Post by: GigaWatt on 13.11.2013, Wednesday, 22:07:18
Тогаш пресметај горна гранична фреквенција на LC или RC филтер и искористи некоја од шемите. Имаш online калкулатори, а и во секцијата за програмчиња мислам дека имав ставено некое за пресметка на филтри ;).