Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: at.koce on 25.12.2011, Sunday, 16:31:30
-
Имам проблем со интегрирана звуична картичка, не дава на излез ништо а инсталирани се грајверите. Се работи за GIGABYTE GA K8N51GMF-RH матична плоча.
-
Не е ништо чудно да е изгорена.Прво од на My komputer,десен клик , па Properties,Hardware,Device manager,па види да не е звучната со прашалник или пречкртана. Преинсталирај ги одново драјверите од Device manager со десен клик врз драјверот.
Дали си ги проверил дали се тие оригинал драјвери? Ова го зборувам под услов ОС да е Win XP!.Ако се работи за седмица ситуацијата е друга.Можно е да треба да побараш нови драјвери,само за седмица,а за КN851 би требало да има на интернет.Ако не бива и со тоа,исклучи ја интегрираната во БИОСОТ ( види и таму да не е случајно по грешка исклучена!),па стави си нова ,само 450 ден . кошта.
-
Се работи за ХP. Иначе драјверот е инсталиран од драјвер пак, па би требало да е тој, другото се е во ред
-
Провери во БИОС да не е исклучена! И види во Device manager дали е таму прешкртана или пожолтена со извичник.
-
Во Device manager се е во ред, во БИОС е наместена на AUTO (само auto и disable има). Приклучив и микрофон, тоа си работи нормално.
-
Веројатно излезот е прегорен :Ако си врзувал некој кабли и додатни појачувачи,си го изгорел.Кој тип беше драјверот? Купи си нова звучна и исклучи ја ова онборд во БИОС. Има и звучни на УСБ - со излез за мик и слушалки ,како стикче -350 ден.
Поедноставно здравје.
[/quote]
-
Слушалките се исправни. Драјверот е ALC850
-
Да,видов и јас Алсоунд е ! Спрема ова што кажуваш честитам нова звучна!
-
Слушалките се исправни. Драјверот е ALC850
Сигурен си дека слушалките се исправни? Земи измери со омметар, треба да имаат околу 30 оми кога волуменот им е на макс.
-
Веројатно знае човекот дали слуша или не слуша на слушалките ;D И од каде да знаеме какви слушалки има тој ? Јас имам пример 16 омски слушалки.Има и 2 х1000 оми слушалки.Нема тука правило.Ама кога човекот вика дека се исправнио,веројатно ги проверил и на друго место.
-
Точно Батка ;D Ги проверив, работат нормално, проблем е до звучната
-
Купи си нова и исклучи ја старата да не ти прави проблеми. ;D
-
Најдов УСБ звучна за 250 ден нова :D
-
Добро е,тие ги имавме порано.Сега добив по 350 ден.,помали се имаат само излези за мик./слушалки и се со софтвер ( драјвери и некој плеер кој не е баш ништо нарочито.За ХР и седмица . ;D ;D Овие за вградување се 6.1 и затоа се поскапи.
-
Мене не ми треба нешто посебно. Доволно е за слушање музика и муабетење на скајп ;D
-
Провери си го напојувањето, onboard звучни картички често знаат први да се зезнат ако напојувањето на компјутерот има суви електролити во него или ако нешто друго не е во ред со него :S. Провери си бидејќи потоа може да си имаш поголеми проблеми ;).
-
Веројатно знае човекот дали слуша или не слуша на слушалките ;D И од каде да знаеме какви слушалки има тој ? Јас имам пример 16 омски слушалки.Има и 2 х1000 оми слушалки.Нема тука правило.Ама кога човекот вика дека се исправнио,веројатно ги проверил и на друго место.
Па 95 % од “комјутерските“ слушалки кај нас, се 2 х 32 оми. И ако ги приклучил во расипана звучна карта лесно може и тие да изгорат, односно да се стопи лакот на изолацијата и отпорот да им се намали, оти може на излезот од звучната карта да се јави еднонасочен напон.
-
Човекот кажа дека слушалките му работат,веројатно ги проверил.
-
Ги проверив и работат, не зборам на памет :D
-
Провери ги кондензаторите да не има случајно некој ладен лем ;)
-
Немаш некој пријател кој случајно има хот аир па да си го смениш само интегралчето ? на бувљак имаш стари плочи колку сакаш .