Македонски форум за електроника

Огласи и понуди => Понуди => Topic started by: SaleSk on 23.12.2011, Friday, 11:10:33

Title: Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема
Post by: SaleSk on 23.12.2011, Friday, 11:10:33
Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема

Фирмата АД. Др Пановски има потреба од сервисер на лабараториска и биохемиска медицинска опрема.

Способности и посебни професионални вештини:

1. Високо образование – (опционално) Електро или друг соодветен технички факултет
2. Работно искуство не е потребно, но е во корист доколку го има и тоа бо полето на сервисирање на ваков вид на опрема
3. Одлично познавање на англиски јазик
4. Работа со компјутери
5. Познавање од областа на електрониката

Способности и посебни професионални вештини:

1. Способност за самостојно решавање на проблеми
2. Комуникациски способности
3. Донесување на брзи решенија во критични моменти
4. Кооперативност, тимска работа,
5. Иницијативност

Вашите CV-ја доставете ги на е-mail: service#drpanovski.com.mk, или доколку имате повеќе прашања
контактирајте ме на приватна порака.

Знакот # заменете го со @....

Предност имаат кандидатите од Скопје
Title: Одг: Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема
Post by: Zdravkovski on 23.12.2011, Friday, 13:10:45
фирмава мислам дека почесто го поставува овој оглас или се лажам ?
Title: Одг: Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема
Post by: GigaWatt on 23.12.2011, Friday, 13:19:26
Еднаш беше поставен, ама колку што ми текнува беше затворен бидејќи беше пополнето работното место.
Title: Одг: Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема
Post by: Zdravkovski on 23.12.2011, Friday, 13:23:12
не зборувам за тука на форумов мислам дека почесто сум го среќавал на места специјализирани за вработување (да не посочувам каде)
Title: Одг: Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема
Post by: SaleSk on 24.12.2011, Saturday, 00:46:48
Првиот оглас што беше поставен беше за работно место за сервисер на медицинска опрема која вклучуваше сервис на ласерски принтери за Rtg филмови, Rtg апарати итн.  Ова е сосема друго работно место поразлично од она првото. Односно се разликуваат работните задачи. Заради обемот на работата, потребно е да се вработи уште еден сервисер кој ке го работи како што е нагласено во самиот наслов, односно лабараториски апарати и биохемиски апарати. Што опфаќа ова, доколку е некој заинтересиран конкретно, може да ме контактира на приватна порака.

Инаку огласот го објавувам на неколку форуми каде што најголем број од членовите се со или студираат на технички факултети. На минатиот оглас имаше доста членови кои своите CV-а ги имаа доставено баш по читањето на огласот од форумот, а за да нема небулози, беше избран и еден од нив, кој е вработен во моментот. Инаку официјално фирмата објавува и јавен оглас кој мора да биде објавен според закон за отварање на ново работно место.

@Zdravkovski
Значи овој оглас се објавува за првпат, а како што објасни  GigaWatt првиот оглас беше затворен како што рече затоа што беше пополнето работното место.
Title: Одг: Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема
Post by: SaleSk on 28.01.2012, Saturday, 11:10:47
Огласот е активен до крајот на наредната недела, односно до 03.02.2012
Title: Одг: Оглас за вработување на сервисер за лабараториска и биохемиска медицинска опрема
Post by: SaleSk on 21.02.2012, Tuesday, 17:30:25
Огласот се затвара.

Може клуч :)