Македонски форум за електроника

Други технологии => Компјутерска технологија и софтвер => Topic started by: barmen on 11.09.2011, Sunday, 17:32:07

Title: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: barmen on 11.09.2011, Sunday, 17:32:07
Поради недостиг од усб -порти , си купив usb hub , Ама проблемот е во тоа што ми прегорува 2 во рок од 5-6 месеци. Знаци на него имам вклучено само тастатура ,флеш меморија (стик ) ,понекогаш и кабелот за синхронизација со  телефонот или дигиталниот апарат.Може ли некој да ми помогне во што е проблемот?
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: Steff_Maja on 11.09.2011, Sunday, 17:52:53
Можеби не може да издржи толкав проток на струја низ него.
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: filipmkd on 11.09.2011, Sunday, 18:23:40
Можно е да ти е до напојуванјето на компјутерот имаш поддуени електролити ... нестабилен 5в напон и затоа прегорува
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: batka on 11.09.2011, Sunday, 19:38:24
Менувај го напојувањето! Втора работа е кога ке ставиш ново напојување мери го напонот+5 V на некој молекс и ако напонот започнува да расте од 5 накај 5,4 V ,прво провери дали имаш подуени кондензатори на матичната.Ако  нема видливи оштетувања на кондензаторите, тогаш веке сомнежот е во матичната!
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: barmen on 12.09.2011, Monday, 01:28:48
Напојувањето ми е ново, сменето е пред 6 месеци .Ама сепак треба да го отворам па да видам дали се подуени електролитите во него .А можно ли е да се изработи некоја заштита на која ќе го приклучувам
usb hub- от , инаку и да купам утре ново повторно ќе ми прегори .
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: GigaWatt on 12.09.2011, Monday, 03:39:47
Има полесен начин да го решиш проблемот со недостатокот на USB порти. Многу луѓе не знаат, но на матичните плочи има многу повеќе од 4 задни USB порти и две предни. Најчесто (барем на поновите матични плочи, LGA775 па нагоре) има околу 8 или 10 USB порти, зависи од матична плоча до матична плоча и од производител и големина на матичната плоча. Значи, имате 4 задни USB 2.0 конектори и уште 4 или 6 UBS 1.1 порти кои се поврзуваат преку кабли за задниот или предниот дел од куќиштето. Тие порти што ги викаат Front USB Port се всушност само две од вкупно 4 или 6 порти кои можат да се врзат со додатни кабли за задниот или предниот дел. Всушност, реално гледано, не постои нешто како Front USB Port конектор на матичните плочи, тоа се само додатните USB 1.1 порти. Така да, со додатни кабли, можеш да си ги врзеш останатите 2 или 4 порти (две се искористени за Front USB, остануваат уште 2 или уште 4 порти кои се неискористени на самата матична плоча) за задниот дел од куќиштето. Портите се најчесто означени како USB_5_6 или USB_7_8 на самата матична плоча, имаат по пет пинчинња (конектори) во ред., а најчесто се поставени во два реда, по две порти од еден конектор (така се изведени конекторите, да можеш да приклучиш по две порти од еден конектор). Само пази да не го згрешиш распоредот на Vcc и GND на конекторите, можеш да го изгориш уредот кој ќе го приклучуваш на USB портот. Најдобро, види како оди распоредот на каблите (Vcc и GND) на Front USB конекторите и води се според нив (најлчесто, црвената е Vcc = +5V, а црната е GND).

А можно ли е да се изработи некоја заштита на која ќе го приклучувам
usb hub- от , ...

Многу просто, ќе ставиш 5.1V зенер диода ;). Иако, морам да признаам, не знам како ова ќе влијае на SMPS компјутерско напојување, но еднаш видов во едно custom made SMPS напојување баш зенер диода за да се држи константен напонот, така да, би требало да функционира ;).
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: Goce on 12.09.2011, Monday, 09:04:16

Многу просто, ќе ставиш 5.1V зенер диода ;). Иако, морам да признаам, не знам како ова ќе влијае на SMPS компјутерско напојување, но еднаш видов во едно custom made SMPS напојување баш зенер диода за да се држи константен напонот, така да, би требало да функционира ;).

Тие зенерки најчесто се ставаат како заштита ако во напојувањето се случи некој квар од кој може да се зголеми излезниот напон.
Со зенерка неможеме да направиме стабилизатор кој ке може да издржи поголем товар.
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: bicikle on 12.09.2011, Monday, 10:28:27
не ма д аврви низ зенерката голема струја кога напонот е под вредноста на зенерката, патем за да не се преоптовари усб-то од пц-тпо пожелно е пред зенерката, на + да се стави отпорник, би требало д е од редот на неколкку стотици милиоми, значи 0.47, 0.33...  пред да се пресмета моќноста на зенерката треба да се направат некои пресметки, али д ане ја тупиме, 2 зенерки паралелноп споени од по 5 вати и отпорник од 10 вати...
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: GigaWatt on 12.09.2011, Monday, 13:51:14
Тие зенерки најчесто се ставаат како заштита ако во напојувањето се случи некој квар од кој може да се зголеми излезниот напон.
Со зенерка неможеме да направиме стабилизатор кој ке може да издржи поголем товар.

Не не, јасно ми е што и е функцијата на зенерката ;). Тоа јасно ми е ;). Не знам како ќе влијае нејзината импеднаса врз компјутерското напојување доколку се надмине зенеровиот 5.1V-ен напон, на тоа мислев ;). Да не случајно ја „гледа“ како краток спој, па да се активира заштитата и да се изгаси компјтерот, мада не би требало, но немам ставено таква работа на компјутерско напојување.
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: ivica.s on 12.09.2011, Monday, 16:31:26

Гига за ова си во право, над 5.1 волти зенерката ќе се однесува како краток спој, всушност на тој начин таа го регулира напонот, вишокот волти ги “носи“ на маса и притоа се загрева. Веројатно попрво ќе изгори зенерката него ли напојувањето, ама мислам дека не вреди да се ризикува. Нека си измери barmen напонот од 5 волти и ако е висок нека си купи ново напојување, нема тука многу место за импровизации.  ;)
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: Devil on 12.09.2011, Monday, 16:36:43
за да не ви прави таков проблем зенерката, пред неа се става обична диода во серија, после диодата се става зенерка и напонот после ова има вредност од зенерката, а пред диодата си е тој што иде :)
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: batka on 12.09.2011, Monday, 17:12:25
Не знам дали и зенерка и отпорник би помогнале.Може само да направат проблем.Предните конектори на кукиштето кај сите плочи не работат( не можат да работат) поради повеке проблеми.Друго, ако 5V магистрала не е исправна проблемот најчесто треба да се бара во УСБ контролерите .Ако тие се премостат со 5V директно од напојување УСБ портовите...ама ,тоа е процедура.Друго,поедноставно решение е PSI плоча со 3 до 5 УСБ порта додатни,веројатно најбезболна опција.
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: filipmkd on 12.09.2011, Monday, 17:59:45
Гигават сите матични плочи имат по 2 усб другите приклучочи на плочата се само вграден усб хуб па џабе е и таму да приклучи
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: GigaWatt on 12.09.2011, Monday, 19:56:37
за да не ви прави таков проблем зенерката, пред неа се става обична диода во серија, после диодата се става зенерка и напонот после ова има вредност од зенерката, а пред диодата си е тој што иде :)

Аха, ми стана јасно, всушност „вишокот напон“ оди во непропусна насока на обичната диода и не страда напојувањето, така ќе му дојде?

Гигават сите матични плочи имат по 2 усб другите приклучочи на плочата се само вграден усб хуб па џабе е и таму да приклучи

Да да, знам дека се, но зошто џабе, тие порти стојат неискористени. Знам дека сите делат еден USB порт во принцип (затоа и реков USB 1.1, малку да поедноставам ;), тие порти „одат“ со 2.0 Full Speed само ако на еден конектор истовремено има приклучено еден USB уред, доколку има повеќе и сите истовремено комуницираат, вкупната брзина ќе им биде како на еден USB 2.0 порт, инаку нема да има биде), се случува некогаш некои производители да стават и по еден USB hub на 2 порти, но сепак, ретко се случува ова. Како и да е, поентата е дека како порти (чисто како порти) постојат, така да, зошто да не ги искористи, освен (се разбира) ако не му е потребно USB 2.0 Full Speed комуникација ;).
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: barmen on 12.09.2011, Monday, 20:09:35
Значи вака , измерив напон на усб портите  и напонот се движи од 5.07 - 5.09 волти . Значи дека ако напојувањето е исправно тогаш, од што гори  usb hub - от .Денеска купив нов usb hub , им го кажав проблемот во продавницата за компјутери и ми кажаа никако синхронизација со телефон , дигитален апарат или усб звучна,бидејќи тие повлекувале премногу струја. Епа да видиме   ;D
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: ivica.s on 12.09.2011, Monday, 20:45:59
Значи вака , измерив напон на усб портите  и напонот се движи од 5.07 - 5.09 волти . Значи дека ако напојувањето е исправно тогаш, од што гори  usb hub - от .Денеска купив нов usb hub , им го кажав проблемот во продавницата за компјутери и ми кажаа никако синхронизација со телефон , дигитален апарат или усб звучна,бидејќи тие повлекувале премногу струја. Епа да видиме   ;D

Напонот е во ред.

А чекај каков ти е новиот усб хаб, има ли додатно напојување со адаптер или слично?

Некои немаат додатно напојување, се напојуваат само од комјутерската усб порта, значи околу 500 милиампери максимум, некои хабови пак се приклучуваат на повеќе усб порти за да можат да влечат повеќе струја.

Значи можно е и ова да ти прави проблеми, не ги приклучуват сите уреди наеднаш особено ако хабот нема додатно напојување.
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: batka on 12.09.2011, Monday, 20:49:11
Па што врзуваш на хабчето?? Види во *смешни слики* имаше направено апаратче за варење кафе на УСБ... да не имаш и ти нешто такво!????  :D :D
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: GigaWatt on 12.09.2011, Monday, 20:53:01
Тие хабчиња се пред се за USB Flash мемории, и некои други работи кои не „влечат“ струја од USB порт, на пример скенер или така нешто (скенерите си имаат нивно напојување ;)).
Title: Одг: Зошто usb hub-овите ми прегоруваат на компјутерот
Post by: Steff_Maja on 13.09.2011, Tuesday, 00:40:33
Јас мислам дека проблемот е тоа што уредите што тој ги повржува повлечат повеќе струја отколку што може да издржи тој Hub и изгори.

Значи едно усб, апарат и телефон (кој зема струја од тука за да ја полни батеријата) се неподнослива комбинација.