Македонски форум за електроника

Други технологии => Сè останато => Topic started by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 03:31:42

Title: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: BorceBT on 10.10.2009, Saturday, 03:31:42
Еве косилица за трева направена со таков мотор (не го заборавајте стартниот кондензатор доколку ја правите) и како што може да забележите телото е направено од... ЛАМИНАТ. Некој ќе се смее ама ја користам веќе 3 години и уште е добра. Тоа е тоа. А...да, и плус рачките се од алуминиумски профили од стари антени за телевизија. Тотална рециклажа.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=63.0;attach=12739)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Steelheart on 11.11.2009, Wednesday, 07:39:04
хахахаа... закон ејј,
И јас имам дома ваква напраено! партали прај!  ;D
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Devil on 11.11.2009, Wednesday, 12:45:51
и јас имам вакво нешто
хаха
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Crypter on 11.11.2009, Wednesday, 14:25:47
Стварно е закон, дома мојава партали праи, еднаш за малце и живата ограда ќе ја скастрев
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Baze on 21.01.2010, Thursday, 17:01:23
Се согласувам супер е,јас дома имам изведено со горниот дел од стар бојлер сечен е како капак и над него го инсталирав моторот а фактички внатре е ножот
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Devil on 21.01.2010, Thursday, 18:07:31
исто како мене хаха
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Bojan on 01.03.2010, Monday, 20:17:09
татко ми порано имаше направено ваква...се што ке и дојдеше на пат сечеше...ама па моторот рикна и ја фрливме...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Gestak on 28.03.2010, Sunday, 01:45:04
И јас имам правено ама не замене за пријатели. ;D
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: antonio@arsenal on 28.03.2010, Sunday, 10:48:01
И јас имам направено слична ама мојата е од џидрофорско моторче за вадење вода (слабо е) ама моето е со 2мм плех и со штравчиња кој што ке ја видеше велеше абе аман што изум ке беше ова (ко да немаат видено косилка) и друго Борче да го прашам каде го набави ножот   јас зедов едно право железо и го избрусив и добро сечеше ама беше многу тежок.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: BorceBT on 28.03.2010, Sunday, 11:53:57
Ножот ми го направи ковач кој за жал повеќе не работи во пазарот (му го зедоа дуќанот). Иначе ковачот го направи ножот супер, дури беше и центриран како што треба.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: VLATKO* on 12.05.2010, Wednesday, 18:32:19
и јас имам DIY косалка,мотор од калорифер,телото е изработено од 5мм челичен лим,тркалцата и рачката од стара количка за бебиња.е ножот ми е од индустриски бонсек само го наостривме и на него се заварени како лопатки за да ја фрла тревата нанадвор.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 12.05.2010, Wednesday, 21:52:52
Супер, уште да живеев во куќа, ама нема везе, ќе и ги кастрам цвеќињата на мајка ми по дома, хахахахаах :D :D :D.

A со што друго може да се изведе пeрката, ова чисто информационо. Не може од перкине за „хладњак“ на кола (не знам дали станува збор за тој дел од колата, не се разбирам многу во коли, така да корегирајте ме ако грешам ;))?
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Devil on 12.05.2010, Wednesday, 21:58:11
јас како нож користам челичен лим 1мм дебел
наострен од двете страни и дрва и се коси
инаку косилката моја е чисто рециклирање ништо ново нема на неа се е искористено од некој стари уреди по дома :D
 
Еве и сличе
инаку на грешка сум ја сликал црно бело, ама нема врска важно се гледа што како
(http://pic.mk/thumbs/dsc0001273694738.jpg) (http://pic.mk/?v=dsc0001273694738.jpg)

конструкцијата е проста седиште од кола ( се разбира старо  ;D ;D ) плус горниот капакот од бојлерот кој е исто така метален, тркала од количе за бебиња и мотор од машина за перење :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 12.05.2010, Wednesday, 22:11:12
конструкцијата е проста седиште од кола ( се разбира старо  ;D ;D ) плус горниот капакот од бојлерот кој е исто така метален, тркала од количе за бебиња и мотор од машина за перење :)

Попросто, амин ;D.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Bojan on 13.05.2010, Thursday, 13:21:31
а бе луѓе негде гледав (мислам дека беше) за мотори од машина за перење, дека кога ке се уклучат во струја цело време си ја зголемуваат брзината и ако не ставиш некое оптоварување на моторот може да ти се разлета цел...точно ли е тоа или не???
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 13.05.2010, Thursday, 14:18:45
Не знам, ама најверојатно доволен отпор е косењето на тевата, не е мал отпор тревата, може да има ситни грмушки, плевел, жива ограда, мали дрвциња, најверојатно ова е доволно оптоварување ;).
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Devil on 13.05.2010, Thursday, 18:37:47
нема врска хахах
цело време си е со некоја константна брзина
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: BorceBT on 13.05.2010, Thursday, 18:38:49
Тоа е синхроната брзина (мислам околу 3600 обртаи ако не се лажам) и тогаш моторот е најмоќен.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 13.05.2010, Thursday, 18:49:52
Хмммм, не сум знаел дека моторите од машините за перење се синхрони, мислев дека се асинхрони, фала за info ;).
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: BorceBT on 13.05.2010, Thursday, 20:45:25
Не, точен си дека моторот е асинхрон но сите тие мотори се стремат да ја постигнат теоретската синхрона брзина и се најмоќни на околи 80-90% од таа брзина а најмалку се моќни на 0 обртаи (застанат мотор) и така можат да изгорат ако стојат.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 14.05.2010, Friday, 04:29:15
Aха, значи максимална торзија (момент на сила) имаат на околу 80-90% од теоретската брзина кон која се стремат, а кога се „закочени“, може да изгорат (добро, тоа важи за било кој мотор, не само за мотор од машини за перење) и маат најмал момент на сила. Значи треба да се остават да се забрзаат (претпоставувам релативно кратко време им треба, 5, 6 секунди), па тогаш да се коси. Добро разбрав? ;)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за п
Post by: BorceBT on 14.05.2010, Friday, 11:20:00
Да, така е. И ако случајно некаде „запне“ и моторот изгуби многу од брзина или застане мора одма да се поткрене косилката за да засили моторот на максимум и продолжуваме со косење. Тоа е „техниката“ иако тоа ретко се случува и само ако тревата е многу густа и влажна.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 14.05.2010, Friday, 15:26:26
Колку што знам ова не важи за синхроните мотори (оние без четкици кои се монтираат во вентилаторите од бит-пазар :D) кои имаат најголем момент на сила кога се закочени. Барем колку што сум забележал јас, најлесно можеш да ги закочиш кога се забрзани, а најтешко можеш да ги држиш „закочени“ (ти лизагаат од рака). Не знам дали сум во право за ова, не се разбирам многу од мотори.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: BorceBT on 14.05.2010, Friday, 17:51:42
Тие се други, таканаречени Shaded Pole мотори.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: cekaj on 16.06.2010, Wednesday, 01:39:41
Ваква слична има направено дедо ми.. Мотор од машина за перење, тело од железо, тркала и рачки од количка за бебиња :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: danix01 on 17.05.2011, Tuesday, 17:15:21
дали 700ватен мотор од првосмукалка ке има доволно сила и вртежи за  да ја коси тревата.станува збор за слобода југословенска правосмукалка
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Devil on 17.05.2011, Tuesday, 17:17:51
па од прилика и моторите од некои машини за перење се толку, мојот на косилката мислам дека е 800W, би требало да може да се коси со него
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 17.05.2011, Tuesday, 22:52:18
знам еден комшија прајше ваква, ама моторот немаше снага да ја коси тревата, а на центрифуга као демек беше пуштен...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Bojan on 17.05.2011, Tuesday, 23:00:00
не е само моќноста на моторот важна (ок важно е и тоа), важен е и бројот на вртежи...колку поголем број на вртежи има толку помал вртежен момент ке има (сила), и обратно....значи ако еден мотор има (ПРИМЕР) 1000 вртежи, а друг 500 вртежи нема да имаат ист вртежен момент и нема ништо да направиш.... тие што се по правосмукалки се со голема моќност да, ама имаат голем број на вртежи и мал вртежен момент...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 17.05.2011, Tuesday, 23:07:20
не е само моќноста на моторот важна (ок важно е и тоа), важен е и бројот на вртежи...колку поголем број на вртежи има толку помал вртежен момент ке има (сила), и обратно....значи ако еден мотор има (ПРИМЕР) 1000 вртежи, а друг 500 вртежи нема да имаат ист вртежен момент и нема ништо да направиш.... тие што се по правосмукалки се со голема моќност да, ама имаат голем број на вртежи и мал вртежен момент...

Вртлив момент на сила (торзија), на тоа мислиш?
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Bojan on 17.05.2011, Tuesday, 23:07:48
дап, за тоа мислам...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: stefanjanevski on 17.05.2011, Tuesday, 23:11:17
Јас имав една ваква дома, ја напраивме со татко ми, ама заврси во отпад  ;D ;D ;D
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: dare532 on 22.08.2013, Thursday, 22:34:14
Кажете ми како да ги поврзам жиците пошко има повеке и како  да го врзам кондезаторот
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: batka on 22.08.2013, Thursday, 23:10:51
Не знам каков мотор имаш,ама еве два случаја
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 23.08.2013, Friday, 10:49:46
Обично овие мотори од машините за перење се со пет изводи.Тоест 5 жици:
1 жица е жолта по боја таа е  прва фаза за перење
2 жица е зелена таа втора фаза за перење
3 жица е сина и таа главна намотка се вика или главна фаза на центифругата
4 жица е бела по боја таа е од заедничката намотка
5 жица е по боја црвена и таа е помошна намотка или се вика помошна фаза на центифругата
Е сега за да го споиш моторот да врти на центифруга треба белата жица да оди на фазен приклучок тоест директно на 220 волти.Сината жица треба да се врзе на кондензатор и на фазниот приклучок нулата и црвената жица на другиот пол од кондензаторот исто треба да се врзе. И така моторот ќе врти во десно со околу 3000 вртежи во минута.Вредноста на кондензаторот треба да е од 15 до 20 микро фаради со работен напон од 400 волти Е сега порано кај постарите мотори имаше 6 изводи тоест жици и тие се:
1 жица е по боја црна таа е од заедничката намотка тоест од заедничката фаза за перење
2 жица е по боја зелена таа е првата фаза тоест брзина за перење
3 жица е по боја жолта или кафеава кај тие првите мотори од горење и ова жица е втората фаза тоест брзина за перење.
4 жица е бела и таа е заедничката намотка за центифругата или фаза за центифругирање
5 жица е по боја црвена и таа е помошната намотка тоест помошната фаза за центифругирање
6 жица е по боја сина и таа е главна намотка или главна фаза за центифругирање.
Е сега тебе за косилка ти треба центифругата да ја поврзеш ако е мотор со 6 жици тогаш треба белата жица да оди директно на 220 волти на фазниот приклучок сината жица треба да оди на едниот пол од кондензаторот и на нулата тоест фазниот приклучок,а црвената жица да се поврзе на другиот пол на кондензаторот и така моторот ќе врти во десно со отприлика 3000 вртежи во минута.И секогаш не заборавај кај овие мотори има еден штраф на него се поврзува заземување поврзиго со жолто-зелената жица од кабелот заради безбедност.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: dare532 on 23.08.2013, Friday, 20:53:11
еве ги по боја жиците кај мене е сеа ај напрај ми една шема како да ги врзам ако не те мрзи

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/zici.jpg)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: zokizoczdrave on 23.08.2013, Friday, 22:36:34
Оди по првото објаснување од nsu каде што белата жица е заедничка
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 23.08.2013, Friday, 23:45:56
Такае е оди по моето прво објаснување.Тебе за косилка ти треба центифругата,а ова е мотор со 5 изводи.И сега ти треба белата жица  да ја споиш со фазата или нулата која сакаш од мрежниот кабел.Сината не сино белата треба да ја врзеш на кондензатор блок на пример со некоја вредност од 15 до 20 микро фаради со работен напон од 400 волти.И сега слушај ме внимателно пошто ти откако ќе  ја поврзеш сината жица на кондензатор треба тука да ја поврзеш и нулата или фазата зависи која жица си ја ставил претходно која си ја поврзал со белата.И на другиот извод од кондензаторот ја врзуваш црвената жица.Значи уште еднаш ти кажувам  на белата жица фазата од мрежниот кабелот ја врзуваш на пример едниот извод од кондензаторот го врзуваш со сината жица  и плус тука ја спојуваш нулата од мрежниот кабел, и на другиот извод од кондензаторот ја врзуваш само црвената жица.И толку моторот ќе врти отприлика со околу 3000 вртежи во минута тоа е центифругата.И секако поврзи го заземувањето иначе може моторот да работи и без заземувањето но посигурно тие со него.Но може и без него :) .Еј друже и ако не ти е тешко сликај го моторот или кажими од што машина го извади пошто ја имам неколку од разни типови на машини.Поврзи го вака моторот и кажини известине дали работи :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 24.08.2013, Saturday, 06:47:03
Еве вака треба, еве шема ;) (ако добро сватив ;D).

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Motor_Od_Mashina_Za_Perenje_Upotreben_Kako_Motor_Za_Kosilica.png)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 24.08.2013, Saturday, 12:56:39
Да баш така треба пред струјата да влезе во кондензторот да се донесе сината жица пошто таа е главна намотка
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: dare532 on 24.08.2013, Saturday, 21:15:30
Го поврзав моторот како што ми казавте и се супер си работи е сеа треба кукиштето да го изработам и нож да направам.Сега кажете ми како да го прицврстам ножот и од што да го направам ножот. а заземнувањето кај да го врзам, да го врзам на некој штраф од надворешноста од моторот. И фала многу иначе

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/motor_kosilka.jpg)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 24.08.2013, Saturday, 21:31:02
Нема Проблем друже .Ако треба за 220 волти нешто прашувај слободно барем тоа го разбираме, заземјувањето ако има гвинт на моторот и тука штрафце со жица се става,а може да е и од страна кај држачот гвинтот побарај го.Иначе од што машина го извади моторот.А нема везе овие мотори се на горење и ја имам два вакви.Јаки се многу издржливи.Па отштрафија шајбната првин од каишот и незнам ќе побарам имав еден мајстор пријател ако му го најдам бројот тој на дребонг ножеви прави, многу ножеви од косилки има направено и наострено.Па ќе те известам што како али дали ќе го најдам ми се исели од мало. :).Може некој од поискусните ќе ти каже како се прави ножот :) и од што
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: dare532 on 24.08.2013, Saturday, 21:41:09
Нема Проблем друже .Ако треба за 220 волти нешто прашувај слободно барем тоа го разбираме, заземјувањето ако има гвинт на моторот и тука штрафце со жица се става.Иначе од што машина го извади моторот.А нема везе овие мотори се на горење и ја имам два вакви.Јаки се многу издржливи.Па отштрафија шајбната првин од каишот и незнам ќе побарам имав еден мајстор пријател ако му го најдам бројот тој на дребонг ножеви прави.Па ќе те известам шо како али дали ќе го најдам ми се исели од мало. :).Може некој од поискусните ќе ти каже како се прави ножот :)
Според тебе моторот ќе има ли сила и малце поголема трева да коси и ако најдеш број од тој кажи а и другиве нека кажат друго решение ако има иначе пак уште еднашка фала многу без вас немаше да го пуштам моторот
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 24.08.2013, Saturday, 21:50:26
Па да 900 вати е ти кажими како врти брзо така :) ,епа барем за косилка го бива ако за ништо друго.Добро ли врти во десно врти така за да знам дали да ти ѓи дадам и другите шеми за поспоро вртење.Ако сакаш не ти требаат врти ли брзо се слуша треба 2800 вртежи во минута да прави. :) и да врти во десно многу е битно да врти во десно пошто центифругата е сама за десно не смее лево.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: dare532 on 24.08.2013, Saturday, 22:11:04
Па да 900 вати е ти кажими како врти брзо така :) ,епа барем за косилка го бива ако за ништо друго.Добро ли врти во десно врти така за да знам дали да ти ѓи дадам и другите шеми за поспоро вртење.Ако сакаш не ти требаат врти ли брзо се слуша треба 2800 вртежи во минута да прави. :) и да врти во десно многу е битно да врти во десно пошто центифругата е сама за десно не смее лево.
Мислам дека во десно врти и тоа доста брзо врти
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 24.08.2013, Saturday, 22:17:14
Значи доброе правата шема сум ја дал во десно и најбрзо.Е сега уште куќиште да му смислиш и нож се разбира.На почетокот има слики од еден изработен којзнае како го поврзал тој член ножот јас ти кажав имав комшија се исели у влае он се разбираше и имаше направено ваква исто баш ќе пробам да исконтактирам утре  и ако дознаам како го заштрафил ножот ке пишам :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 28.08.2013, Wednesday, 03:46:48
можно е да е мотор од машина за перење 200 вати? наидов на еден низ гаража деновиве пишува 0.2kw... па вентилаторине се појаки...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 28.08.2013, Wednesday, 05:57:50
Можно е сигурно кога работат моториве на новиве машини со првата брзина во лево или во десно со струјна клешта измери влечат струја равно од еден ампер па значи 220x1=220W и секоја машина коа работи на почеток работи полека првин лево малце па десно малце и прекинува мала струја влече тоест мали моќности. Е кога ќе премости програматорот кога ќе уклучи центифругата тогаш треба да е 900W моќноста влече струја од четири,четири кома нешто ампери и тогаш моторот асинхроната машина врти со околу 2800 вртежи во минута кај некои машини 3500 оние брзите се тие машини што имаат 800 вртежи во минута во каталог пишува 800 нели заради теретот нели секоа машина има тегови па и плус алишта коа ќе ја товариш се губи брзината на електромоторот кој го покренува барабанот нели нормално.Е сега вентилатори велите вентилаторите се појаки има 2 типа на мотори што се користат кај вентилаторите,кај првите вентилатори се користеа асинхрони монофазни мотори и требаше да се врзе конденатор нели за тој да добие вртежен момент и да почне да работи.И нели асинхроните машини немаа четкици работеа на феноменот ротационо магнетно поле.Но сега кинезиве монтираат Shadet Pole мотори тие имаат четкици и не им треба кондензатор одма тргнуваат моментално бидејки имаат намотка во роторот а асинхроните машини немаат намотки во роторот нели.Shadet Pole моторите имаат една мана многу се брзи али ако се стави малце потешок товар на нивниот ротор бум греат и прегоруваат а перката не е многу тешка и плус брзо врти идеално за вентилатор нели е затоа не се користат кај машините за перење.Тука кај пералниве за алишта се користат асинхрони мотори.И сега уште еднаш може 200 вати да пошто него на почеток не му треба брзина си влече еден ампер струја си врти полека де лево де десно но овие мотори се наменети за товар голема осовина имаат секогаш затоа нели.И напочеток сите машини за перење се спори е после коа ќе уклучи центифруга за да ги исцеди алиштата тоа е друга песна мора брзо да врти али не лево десно туки само десно секогаш е центифругата кај сите машини за перење десно е тогаш се околу 900 вати.Иначе да може 200 вати на почеток кај сите машини е толку.Затоа се викаат моторите кај машиниве за перење двобрзински асинхрони монофазни мотори зошто имаат една спора брзина и таа е 200-250 вати и една брза центифруга 900-950 вати. :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 28.08.2013, Wednesday, 06:17:26
Одлично објаснување ;). Само не ми е јасно, не пречи буката од четкиците од shaded pole моторите кога работат како погонски мотори кај вентилаторите?
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 28.08.2013, Wednesday, 06:32:29
Не ве разбирам ГигаВат Shadet што значи засечено Shadet Pole што значи засечени полови ,тоест за да работи моторот да има покретен момент треба да се засече роторот и да се стави калем внатре и после преку четкици се носи струја на таа намотка четкиците се лизгачки контакти.И така пошто роторот е наелектризиран шиба одма не му треба покретен момент додека кај асинхроните нема калем у роторот автоматски нема четкици и затоа треба кондензатор за да го стартува моторот.Немој да се лутите ГигаВат ве молам но не го разбирам прашањето :).Аха мислите на буката пречи богами ако сте отвориле соковник и сте му го извадиле моторот надвор сте приметиле ли колку бучи моторот ехехе но ако не се тие четкици нема како да се доведе струја на роторот затоа овие асинхрониве машини само зујатат овие другиве послабо греат али се бучни ваквите мотори Shadet Pole со четкициве стварно бучат копаат тоа четкицине и варници фрла пвв као искричар да е ова вака исто бучни се и миксериве,кафемативе и тие имаат Shadet Pole мотори затоа бучат кога работат  :) ве сватив сега :) Но затоа овие мотори се брзи и не им треба време да забрзаат како асинхроните мотори али се побучни каде каде :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 28.08.2013, Wednesday, 19:15:10
Немој да се лутите ГигаВат ве молам но не го разбирам прашањето :).

Не се лутам ;D. Нема везе ;). Ќе се дообјаснам ако треба ;).

Аха мислите на буката пречи богами ако сте отвориле соковник и сте му го извадиле моторот надвор сте приметиле ли колку бучи моторот ехехе но ако не се тие четкици нема како да се доведе струја на роторот затоа овие асинхрониве машини само зујатат овие другиве послабо греат али се бучни ваквите мотори Shadet Pole со четкициве стварно бучат копаат тоа четкицине и варници фрла пвв као искричар да е ова вака исто бучни се и миксериве,кафемативе и тие имаат Shadet Pole мотори затоа бучат кога работат  :) ве сватив сега :) Но затоа овие мотори се брзи и не им треба време да забрзаат како асинхроните мотори али се побучни каде каде :)

Е да, на ова мислев ;). Епа сега, прашањето ми беше, бидејќи претходно спомна дека shaded pole мотори се монтираат и во вентилатори, прашањето ми беше, нели буката пречи ;D? На пример, имате пуштено вентилатор да врти, а тој бучи, вие (на пример) сакате да гледате телевизија... ќе пречи буката, нели ;)?

Малку off-topic е ова од темата, ама само сакам да добијам одговор на прашањето ;).
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 28.08.2013, Wednesday, 20:24:13
Епа да сега бучат постарите првите вентилатори со асинхрони мотори не бучеа но сметаа на сликата на телевизијата и така големите стари вентилатории се поништија.Затоа машините за перење имаат RC филтер за да не им пречи на сликите е сега кај вентилаторите со Shadet Pole не треба RC филтер али заради четкиците бучат.Е сега климиве и тие имаат асинхрони мотори и мора филтер да има за да не им пречи на телевизорите.А кај Shadet Pole моториве незнам зошто не им прават RC филтри ама и тие сметаат на телевизијата,ама не толку.Али ова беше порано сеа све е дигитално нели а ГигаВат што мислите дали шумовиве им сметаат на дигиталниве сигнали нели не.Тие може да се исчистат тоест да се регенерираат од шум. :).
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 28.08.2013, Wednesday, 21:14:55
вентилаторчиња де со асинхрони 45-60 вати се ... нема веза...
Моторот на изглед е сличен со тој од косилката, е сега на него има табела напон ова она меѓу сругото и kW и пишува 0,065 и 0,20. најверојатно тоа 0.065 е за лево десно, а 0,20 е за центрифуга што нзачи е 200 вати т.е. многу малце, нема да може да се направи ништо од неа...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 28.08.2013, Wednesday, 21:47:11
Не верувам да е така за центифругата 200W многу малце е тоа сигурен си дека е од машина за перење да не од нешто друго дури сум видел и мала машина со 3 килограми капацитет таа е 400W за центифругата со горно полнење од оние аматерските е ај ако може слики од моторот.Колку изводи има. :)И вентилаторчињата мали се али се  со Shadet Pole мотори ,мотори за наизменична струја на кој не им треба кондензатор за да се стартуваат. :).И ако може слики од моторот каков е тој асинхрон мотор двобрзински од машина за перење 200W центифруга баш ме интересира :).
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 28.08.2013, Wednesday, 22:21:36
Ист е како на косилката од горење машина... ќе видам сега ако може ќе го сликам, ако не утре, нема саглам камера...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 28.08.2013, Wednesday, 22:27:47
@nsu: Благодарам за одговорот ;). Барем да знам да не купувам нов вентилатор, бидејќи не сум многу по климите ;D. Многу ладно ми е од нив, па настинувам ;D. А околу сметњата што ја прават на телевизори и додатна опрема, искрено, воопшто не ми е гајле бидејќи немам телевизор во просторијата во која престојувам ;D. На PC-то не ми пречи колку што имам забележано (имам вентилатор во таа соба, ама сакав нов да купам, овој некако ми е многу спор, не ми лади доволно ;D... можеби треба да се подмачка, кој знае ;D), така да, не ми е проблем ;).

Али ова беше порано сеа све е дигитално нели а ГигаВат што мислите дали шумовиве им сметаат на дигиталниве сигнали нели не.Тие може да се исчистат тоест да се регенерираат од шум. :).

Нема премногу да навлегувам во оваа проблематика бидејќи темата не е наменета за ова. Да, им пречат, ама има ниво до кое може да се регенерира сигналот и ниво над кое не може да се регенерира. Ако се надмине тоа ниво на пречки (шум) над кое не може да се регенерира сигналот, сигналот е упропастен.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 28.08.2013, Wednesday, 22:33:34
Аха благодарам ГигаВат за одговорот јас пак си замислував дигиталниот сигнал може 99 посто од шум да се исчисти регенерира. :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 29.08.2013, Thursday, 01:32:13
Аха благодарам ГигаВат за одговорот јас пак си замислував дигиталниот сигнал може 99 посто од шум да се исчисти регенерира. :)

Пааааа... зависи. Некогаш да, некогаш не. Ако 99% од сигналот е прекриен со шум, сигурно не може, но до одредени нивоа, може. Зависи од типот на сигналот, како е кодиран, каков тип на модулација користи, каков тип на корекција на грешка користи (ако воопшто има имплементирано во него и дел за корекцијана грешка), итн. Многу фактори влијаат тука, не може да се даде едноставен одговор ;). За конкретна ситуација, да, можеби и може да се даде одговор, но вака општо... не.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: MarkoMK on 29.08.2013, Thursday, 02:50:36
Моторите од машина за перење се 200 вати.
Јас имав еден, и го наместив на мешалица за бетон. На мешалицата пишуваше дека моторот (кој беше украден >:() треба да е 0,5 kW односно 500 вати. Го приклучив од машината за перење (центрифугата) и за петнаесетина минути вртење, без товар (без бетон) се загреа ептен. Значи не може да е 900 вати. И плус на самиот мотор пишува 0,2 kW
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: GigaWatt on 29.08.2013, Thursday, 03:04:40
Ова барем лесно се проверува ;). Приклучете ги моторите на мрежа, пуштете ги на центрифуга, врзете еден амперметар во серија и видете колку ампери влече ;).
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 29.08.2013, Thursday, 03:55:47
Со 200 вати ништо не пра...  а ептен е гломазен за 200 вати...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 29.08.2013, Thursday, 14:42:19
Стварно чудно 200W тоа е многу малце сигурно чим е 200W а е гломазен значи е наменет да покренува голем терет а со мал број на вртежи оти ако не беше гломазен ќе грееше сигурно е од некоја стара малечка машина за перење ама не верувам може и да е од нешто друго, ако ништо неможеш од него да направиш растури го статорот за бакар :) ај кога ќе бидеш во можност сликај го баш ме интересира таа таблицата со перформансите да ја видам. :).Многу чуден мотор е овој.А нај убаво ти да си го поврзеж во коло и пуштиго на центифруга и види со ампер метар колку струја влече јас му измерив на мојот мотор од Ei Nis пишува дека е 900W на центифруга влечеше точно 4 ампери струја што значи 880W и доста брзо вртеше измериму и ти на твојот така и види.А да на спората брзина беше 220W бидејки влечеше струја од еден ампер.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 30.08.2013, Friday, 00:29:58
Ќе го сликам не ми остана време деновиве... иначе е од обична машина а перење, класика горење 5 кг алишта што збира... таблата незнам баш како ќе излезе, оштетена е малце се гледа али ќе пробам. Не верува да имаат многу голем вртежен момент (да не дојде до недоразбирање, torq што велат американцине) пошто каишницата на него е 5-6цм дијаметар а другата што е покрената, на бубањот преку 60 цм има дијаметар, така да силата би требало да е зболемена околу 30-40 пати грубо пресметано..
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 30.08.2013, Friday, 02:47:31
Тој мотор сигурно е од старите типови ако не и од најстарите.А машината чим е 5 килограми и сигурно тие горење тогаш претпоставувам дека таа била една од првите ако не и најстара машина пошто првите биле 5 килограми сеа ги прават gorenje новите модели све со 6 килограми да не го извади случајно моторот од gorenje PS Avtomat тие се машини први кои се појавиле на пазарот некаде 1970 година не правеле центифруга како денешниве машини кои имаат електро мотори од 900W и според каталог се со 800 или 600 вртежи во минута.Е сега овој прв модел на горење не бил успешен заради слабиот мотор но тие не ставиле појак мотор бидејќи не им била добро конструирана за високи вртежи избалансирана машината ќе скокал барабанот.И овој модел се продал доста али бил слаб барабанот се вртел полека не сеа баш пре полека како што рече ти заради поголемиот дијаметар има и забрзување,но овој модел брзо згаснал.Но после ова горење направиле брзо модели кои биле добро конструирани избалансирани и им поставиле и појаки мотори и ете денес горење е еден од најаките производители.Сигурен сум дека моторот е од легендарниот прв модел на горење тој бил 220W  доста слаб и не може да се употреби за ништо а камо ли за косилка но сепак ти поврзиго и види колку струја влече со 5 изводи е нели.Баш ќе почекам да ставиш кога ќе бидеш слободен слики.Ако сум во право а и мислам дека сум во право ова е еден многу стар модел на мотор сигурно на таблицата пишува и датум на производство.Ова треба да е многу стар мотор :) .Пошто денешниве машини не само денешниве и моделите од 1986 па наваму отвориги нема шанси испод 850W мотор да најдеш,иначе моторите кај денешните машини многу имам  отварано у сервис се 200-250W за лево десно и 850-900W за центифруга.Ова е тој прв модел и Ei nis имале еден ваков прв модел одавна.Сигурно е доста оштетена таа таблицата чим е стар моторот. :).Тоа е еден вид лична карта за моторот.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 02.09.2013, Monday, 21:17:57
Точно, моторот е со "орлите" и постар е и од мене :) таблицата не е нешто сјајна, што се читаше 20микро фарадеи, снага како што кажав 0,065 и 0,20 kW, V 500  ??? и некои 4,5 ампери.. Во продолжение има некоја слика.

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo0456.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo0456.jpg)     (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo0457.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo0457.jpg)     (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo0458.jpg) (http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/Photo0458.jpg)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 02.09.2013, Monday, 21:43:53
Леле која антика е горење од прешевац косово тогаш првите машини биле со вакви мотори еднаш кај еден пријател кога уште незнаевме ништо за мотори бев у прилика да го видам овој мотор на неговата горење PS Avtomat од 1970 година многу стар мотор, друше кажими со 5 или со 6 жици е тоест изводи.Овие мотори беа многу гломазни али машините така ги праеле лошо и затоа со мал вртежен момент е.Јас му го пуштав на пријателот на центифруга и тој се разочара не вртеше брзо нема да може косилка од него да биде сигурно.Али ипак која антика е јас мислам дека е со пет изводи али може да е со 6 пошто имам сретнато и со шест поврзиго и види како работи објаснувањето е исто како и тоа што го дадов претходно.Доста стар мотор :) .Овие мотори влечат и поголема струја али немаат вртежен момент.Ако ништо во статорот има доста бакар па ;D можеш да го растуриш или да си го чуваш пошто е да не речам антика кај денешниве машини моторите ем се помали ем со поголем вртежен момент се.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 03.09.2013, Tuesday, 00:17:54
Значи можно е да е 200 вати ? ќе говрзува скоропа ќе видиме како ќе врти...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 03.09.2013, Tuesday, 00:28:29
Види и пиши пошто не е многу спор да речеш да не врти ич али па и не е јак ко денешниве види стварно како врти и пиши што си направил баш ме интересира :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: bicikle on 03.09.2013, Tuesday, 00:46:37
ќе видам, прво на алтернатор ќе го врзам, као динамометар докрај 300-400 вати може да го оптовари мислам.... патем моторот е со 6 жици
Ме интересира што ќе се случи ако ставам друг кондензатор?
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 03.09.2013, Tuesday, 10:23:09
Епа друже ако ставиш кондензатор помалку од 20 микрофаради например 16 микро фаради моторот ќе стартува првин полека па после постепено ќе забрзува тоа се вика момент на торзија и наеднаж ќе почне да врти со константна брзина онаа за која е направен.Е сега ако ставиш од 18 микро фаради моторот постепено ќе забрзува и во еден момент ќе почне да врти константно значи многу побрзо ќе почне да врти константно одкога ќе биде 16 микро фаради.Е сеа кај сите електромотори независно од тоа колкав вртежен момент имаат најадекватен е случајот со 20 микрофаради 500 волти кондензатор тогаш моторот само што ќе се приклучи на мрежен напон уште во секунда си врти константно затоа инжинерите рекле дека за овие мотори најдобар е случајот со 20 микрофади.Е ако ставиш па многу голем капацитет овоаа асинхрона машина ќе повлече наеднаш многу голема струја и ќе сака за помал дел од секундата да постикне константна брзина а тоа никогаш не смее никогаш зотоа кондензаторот служи и да ја ограничи струјата и ако е голем капацитетот асинхроната машина ќе сака веднаш премногу брзо да почне да врти константно и ќе повлече при старт поголема струја и можно е да прегори.Тоест сигурно ќе прегори.Е сега ти ако немаш 20 микро фаради стави 18 или врзи паралелно 2 кондензатора од по 10 микро фаради или два од по 10 и 8 микро фаради за да добиеш 18 микрофаради може и со 18 добро е.Е сега види ти тестирај го моторот со послаб кондензатор ќе го оставиш да забрза види како врти тестирај го со алтернатор и кажини што си направил.Па после тестирај го со 20 микро фаради ако имаш така е најдобро.Ова е доста интересно нели ;D.Поврзувањето е исто како што објаснив претходно :).Е сега за првата брзина доволни се 10 микрофаради кај сите машини независно од вртежниот момент е сеа кај центифругите обично е 20 микрофаради кај сите машини.А на пример ако си отворил правослмукалка таму кондензаторот мора да е 50 микрофаради да да 50 пошто таа асинхрона машина е премногу брза премногу и статорот се прави со голем број на навивки но со помала дебелина бидејќи на осовината не се става голема сила :).Ти тестирај го твојот мотор и кажи што си направил. :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: MarkoMK on 04.09.2013, Wednesday, 12:02:46
Дечки, кога веќе идеме оф топик за мотори од машини за перење, ај видете дали овој мотор е од машина? Мене ми личи дека е. И тоа работи на спора брзина.

Podgotovka na Ajvar vo Svajcarija (http://www.youtube.com/watch?v=ixr4oKIGK_8#)

Типот си направил мешалка за ајвар од него...
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 05.09.2013, Thursday, 04:27:47
Да тоа е мотор од машина за перење баш интересна таа мешалката у прва брзина го поврзал и доста добро направено :)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Denimk on 10.12.2013, Tuesday, 22:20:38
дали знае некој од шо може да се напрае бркалката доле што е на дното од лонецо освен од дрво??
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: batka on 10.12.2013, Tuesday, 23:19:23
Освен од дрво не е препорачливо од ништо друго бидејки и пластиката,алуминиум и било што друго се абат и во допир со садот може да се створат штетни струготини.Не за бадијала се меша рачно ајвар со дрвена мешалка ;D ;D
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 10.12.2013, Tuesday, 23:51:23
Да да од дрво нема подобро ;)
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Denimk on 10.12.2013, Tuesday, 23:54:06
сосема јасно и логично ама еве јас имам машинка и никако неможам да го подесам доле дрвото да гребе од сите страни подеднакво и врз целата површина на садот т.е како шо врте перката на некои места не фаќа доволно а на некои дури притиска на садот и мн гребе..решение???
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: batka on 10.12.2013, Tuesday, 23:59:36
Па не си ја направил перката прилагодлива како треба! Има на нет , повеќе решенија со подесување должина спрема садот и  агол спрема дадените облини на садот ( дното).Наједноставно е да се направи една летва со жлеб по кој клизат лево и десно перки( за големина на садот ,со по два * лептира со кој се подесува аголот на перката.Се прави проба и се подесува перката спрема тавата.Нема промашување!!  :D :D
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Denimk on 11.12.2013, Wednesday, 00:02:34
Машината ми ја правеше мајстор ама мајсторот се вади дека лонецот не е прав шо нема шанси пошо го заменивме и купивме нов и од око се глеа дека е рамен... ја барав на нет и неможе да најдам никакво решение може да ми даеш некој линк? фала однапред!
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: batka on 11.12.2013, Wednesday, 00:28:02
Eве решение.на трите цртежи отприлика се гледа како се движи аголот.Црвениот круг е лептирот, косата црта е жлебот,а круговите се отвори за да истекува ајварот низ лопатката.Полесно здравје.
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: Denimk on 11.12.2013, Wednesday, 00:44:20
ќе пробам вака фала мн!
Title: Одг: Косилка за трева со мотор од машина за перење
Post by: nsu on 11.12.2013, Wednesday, 14:28:10
Чекај што ќе мешаш колку што сватив за ајвар ти е или и други некои работи ќе мешаш.Кажете што ќе мешате.Види пробај со  тоа што ти го даде батка,многу паметно решение.Пробај така и известине што си направил. ;)