Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: batka on 01.05.2011, Sunday, 00:58:49
-
Еве една стара шема (потекнувала од ЕЛЕКТОР!) ама за прв пат ја видов и слушнав во Босна и таму стерео верзијата ја нарекуваа * босански сендвич* .Интересен е влезот, доста стабилен и лесен за изработка засилувач.Ја најдов шемата случајно , а ме заинтересира бидејки деловите се евтини и лесно се наоѓаат,па би можел во мај месецов да направам нешто,за да не * зарѓам* ;D ;D
-
Интересна шема не сум пробал чисто симетрични шеми ,читам дека ваков тип на шеми звучат добро ?.
-
еве Батка ќе ја правел ќе видиме што ќе кажит :D ;)
патем има некој појма претпојачалово во која класа работи ?
-
АБ класа
-
Да ако ја правиш Батка ќе те замолам да ни го опишеш звукот, некако интересна ми се виде . Со смена на екои од транзисторите со понова генерација може и да испадне добар едноставен засилувач.
Помалку ме подсетува на засилувачот Хиранга по концептот и едноставноста.
-
Да го опишам : мек тон,супер динамика ,однос S/N > 64 db ,одличен бас,меки средни, продорни високи.
Има горна граница од околу 25 Кхз ..
Споено мислење: 01.05.2011, Sunday, 21:22:38
Да не заборавам : овој појачувач датира од 82/83 годиште на ЕЛЕКТОР и е прогласен за појачувач на годината,според анкетите во Германија
-
Да не ја имаш и плочката, ако не дали знаеш точно од кој број на електор е да ја барам таму?
-
Ако ја најдете и плочката поделете ја вреди да се проба (а и ефтин е).
-
Eве за по прегледно ;D
(http://www.pic.mk/images/100wbosans.jpg)
-
АБ класа
мислам другиве појачала што се еден транзистор(ретко со 2) во делот во предзасилувачот во а класа работат, што би требало да е "демек" по квалитетно, али дур не се проба и чуе не би требало да се даваат заклучоци :D
-
Ја имав и некаде плочата,скенирана од ЕЛЕКТОР,треба да ја најдам ,а ке се потрудам и да ја направам и да ја ставам. Појачалово е навистина евтино,ама влезот е симетричен ,со ефтини транзистори ,нема подесување напон,значи автоматски се подесува,а мирната струја 35-40 мА со тоа што треба да се испроба на мала јачина како ке се понаша склопот! Ке ве изненади динамиката која ја дава .
-
ај па летво ќе го прајме xD
-
Појачалцево со мали измени ет сасвим у реду ! ;)
Ме бунит засилувањето...малoooo !!!? ??? :o :o
На влезот би ставил блок од 2,2uF/63V-MKP или MKT за да немат горење на излезните транџи,...
-
да не мислиш од 4,7 микро хехни...?
-
да не мислиш од 4,7 микро хехни...?
Да да, bicikle од 7(uH) микро Хенри!!
Да бида појасен 14 навивки од бакарна лакирана жица со дијаметар од 1mm на дршка од спирална бургија со пречник од 10mm!!
-
па добро, имам гледано и поинакви навивки за да ти го заштитат засилуачот од индукција- 7 намотки на 8мм бургија мсилам беа, и тоа за стк4050 баш таков треба а и за други појачала.. најверојатно има врска должината ан кабелот, оти зна ако се по 30-40 см каблие не ти треабаат вакви рабоќе.
-
да не ја најдовте плочката(ПЦБ)?.
Иако лесно се прави плочка, да не се мачам .
-
па добро, имам гледано и поинакви навивки за да ти го заштитат засилуачот од индукција- 7 намотки на 8мм бургија мсилам беа, и тоа за стк4050 баш таков треба а и за други појачала.. најверојатно има врска должината ан кабелот, оти зна ако се по 30-40 см каблие не ти треабаат вакви рабоќе.
Браво Bicikle ги сваќаш рабоќево,...
Оваа заштита е за подолги кабли од звучниците кои се приклучуваат на излезот од засилувачот!
Оваа заштита ги штити излезните транзистори од прегорување!! ;)
Инаку за понатаму да се знае,...за да се постигне индуктивност од 7uH (sedum mikro Henri) потребна е намотка со димензии како претходно што изложив!
-
Се е тоа добро,ама нема потреба за конкретниов случај ниту ставање намотка,ниту менување транзистори.
Тамам е и вака.
-
ako ja прајш шемава, постави ппк ако сакаш. Патем да ако поднесуваат напони до 150волти не им треба некоја намотка или непто што ги штити, ама не верувам дека би сметала намотка во секој случај...
-
Види намотката ( индуктивниот товар) штити големи звучници од мал појачувач!! Тоа е малку сложена тема ,ама ке и дојде редот. Во овој слушај не ја ставиле што сметам дека е во ред.
-
Батка , според тебе дали е возможно босанскиов сендвич да се вози на +/- 45 волти .
Транзисториве ќе издржат но предпоставувам дека ќе треба промена на некои отпорници .
Не сум правел драстични промени со повисока волтажа на напојување така да незнам како да го изведам тоа па прашувам во која насока да се движам .
Имаш ли представа.
Прашувам затоа што имам решена спремна кутија со комплетно напојување од +/- 45 волти само да вградам засилувач.
-
Види намотката ( индуктивниот товар) штити големи звучници од мал појачувач!! Тоа е малку сложена тема ,ама ке и дојде редот. Во овој слушај не ја ставиле што сметам дека е во ред.
Штити од капацитивни индуктивности во каблите,...дали засилувачот е голем или мал (по твое) не е многу битно. Оваа заштита се употребува за звучнички кабли со помал пресек и подолги од 2m!!? ;)
-
Види намотката ( индуктивниот товар) штити големи звучници од мал појачувач!! Тоа е малку сложена тема ,ама ке и дојде редот. Во овој слушај не ја ставиле што сметам дека е во ред.
Штити од капацитивни индуктивности во каблите,...дали засилувачот е голем или мал (по твое) не е многу битно. Оваа заштита се употребува за звучни кабли со помал пресек и подолги од 2м!!?
Битно е,битно е ! И тоа како е битно.Врзи некои кутиишта на помал засилувач со симетрично напојување и директна спрега без осигурувач и калем па ке видиш. Дури и калемот знае да зачури,мој Делијо..За пресекот се знае - лицна со силиконска изолација ,не под 4мм пресек.
-
па нели и самиот звучник има индукција- по дефиниција помала индукција поквалитетен звучник, само не ме држете за збор. Инаку бев изненаден кога на B&W гитарско појачало од 50(2х25) вати ги видов магнетите - беа колку еден плаец на раката отприлика.
-
Еве една измена која Бицикле ја бараше.Се работи за подигање на напонот до 50В.Отприлика е опишано како треба да се направи измената- две ИК - 7812 и 7912 ,две зенер диоди 24 В и 4 блок конд. 0,1 мФ .Ако сакате да додадете уште еден излезен пар МЈ... ставете и по еден емитерски отпорник на нив,зголемете го напонот на ел.кондензатори 63-100В и на трафото ( барем 300 вати за моно изведба)
-
Ја вела наместо парот BD243/BD244 (BD243C/BD244C) парот MJ15032/MJ15033!! ;)
и уште еден пар излезни транзистори.
Ајде поздрав,....
-
да да стварно зверови од транзистори се...
-
дали босанецов има потреба од босанка?
или ќе комуницира и со друга врска(звучна)
а за индуктивитетот, секако ќе работи и без него, ако се појават осцилации на повисоки фрекфенции, за уво нечујни, а за звучник кобни, може да се вгради, секако ова е одлична изведба нема електролити, нема искривување на пропусната крива, зошто инаку било прогласено за нај појачало.
Батка кога ќе пропее, покани ме на ладно пиво, мислам ќе зажеже до тогаш :D
-
Абе Диди ,мали се дечкиве и пиво не пијат! ;D Одамна беше кога го пробавме,кај беше порано?! :D :D :D Абе добро е појачалцево,сега за полуматура ке се *пука* со него.И, дадов две кутии ,само треба хорните да ги премотаат ;D :D ;) (без ука - нема наука!)
-
Многу интересни теми се овие за мене со вакви проекчиња. зато дајте ако има некој ПЦБ изработено за оваој засилувач нека е прикажи овде да не се мачам околу неја па и ја да го пробам овај засилувач како звучи пошто ми е интересен и прифатлив за изработка. Инаку батка да го прашам на што звучници го слушаше овај засилувач и дали имат ПЦБ изработено за него?
Инако дајтеја ПЦБ оргинална од Електор ако некој е има. Нека бидет во пдф формат или сличен за да може да се отпечати.
фала на помош
-
Малце офф...
Пепи, нешто познат ми е овој твој стил на пишување, а и како за штипјанец некако чуден ти е дијалектот, како да ми влече повише на кичевски... ;)
-
У право си. по потекло сум од Кичевско али студирав на штипски универзитет и живеам тамо.
-
Малце офф...
Пепи, нешто познат ми е овој твој стил на пишување, а и како за штипјанец некако чуден ти е дијалектот, како да ми влече повише на кичевски...
Ејј да и јас сакав да го спомнам ова, стилот ми личи на оној на членот Делија, гоуст, ентузијаст.. али секоја сличност е можна.
-
Да, да, се е можно, дури и иста IP адреса имаат... ;)
-
Да, да, се е можно, дури и иста IP адреса имаат... ;)
Хаха , зар е можно Лорд Зи , сакаш да кажеш дека Пепи е Делија ??? :o >:(
-
Абе,нафта не пиеме и ние.. >:(
-
Баба лаже, IP не лаже ;D
-
Делија, пепи, гоуст итн. ако го читаш ова сакам да ми одговориш на прашањето.. ма како бре човек не ти скисна да досадуваш по форуми? а? повеке од 4 никови имаш само на овој форум а досадуваш и на балканските форуми а те има и на Diyaudio како спамуваш, па зар немаш некоја попаметна работа? ц.ц.ц.ц.ц
-
Ајде , пепи , делија , гоуст , биди маж и одговори ни на сите нас , зашто пробуваш да не правиш будали ? Само тоа ::)
-
Пепи, нешто познат ми е овој твој стил на пишување, а и како за штипјанец некако чуден ти е дијалектот, како да ми влече повише на кичевски... ;)
Уште кога го пиша ова лорд зи и кога ги прочитав дел од коментариве, како да имав некое претчувство дека Пепи е Делија, Гоуст и.т.н. затоа што имам читано пораки од тие профили..
Да, да, се е можно, дури и иста IP адреса имаат... ;)
Е со ова се доби смисла... :D
Делија, пепи, гоуст итн. ако го читаш ова сакам да ми одговориш на прашањето.. ма како бре човек не ти скисна да досадуваш по форуми? а? повеке од 4 никови имаш само на овој форум а досадуваш и на балканските форуми а те има и на Diyaudio како спамуваш, па зар немаш некоја попаметна работа? ц.ц.ц.ц.ц
Се согласувам, стварно претера... колку профили имаш бре Пепи
или Делија или Гоуст или незнам, уште некој???
Ајде , пепи , делија , гоуст , биди маж и одговори ни на сите нас , зашто пробуваш да не правиш будали ? Само тоа ::)
Типично балканско изразување... ;D ;D
П.С. Не очекувам да одговориш за брзо дека отиде малце на одмор да се опаметиш.... Но можеби вака ќе се појави и нов профил?? Кој знае.. ;) ;)