Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: batka on 14.04.2011, Thursday, 15:19:29

Title: Софтвер и хардвер CLIO за мерење карактеристики на звучни кутии
Post by: batka on 14.04.2011, Thursday, 15:19:29
Многумина слушале  за овој хардвер и софтвер кој служи за мерење на карактеристиките на звучните кутии. На 164 страни е прикажан софтверот и неговата употреба  ,односно неговите можности.Сепак, за ваша информација сега има понови ,поедноставни  и поевтини софтверски решенија ,кои може да се употребуваат за иста намена.Но,пак ке кажам - звукот е карактерна особина на секој човек,вкус за кој не се зборува,ниту некој некому има право да натури.Затоа,мислам дека не е лошо да прочитате малку и да се запознаете со CLIO ,но конечниот избор на звукот нека остане ваш! Има една изрека - италијанска е - Сите звучници добро свират на твојата омилена радио станица!