Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: macobt on 17.01.2010, Sunday, 03:56:01
-
Дали може некој да осмисли коло,во кое една лед диода ке се пали на отприлика 3 волти, додека не се постигне саканата волтажа од 3 волти лед диодата да не се пали.
Ова коло сакам да го искористам во извор за напојување со променлива волтажа,на пример со вртење на потенциометарот на напојувањето кога ке стигне 3 волти да се упали лед диодата од 3 волти.па коа ке се стигне до 5 волти да се запали друга лед диода која ке индицира волтажа од 5 волти и така натаму.
Ве молам помогнете.
-
Дизајнирав едно коло кое ќе направи да светне лед диодата кога ќе се прекорачи напонот подесен со тример потенциометарот. За индикација на повеќе напони треба да направиш и повеќе вакви кола. На пинот In (+) и масата (-) е каде што го носиш напонот кој го мериш а цел уред (или повеќе вакви уреди) треба да се напојуваат од стабилни 12V.
(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=437.0;attach=124)
-
Многу поедноставно и попрецизно е да ставиш волтметар за индикацита отколку ЛЕД диоди, а волтметар за оваа намена што ти треба можеш многу едноставно да направиш од било каков инструмент со стрелка, на пр. VU метар од стар касетофон или сл., сериски ќе му врзеш еден повеќеобртен тример од 100к за штелување и ќе му нацрташ нова скала обележана во волти.
-
или доколку сакаш по прецизно земи направи си дигитален волтметар ;)
имаш 2 можности
1. да користиш PIC но ќе бидеш ограничен до 30V
2. да користиш ICL7107 интегрално коло
-
А може и најефтино ке поминеш да си купиш еден пазарски инструмент и ако сакаш да го сместиш во кутија ке го растуриш и ке ги преспоиш контактите само за да мери напон.
-
Фала за одговорите,навероватно ке пробам со инструмент.
Поздрав
-
Здраво досите членови, ова мојот прв пост на овој форум.
Одговорите што следеа беа од најпрости кола, па до најсофистицирани , нема што не бива, потребно беше само да, се напомне за каде е потребна контролата на напонот, за да се даде и најсоодветен одговор.
Поздрав
-
Добредојде didy на форумот :) мислам дека сека се комплетиравме, цела екипа од стариот форум
-
друже ако сакаш да мериш струја и напон со еден дигитален инструмент кажи ке ти дадам една шемичка...
-
па тоа би било супер ми мене би ми послужило па ако сакаш може да ја прикачиш шемата ;D
-
може да си отвориш друга тема и да постираш што имаш
би му било на повеќе души од корист