Македонски форум за електроника
Останато => Мерна опрема => Topic started by: Devil on 21.12.2009, Monday, 12:09:09
-
Во план сум да си направам некој минијатурен осцилоскоп за на звучната карата од компјутерот,
не мора да има некој голем опсег на фреквенции.
Проблем е тоа што влезот на звучната крепи до 5V, а мене ми треба да може повеќе, ми треба некоја идеа шема нешто како да направам напонски разделник некој со кој ќе можам да го зголемам влезното подрачје на звучната.
Моја идеа
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/th/vlez_z10.jpg) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=72&u=12643128)
само не сум сигурен колку ќе се намали влезот вака ( пошто шемава е извадена од друга )
што да сменам, како што или да остани како што е ?
-
Шемата не е добра бидејќи е наменета за DC напони, Најпаметно ти е следното. Да на правиш еден бафер со операциски засилувач (бафер е кога влезот - и излезот се кратко споени на операцискиот, а влез ти е влезот +). Баферот ќе ти помогне во 2 случаи: 1. ќе ја заштити звучната картичка од напони, ESD и други работи и во најлош случај ќе прегори операционен засилувач од 20 денари. 2. Ќе обезбеди константна импеданса на влез и на излез со што можеш на влезот да ставиш вака: две антипаралелни зенер диоди од по 5V1 за заштита, пред нив отпорник од 10К, потенциометар 100К (слично како и кај LED осцилоскопот). Нацртај нова шема да видиме.
-
дали мислеше на вакво нешто ?
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/oscilo10.png)
дали само олку ќе биде ?
пошто како што спомнав веќе сакам да приклучувам и поголеми напони од 5V ..
најмногу што ќе се приклучуваат сега за сега ќе бидат 20max
еве една друга шема
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/th/osc_pr10.gif) (http://www.servimg.com/image_preview.php?i=74&u=12643128)
-
Првата (твојата шема) е супер и на неа ќе може да се приклучуваат напони и до 100V доколку употребиш 2W 10К отпорник и 1.3W зенер диоди. Само мислам дека згрешив во погорниот текст во врска со поврзувањето на зенер диодите (реков антипаралелно) а требаше да речам анти-сериски :) се извинувам значи две зенерки редно поврзани со анодите или катодите не е битно за заштита на влезот (ќе заштитуваат скоро до +- 6V (5.1V + 0.7V од другата диода) што ќе биде таман (дури малку и премногу за влезот на звучната картичка) ама барем нема шанси да прегори.
-
дали мислеше вака со диодите ?
и дали ќе ми се појавуваат изобличувања на сигналот ?
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/oscilo11.png)
-
Не мислев така. мислев редно према маса.
-
Еве нова
сл.1
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/oscilo12.png)
сл.2
(http://i14.servimg.com/u/f14/12/64/31/28/oscilo13.png)
која од овие ?
???
-
Сл. 1. бидејќи ако размислиш така и во еден и во друг поларитет (наизменичен сигнал е нели) имаш „клип“ на 5.1V + 0.7V од другата диода (бидејќи зенер диодите кога се поврзани со анода на плус се однесуваат како обични диоди).
-
јас сакам да си земам некоја канта од компјутер за да си ја користам како осцилоскоп/тон генератор...па што компјутер би предложиле за таква намена???
-
каков бил со добра звучна
јас имам еден за 2000 денари, ама треба да ја сменам звучната, оваа што е нанего не ја бива
-
Денес го сколпив и го испробав, работи супер, слики ќе ставам подоцна ми остана уште да го досместам во нешто кутивче :D
Го правев према слика 1 од тие двете последни, кој сака слободно нека го прави :)
-
Баш ме интересира и мене како ти функционира ова чудо :)) дај слика да видиме, принтскрин и слично...
А не би било лошо да се напише нешто како туторијалље за овој проект.. Ми се чини доста корисен за домашна употреба :)
-
Набрзо ќе дојдат во продажба USB звучни картички така да компјутерот ќе ви биде заштитен (и да прегори USB звучната картичка не е голем трошок како да ви прегори on-board звучна на плочата).
-
Јас едно време користев една Creative Sound Blaster 16 како звучна картичка за влез на осцилоскоп, ама од оние „апла старите“, што се монтираа на ISA/EISA слотовите. Звучната картичка сеуште работи и е во топ форма, искрено една од најдобрите картички што ја имам користено (покрај сегашната екстерна што ми е на USB, Lexicon Omega). Произведена е во 1994 (!!!) и до ден денешен ги „јаде“ СИТЕ on-board картички во однос на квалитет на звук. Односот сигнал/шум и е релативно помал во однос на денешните, но тоа е разбирливо, сепак е произведена пред 16 години. На интернет случајно начекав сервисна шема (!!!) за кртичкава, не ни знаев дека воопшто постојат сервисни шеми за картички, но бидејќи не е целата изведена во SMD и плус дека тогаш биле „изгор“ скапи, изгледа морале да направат една. На влезот на картицата (Aux) има заштита од краток спој, заштита од пренапон, и уште ред други заштити.
Така да, ако може некој да си набави некоја стара машина со ISA/EISA слот на неа, како на пример PII или PIII машина и некој од многуте модели на Creative Sound Blaster 16, може комотно да ја користи картицава за осцилоскоп дури и без заштити. Самата си има електронски прекинувач во неа, така да доколку дојде до пренапон/спој, самата си го гаси сигналот на влез и проверува дали повторно на влез е краткоспоена или има преголем напон, ако нема, повторно се пушта во работа, ако не, влезот e изгасен се додека не се среди проблемот. Заштитата е изведена на хардверско ниво, така да нема воопшто да пречи на совтерот, само нема да има сигнал на влез на софтверот за осцилоскопот, по што ќе знаете дека заштитата се пуштила ;).
-
Јас имав Creative Sound Blaster 128PCI која ја продадов пред недела дена за 150 денари. Произведена 1998, а се рамнеше со голем број на картици. А пред тоа имав иста како GigaWatt.
-
Картицата е „коска“, нели ;).
Искрено, многу ми е жал што веќе не ставаат ISA/EISA слотови на новите матични плочи, иначе одма ќе ја ставев како замена за таа што ми е on-board на P4 машината што ми е во дневна или на машината што планирам да ја склопувам за во работилница ;).
-
Не да беше коска...ги шиеше сите останати картици.
Инаку ако би земал пак звучна би зел од Криејтив, нема подобри картици за цена од 1500 до 4000 денари, оваа X-Fi гејмер ми фаќа око, но тоа кога ќе земам нов десктоп компјутер.
-
Devil со која програма работиш?
-
Не да беше коска...ги шиеше сите останати картици.
Инаку ако би земал пак звучна би зел од Криејтив, нема подобри картици за цена од 1500 до 4000 денари, оваа X-Fi гејмер ми фаќа око, но тоа кога ќе земам нов десктоп компјутер.
Само немој да земаш од оние Xtreme Audio, нема скоро никаквa драјверска, ASIO или било каков друг тип на поддршка за нив ;).
Back On Topic. Шемата што ти ја има препорачано BorceBT е супер, јас имав скоро иста идеја, ама ме претекнале, хахахаха :D :D :D. Само што јас не би ја извел повратната врска директно инвертирачки влез/излез, не заради друго, не се препорачува такво врзување на реални опрерациски засилувачи, иако теоретски може ;).
-
Сакам ова да го изработам.. Напојувањето на uA741 треба да биде симетрично +/- или може +5v i 0V.? Дали можам да додадам напонски делител на влез за поголеми напони да гледам, на пр. 220 V/50 Hz.?
-
Да, uA741 бара симетрично напојување, но место него можеш да искористиш некој друг општонаменски операциски засилувач што не бара симетрично напојување, како на пример LM307.
На самиот влез на колото има напонски делител изведен со поенциометарот од 100K и отпорникот од 10K, но најверојатно ќе треба да го замениш потенциометарот од 100K со некој со поголема вредност, на пример 1M, ако сакаш да мериш високи напони.