Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: DX-er on 03.09.2010, Friday, 21:57:36
-
Овој интегралец ми остави добар впечаток бидејки работи на 15V. За него пише дека е 7+7W dual bridge amplifier , што значи тоа? Дали е стерео или е моно па може да работи и како 7W ама и како 14W (7+7W) ? Дали некој од вас има искуство со овој засилувач ?
(http://pic.mk/images/prasan1283554690.jpg)
На сликава има подолги и пократки ноги, кои се задните а кои се предните?
Што значат тие: S-GND, PW-GND, Vcc ?
-
Предните нозе се:1,3,5,7,9,11,13 и 15,а задните се:2,4,6,8,10,12,14 ;) ;D
-
PW-GND ти е исто како и S-GND се поврзуваат на маса(заедно)!!А Vcc е напојување со напон од минимун +3 до +18 волти максимум!!Немој повеќе и ова е стерео коло!!!Ова коло е многу добро(просто) има заштита од презагревање,исто така од краток спој и има функција mute и stand by !!!Одлично колце,ти што ќе правиш со ова!????
-
Фала ви дечки за помошта. Имате репутација за ова :) Сакам да направам појачало за од компјутер да пуштам на по саглам звучници оти сега имам од тие малите. Па ова е 2х7W и мислам дека нема да биде таман за да озвучи една соба.
-
Ова ти е многу просто јас правев пред неколку години вакво мало појалачалце(кога бев почетник во Народна Техника)но сега не правам многу појачала,сега сум заљубен во дигиталната електроника!!! :-* ;D
-
ја па обратно, почнав со радио техника, па микроконтролери и еве сега и аудио појачала :)
-
Овој интегралец ми остави добар впечаток бидејки работи на 15V. За него пише дека е 7+7W dual bridge amplifier , што значи тоа? Дали е стерео или е моно па може да работи и како 7W ама и како 14W (7+7W) ? Дали некој од вас има искуство со овој засилувач ?
(http://pic.mk/images/prasan1283554690.jpg)
На сликава има подолги и пократки ноги, кои се задните а кои се предните?
Што значат тие: S-GND, PW-GND, Vcc ?
Може да работи во мост режим како моно засилувач со 14 W снага, з а за ножичките варијанта на монтирање во хоризонтала со плочката, едните се први ред другите втори ред.
PW GND главна маса исто и за звуцниците , S GND сигнал маса од доводен сигнал
-
интересно, значи може да работи и како моно засилувач со 14W, како да го направам тоа? дали има можност да ставам некој прекидач па да менувам дали сакам 2х7 или 1х14W ?
-
не, работи како стерео засилувач во мостна врска, значи само 2X7W ке можеш да си приклучиш на него...
а и ако сакаш да го правиш во даташитов имаш плочка за тоа на 5та страна
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet/SGSThomsonMicroelectronics/mXyrvz.pdf
-
да од таа плочка ке правам
-
нема да можеш да поврзеш еден звучник од 14W, не е таков интегралецот...
-
2 х 7W на 12V на 8 оми звучник.
-
2 х 7W на 12V на 8 оми звучник.
a на 4 оми колку би дало?
-
Не се препорачува овој интегралец да се работи на 4 оми :) Ако сепак ставите 4 оми звучник заради ограничената струја која може да ја даде на излез сигурно нема да може да даде повеќе од 10-12 вати на 4 оми.
-
интересно, значи кога ке купувам звучници да барам да се 8 оми, а ако користам со 4оми дали има шанса да прегори нешто или нешто друго да се случи?
-
Можеби нема да прегори ако има ладилник ама ќе има повисоки изобличувања отколку што е декларирано во даташитот.
-
го правам појачалово ама наместо 0,22uF керамички јас сум купил електролитски. Тие кондензатори се за аудио влез, преку нив иде во интегралецот. Па дали не е проблем и со електролити или да не уклучувам и да купам керамички?
еве ја шемата:
http://rapidshare.com/files/418303381/1570-2.pdf
-
ако ти се ставено обратно може да ти пукнат...а како се поставуваа не ми текнува...некој друг нека каже...
-
па требаше керамички а јас сум купил електролитски а uF е исто. Иначе + од кондензаторот за влез на аудио.
Дечки да ве прашам уште нешто, кога ке го уклучам појачалово во струја дали треба да спојам нешто кај st-by или кај mute за да проработи или по дифолт ке си се стартува само ?
-
го склопив појачалово ама не сака да мрдне, дали треба да спојам нешто како st-by или mute со некој контакт?
-
со GND МИСЛАМ дека треба да се спои
-
добро интергрално го имасе еден другар направено со ваков интергралец усте пред 1-2 години остави добар впецаток во звукот но за 2-3 месеци работа прегоре интегралното :( :(
-
Мора да има добро ладење и звучникот да не е 2 оми.