Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: BorceBT on 08.11.2009, Sunday, 00:59:37

Title: Квадратизатор на аудио
Post by: BorceBT on 08.11.2009, Sunday, 00:59:37
Оваа шема е квадратизатор на аудио сигнал и го претвора секој синусен сигнал на влез во правоаголен. Осетливоста се подесува со тримерот.

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=182.0;attach=12527)
Title: Одг: Квадратизатор на аудио
Post by: z33dgm on 09.05.2010, Sunday, 15:58:31
за што би можело ова да се користи
Title: Одг: Квадратизатор на аудио
Post by: GigaWatt on 10.05.2010, Monday, 18:13:21
Може да се искористи како дел од генератор на сигнал, ако сигнал генераторот нема опција да генерира правоаголен сигнал, може да се искористи ова коло како генератор на правоаголен сигнал, каде тригерот за колото се зема од синусоидалниот излез на сигнал генераторот.

Инаку повеќето типови на сигнал генератори се прават баш на тој начин, се генерира една бранова форма, на пример сиусоидална, па потоа сигналот од синусоидалниот напон се носи на влез на некое вакво коло кое на својот излез генерира правоаголен сигнал и со определен преклопник се менува кој сигнал сакаш да го имаш на излез од сигнал генераторот, дали синусоидалниот или правоаголниот. На сличен начин, со помош на интегратор, може од правоаголниот сигнал да добиеш „пилест“ сигнал (рампа) ;).