Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Предзасилувачи => Topic started by: BorceBT on 08.11.2009, Sunday, 00:54:41

Title: Преемфазис предзасилувач за предавател
Post by: BorceBT on 08.11.2009, Sunday, 00:54:41
Сигурно многупати сте се чуделе зошто вашиот домашно изработен малечок едноставен предавател едноставно ја нема таа чистина на звукот како комерцијалните радија. Одговорот е дека освен што сигналот не е стерео и не е компресиран фали и фрекфентна компензација таканаречена преемфазис. За среќа оваа компензација е едноставно реализирана со следниот предзасилувач:

(http://elektronika-mk.net/index.php?action=dlattach;topic=180.0;attach=12529)
Title: Одг: Преемфазис предзасилувач за предавател
Post by: DX-er on 31.01.2010, Sunday, 22:58:29
ова е наместо да користиме еквилајзер?
Title: Одг: Преемфазис предзасилувач за предавател
Post by: BorceBT on 01.02.2010, Monday, 01:50:27
Не баш. FM стандардот вели дека пред да се пратат предавателот треба да ги засили високите фрекфенции за одреден степен а приемникот истите да ги намали за да се намали шумот на FM преносот. Така да кога ќе правите обичен предавател од типот на FM буба тој нема корекција на фрекфенцијата (засилување на високите фрекфенции наречено преемфазис) и кога го слушаме на радио приемник ни изгледа како да има помалку високи фрекфенции бидејќи радиото прави обратна работа наречена деемфазис. Тоа не значи дека и без ова коло а со употреба на еквилајзер неможеш да ја средиш работата :)
Title: Одг: Преемфазис предзасилувач за предавател
Post by: DX-er on 01.02.2010, Monday, 01:52:56
леле тоа го имам приметено. Зошто прво се појачуваат високите тонови и така се праќаат (нереални) во етер па потоа пак да се вратат во нормала?

    
Дали овој Преемфазис предзасилувач го има во Вероника 1W?
Title: Одг: Преемфазис предзасилувач за предавател
Post by: BorceBT on 01.02.2010, Monday, 18:14:00
Го нема бидејќи Верониката е наменета за влез на стерео кодер и не смее да прави промени на фрекфенцијата на стерео кодираниот сигнал, во тој случај ваков предзасилувач се става на секој канал на влез посебно пред стерео кодерот!