Македонски форум за електроника
Огласи и понуди => Купувам => Topic started by: Ultron7 on 24.09.2021, Friday, 18:32:31
-
Купувам пасивен ладилник - радијатор, без строго одредена потреба за димензии. Идеаелно формата би била правоаголна, со минимална широчина од 40мм и минимална должина од 200мм.
Материјалот може да биде бакар или алуминиум, предност имаат ладилниците со црно анодизиран алуминиум, ако веќе има избор.
Намената е монтажа и ладење на повеќе LED "Grow Light" чипови со моќност од 50W.
-
Мора да е едно ладилно тело или може да се повеќе надоврзувани (некако... има начини :P :D)? Бидејќи од стари процесори може да се искористат ладилните тела, ако не е критично сите да лежат на едно ладилно тело ;). Имам такви, само треба да проверам колку ;).
-
Имам два типа ладилници, можеш да ги погледаш на сликите во оваа папка. Подолгите се со димензии 200 mm x 80 mm x 100mm.
Од нив имам 5, а од вториот модел 150mm x 100mm x 150mm имам 6. Ако ти одговараат пиши во приватна порака.
https://schoolsmk-my.sharepoint.com/:f:/g/personal/kk266160_schools_mk/ElTB2zA-8yRHpUaG9U8PbMoBI2JxQLthzIdc3pzPV3hpOA?e=F73mQL

Секоја LED плочка е 4цм на 6цм, грубо, затоа ми е тоа минимумот. Понатаму би комбинирал повеќе ладилници во зависност од потребите за осветлување, но тоа е практично само ако секој ладилник носи барем еден ред LED чипови - барем така мислам. Можеби поголем проблем е тоа што површината на 'footprint'-от (превод?) е помала од онаа на LED чиповиве?
Имам два типа ладилници, можеш да ги погледаш на сликите во оваа папка. Подолгите се со димензии 200 mm x 80 mm x 100mm.
Од нив имам 5, а од вториот модел 150mm x 100mm x 150mm имам 6. Ако ти одговараат пиши во приватна порака.
https://schoolsmk-my.sharepoint.com/:f:/g/personal/kk266160_schools_mk/ElTB2zA-8yRHpUaG9U8PbMoBI2JxQLthzIdc3pzPV3hpOA?e=F73mQL
Имам впечаток дека се многу тешки (идејата е да висат на мали синџирчиња и да се подесува висината лесно), а и формата не е таква на каква што би било практично да се постави перка од горе за активно ладење (можеби и не би имало потреба, но преферирам да ја имам опцијата). Би ги размислил како последна опција :)
Мислам дека би било убаво од моја страна да споделам димензии:
(https://i.postimg.cc/65q8fm5h/H8c439035.jpg)
-
Giga, ти понуди идеално решение,ладњаци од процесори плус ако треба вентилатор.Ако ги користиш за дома над секое цвеќе една лед и готово.
За индустриска примена е сосема друга приказна.
-
напрај на ладилникот дупчиња по ќошевите и беси ги како сакаш :D најдобра опција ти се ладилници од цпу, и да не е иста подлогата кај што налегнува процесорот, стави паста на тебрата и нема гаје. ќе тера. Него може збор два за растењето, што ќе растиш, како ја насочуваш светлината, каква почва користиш, какви ѓубрива додаваш, како наводнуваш ?
-
Ви благодарам за предлозите дечки, сепак останувам и понатаму заинтересиран доколку некој има други ладилници да понуди.
напрај на ладилникот дупчиња по ќошевите и беси ги како сакаш :D најдобра опција ти се ладилници од цпу, и да не е иста подлогата кај што налегнува процесорот, стави паста на тебрата и нема гаје. ќе тера. Него може збор два за растењето, што ќе растиш, како ја насочуваш светлината, каква почва користиш, какви ѓубрива додаваш, како наводнуваш ?
За сега потребни ми се само за осветлување на кутија за пропагирање/клонирање растенија, средината е стерилен Sphagnum мов. Во иднина можеби би експериментирал со т.н. microgreens и хидропоника но да не забегувам од темата - ако некој е заинтересиран околу темата може да дискутираме приватно на друг медиум или пак да отвориме посебен топик :)
-
Можеби поголем проблем е тоа што површината на 'footprint'-от (превод?) е помала од онаа на LED чиповиве?
Не знам на какви ладилници мислиш, но оние кои се користеа за P4 процесори се прилично големи и имаа релативно голема површина ;). COB LED имам монтирано на такви, ги собира без проблем ;).
Во иднина можеби би експериментирал со т.н. microgreens и хидропоника но да не забегувам од темата - ако некој е заинтересиран околу темата може да дискутираме приватно на друг медиум или пак да отвориме посебен топик :)
Слободно, не е забрането :).
-
Ги имам овие ако вршат работа.
(https://i.imgur.com/GPt1mDg.jpg)
(https://i.imgur.com/oGwZJO2.jpg)
(https://i.imgur.com/mwxur7H.jpg)
(https://i.imgur.com/ppfjCVV.jpg)
-
Ги имам овие ако вршат работа.
...
Ти пишав приватна порака, мислам дека ќе завршат работа овие вторите :)