Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Сè останато => Topic started by: Kakarot on 01.06.2021, Tuesday, 20:41:29

Title: DIY Инкубатор за јајца
Post by: Kakarot on 01.06.2021, Tuesday, 20:41:29
Здраво, сакам да направам инкубатор за јајца од стар фрижидер кој веќе е преправен во некаква комора, има греач и термостат но подолго време стоел надвор. Потребна ми е помош за поврзување нов термостат, греачот мислам дека е исправен , и ќе треба еден кулер  и можеби овлажнувач. Треба температурата да се одржува на 38 степени и влажноста на 50-60 %
Title: Re: DIY Инкубатор за јајца
Post by: GigaWatt on 02.06.2021, Wednesday, 02:33:25
Некоја слика...? Аналоген термостат, дигитален, каков греач, негова моќност, како треба да биде изведено „ладењето“ (циркулацијата на воздухот)?

Детали колега, детали ;D.
Title: Re: DIY Инкубатор за јајца
Post by: bicikle on 02.06.2021, Wednesday, 20:27:23
Еден греач тинтреба потопен во вода за влажност, и исто така битно јајцат треба да се поместуваат од време на време.
Термостат предлагам со нтц отшорник, треба да има што помала хистереза, со тоа и вентолатор на греачот заради да не ти е хот спот и да не е директно изложен на јајцата, ќе ги сварит. За ладење на нашата географска ширина мислам дека нема потреба, доволно е да е поставен под сенка.