Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: The Other Rick on 18.09.2020, Friday, 08:43:26
-
Дали знае некој каде, ако воопшто постои местото, да купам ваков вентил.
http://[code]www.adafruit.com/products/997
Ми треба за Ардуино проект и треба да го презентирам на крај на месецов така што онлајн нарачка не е опција. Видов во неколку продавници за електроника и немаат вентили. Ако некој има некаков сличен на овој и би сакал да ми го продаде слободно нека ми пише порака овде или на мејл.
-
Вакви слични има во секоја машина за перење, со тоа што се за 230V, ако ти врши работа.
-
Исто и во меркур, бриколаж електроелемент има за системите капка по капка, не знам дали се истите димензии, но имаш редуцир.
-
овој тип на вентили се користат во беспритисочните соларни системи (најчесто нискобуџетните кинески) и можеш да го купиш од оние што продаваат и монтираат вакви соларни јави се на пр. во: текосолар, леовкомпани...