Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Аудио опрема => Topic started by: koki88 on 29.04.2019, Monday, 23:48:03

Title: Поправка на звучници Altec Lansing AVS300
Post by: koki88 on 29.04.2019, Monday, 23:48:03
Здраво на сите!
 
Ме интересира дали има некаде низ Скопјево сервис за постари звучници, или дали има некој на форумов кој е подобро упатен во таа област.
 
Конкретно имам проблеми со звучници Altec Lansing AVS300.
 
(http://www.mediafire.com/convkey/e496/a7r37ozy3z735sbzg.jpg)
 
Ги имам овие ѕверки (барем од мое лично искуство ги сметам за ѕверки :) ) повеќе од 15 години и одлично ме служат до денешен ден.
 
Проблемот е следниот: без разлика дали е притиснато или не копчето за вклучување/исклучување, звучниците сепак работат. Овој проблем го имам од поодамна (повеќе од 10 години), но не му обрнував сериозно внимание се` до неодамна.
 
За волја на вистината ги однесов еднаш кај сервисер, но бидејќи не можеше да ги отвори, човекот одлучи да не ризикува и да ги оштети при отворање, поради што не ги поправи, па од тогаш не ми текнало да ги однесам кај друг сервисер.
 
Но изминативе месец дена почна да заебава и контролата на звук, па така се случува понекогаш иако сум го намалил звукот на минимум, звучниците да даваат звук до максимум.
 
Не ми претставува проблем да купам нови звучници - тоа е најлесното решение, но не чувствувам потреба од тоа, бидејќи сум крајно задоволен од овие звучници - не зафаќаат многу простор, а сепак произведуваат одличен звук.
 
Дали можете да ми препорачате некој сервис за звучници низ Скопјево или некој член на форумов кој врши поправка на звучници ?
 
Не мора да е некој кој е подобро запознаен со Altec Lansing, но секако дека и тоа е добредојдено.
Title: Re: Поправка на звучници Altec Lansing
Post by: GigaWatt on 30.04.2019, Tuesday, 00:30:47
Altec-и се, не може да се лоши ;)... иако се компјутерски, сепак, сигурно се многу добри ;).

За волја на вистината ги однесов еднаш кај сервисер, но бидејќи не можеше да ги отвори, човекот одлучи да не ризикува и да ги оштети при отворање, поради што не ги поправи, па од тогаш не ми текнало да ги однесам кај друг сервисер.

Ако се со клапни или лепени, пиши им крст :-\. Не дека не може да се отворат, може, ама повеќе време ќе потроши на „адекватно“ отворање и затворање (читај „отворање без да се искрши ништо и затворање со силикон или некој друг лепак кој нема да го деформира звукот“) отколку на поправката :-\.

Но изминативе месец дена почна да заебава и контролата на звук, па така се случува понекогаш иако сум го намалил звукот на минимум, звучниците да даваат звук до максимум.

Проблеми со потенциометарот (запрашување или лош контакт). Ова можно е да се реши со контакт спреј, без да ги расклопуваш. Земи PRF 6-68 и прсни директно во шипчето на потенциометарот (извади го капачето) и потоа мрдај го лево/десно потенциометарот (volume up/volume down). Види дали со тоа ќе се реши проблемот ;). PRF 6-68 го има во Loging.

Недостаток е тоа што, ова чистење со контакт спреј е само привремено. Ќе работи, но по некое време, пак ќе треба да го шприцнеш потенциометарот :-\.

Дали можете да ми препорачате некој сервис за звучници низ Скопјево или некој член на форумов кој врши поправка на звучници ?

Јас искрено, не знам... нека пишат останативе членови.

Порано сум земал вакви работи на поправка, но сега веќе... не. Почнав со други работи да се занимавам, одамна сум надвор од аудио светот. А и, искрен да бидам, ако навистина толку тешко се отвораат, само за рака ќе треба 1000, 1500 да фрлиш, плус ако треба некој дел да се смени, уште 200, 300, 400, 500... кога ќе видиш, 2000 ќе фрлиш на крајот... мислам дека не се исплати, колку и да се добри.

Мој личен совет: ако можеш или знаеш сам да си ги расклопиш, пробај да ги поправиш, ако не, фрлај во канта нема поента ;).

Но, пак ќе пишам, нека пишат и другите членови, можно е да имаат други решенија или предлози за проблемот ;).
Title: Re: Поправка на звучници Altec Lansing AVS300
Post by: LordZi on 30.04.2019, Tuesday, 01:01:51
Ако ги отвараш, а мора да ги отвориш ако сакаш да ги поправиш, провери дали случајно има штрафови под заштитните мрежи напред или позади сокриени под налепници.
Иначе дефектите според пишаното ми личи дека се од чисто механичка природа, прекинувачот најверојатно е заглавен цело време во ON позиција, а потенциометарот e прљав внатре или е потрошен лизгачот...