Македонски форум за електроника

Електронски уреди => Мобилни телефони => Topic started by: DX-er on 27.02.2017, Monday, 17:48:45

Title: Прв пат читам дека многу држави се откажале од GSM стандардот
Post by: DX-er on 27.02.2017, Monday, 17:48:45
Ова не ми се верува, мобилните оператори во многу земји ги гаселе GSM базните станици.

Code: [Select]
http://sitel.com.mk/fanovite-na-nokia-3310-vo-shok-legendarniot-telefon-nema-da-raboti-vo-site-zemji-eve-dali-makedonija
Title: Одг: Прв пат читам дека многу држави се откажале од GSM стандардот
Post by: GigaWatt on 01.03.2017, Wednesday, 02:20:32
Не верувам дека кај нас така брзо ќе се изгаси GSM. Ќе видиме, ама ние не сме Норвешка или Шведска, па секој да има оптика до дома уште во 2008-ма. Мислам дека ќе поминат барем уште 7 или 8 години пред да почне да се разгледува опцијата за гасење на GSM мрежата кај нас.
Title: Одг: Прв пат читам дека многу држави се откажале од GSM стандардот
Post by: DX-er on 01.03.2017, Wednesday, 10:42:47
Баш си размислував на оваа тема дека скоро секој човек кој што купува телефон, тоа е смартфон а и скоро сите веке имаат смартфони. Смартфоните по дифолт се подесени да работат во mix mode односно на GSM/UMTS, или тие со 4G GSM/UMTS/LTE па според ова мислам дека најголем процент од разговорите се одвиваат преку UMTS мрежите а не преку GSM. Бидејки телефонот обично ја преферира UMTS мрежата поради интернетот. Во овој случај и доколку се изгасне GSM мрежата, вероватно нема да има некој голем проблем, мислам дека еден мал дел од телефони (постарите) нема да може да функционираат. Ако ја искучат GSM мрежата еден дел од луѓето ке се најдат затечени, исто како што беше и со аналогната телевизија кога ја исклучуваа.

Од гледна точка на операторите, GSM базните станици полека им стануваат терет, зошто? Бидејки за цела мрежа од GSM базни станици плаќаат голема сума на пари за закуп на фрекфенции, потоа трошоците за струја, резервни делови и одржавање, тоа се големи пари.

Дури и да се решат на ваов чекор, мислам дека би било најдобро да остават по некоја активна GSM базна во руралните подрачја каде е потребно подобро покривање со сигнал но и за луѓето што живеат во тие места мислам дека најповеке користат GSM only телефони.

За крај на овој пост да кажам дека, јас покрај смартфонот си употребувам и обичен GSM со тастатура :) дали носталгија или практичност.. :)
Title: Одг: Прв пат читам дека многу држави се откажале од GSM стандардот
Post by: nsu on 03.03.2017, Friday, 21:51:43
Навиката е таа Dx-er абе никој на балканот не ги укинал веќе што претеруваат овие имам чичко во Германија дедо во Германија па уште сименс од најпрвине со камера цепа грдине првите што беа тоа е тоа полека ќе се тргаат а па кај нас ќе стојат и тоа уште како  8)