Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Видео техника => Topic started by: munja on 21.02.2017, Tuesday, 22:55:49

Title: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 21.02.2017, Tuesday, 22:55:49
Како што гласи насловот сакам да поврзам 3 боом тв ресивери на една антена дали е тоа возможно и како да се направи тоа?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 22.02.2017, Wednesday, 03:51:08
Ти треба сплитер, како на сликата. Може да се најде на многу места... на пазарче, продавници за електронски компоненти, кабелските оператори ги имаат на тони.

(http://www.mediafire.com/convkey/7dce/arsmo3yaue05jovzg.jpg)
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 22.02.2017, Wednesday, 13:20:57
Го имам ваков сплитер наместено кабелската ја делам така сега ке се земам боом а имам една антена и не бев сигурен дали ова ке заврши работа да не е слаб сигналот бидејки од кабловските користат засилувачи а јас нема да користам ?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 22.02.2017, Wednesday, 15:54:15
Не би требало да има проблем, слабеењето би требало да биде мало во опсегот во кој се користи сплитерот. Ако имаш 3 way splitter, искористи го тој. Ако имаш два 2 way сплитери, врзи ги во серија и двата и ќе добиеш три излези. Ако замрзнува и сецка сликата, земи еден 3 way и не би требало да имаш проблем ;).
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: Toma on 22.02.2017, Wednesday, 16:01:13
07MM-GM03 Specifications
Insertion Loss 6.5-9.5dB
Code: [Select]
https://mmassets.objects.cdn.dream.io/downloads/brochures/07mm-gm03_brochure.pdf Потребно е да се објасни оваа Insertion Loss 6.5-9.5dB.
Јас сум по практика, теоријата за теоретичарите, да објаснат што значат бројкиве 6.5-9.5dB !
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 23.02.2017, Thursday, 06:12:56
Слабеење на сигналот (влез --> излез) во опсегот во кој е дефинирано дека работи сплитерот (5 - 2450MHz).

И патем, не мислев дека треба да набави баш таков сплитер како на сликата, туку дека најдобро е да набави 3 way сплитер. Сликата ја најдов преку Google search, не го барав конкретно тој сплитер.

Инаку, и не е баш паметно да го набави баш тој сплитер од сликата бидејќи на едниот излез има power pass through, за уреди кои се напојуваат преку кабелската мрежа, така да, можно е при електрични атмосферски празнење да настрада баш тој уред кој е врзан за тој излез... во случај антената да е поставена на отворено. Не дека со некој сплитер кој нема ваков излез нема да настрадаат уредите, туку муабетот е дека во конкретната ситуација, подобро е сплитерот да нема таков излез.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 07.03.2017, Tuesday, 22:15:39
Ги земав 3 те боом или вип тв лите ги поврзав со антената преку свичерот и се ок сигнал 100 % квлаитет 100% но некој канали сецкаат. Направив дтв антена за еден тв го приклучив и сигнал ок се ок но пак сецкаат каналите и на тој и на другите 2 тв иако јачината и квалитетот се на сите 3 100% дали некој знае како да го решам проблемот антените се на таван порано користев пред една година немав такви проблеми но антената ми беше надвор дали тоа е можеби причината за проблемот или сепак проблемот е до операторот .Да напоменам сецкањето е на одредени канали не на сите ?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 08.03.2017, Wednesday, 00:29:11
Пробај види дали без сплитерот само на еден ТВ приемник дали ќе сецкаат каналите. Ако не сецкаат, проблемот е сплитерот.

Ако пак сецкаат каналите, пробај заротирај ја антената во спротивна насока или за 90 степени во лево или десно. Можно е да ти е поставена во погрешна насока. Не е како порано, насочувај ја, па гледај дали има снег или не, сега треба малку да нагаѓаш, да видиш каде е клетката на One. Ротирај ја и види, во некоја насока треба да престане сецкањето.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 08.03.2017, Wednesday, 18:56:59
Епа вака сега зачи 100% сум сигурен дека не е до свичерот бидејки сега еден тв ми е на посебна антена и кај него е иста ситуацијата останува само да пробам со ротирање на антенните.

Споено мислење: 08.03.2017, Wednesday, 21:21:42
Сега правев експерименти со антената и нема резултат најдобрата позиција е иста како и претходно што беше и не ми е јасно како ако квалитетот на сигналот е 100 % јачината на сигналот е 100% пакети на грешки 0 сликата и звукот сецкаат на одредени канали значи не на сите.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 10.03.2017, Friday, 00:44:02
Можно е да се проблематични box-овите. Сецкаат кодираните или некодираните (Македонските) канали? Си пробал со други box-ови?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 10.03.2017, Friday, 16:49:32
Сецкаат и кодирани и не кодирани канали и а колкава е можноста да ја имам таа срека 3 ресивери да ми не чинат.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 11.03.2017, Saturday, 00:48:26
Пробај со други box-ови... не знам што друго да ти предложам. Или е проблемот до box-овите или до сигналот... или можеби антената, ама викаш дека претходно си немал проблем со приемот на сигналот на истата антена, така да, нејзе можеме да ја елиминираме како извор на проблемот.

Провери го и коаксијалниот кабел и врската на кабелот со антената. Ретка е ситуацијата да зеза кабелот, ама кој знае, можеби има некаде прекин.

Претходно, со претходниот box, каналите ги гледаше во HD или SD?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 22.03.2017, Wednesday, 20:21:12
Дефинитовно пробемот е до сигналот бидејки некој денови е ок некој не е и променливо е не сецкаат секогаш исти канали но овие денови е добро ретко се случува да сецне ама кратко .
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 22.03.2017, Wednesday, 23:46:18
Пробај со поголема антена. Јаги е или некаков друг тип на антена?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 23.03.2017, Thursday, 17:27:12
Едната антена е ваква

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/32EL_Outdoor_Digital_TV_Antenna.jpg)

а другата е ваква

(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/dtv_homemade_antenna.jpg)

И со двете истиот проблемо но последните некојлку денови е многу подобро и по тоа заклучив дека е до сигналот.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: Z33RTF on 23.03.2017, Thursday, 19:45:22
Користи ја првата антена Log-periodic се вика. Има поголем gain од другата антена.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: bicikle on 26.03.2017, Sunday, 21:33:34
Кај мене бумот има антена обична бакарна жица меѓу тв и зид поставена, еднино сецка акозатаниш апла пред нејзе. Крај краева направи некое тањирче 30-50цм пречник(или раткапна од стара шкода)  пробај и така. Мада ептен на тамина би јило така ама пробај си ка среќата не е некоја инвестиција ...
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: nsu on 27.03.2017, Monday, 12:26:31
Code: [Select]
https://www.youtube.com/watch?v=iaephAs-28M
Code: [Select]
https://www.youtube.com/watch?v=AX6bmchNAAo
Code: [Select]
https://www.youtube.com/watch?v=FFOZkRg6O98
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 28.03.2017, Tuesday, 01:25:28
Ај провери дали кабелот до антената ти е омски исправен... ама откачи го од двата краја (и од крајот на антената и од кај сплитерот) и измери омски меѓу средниот вод и ширмот да не има случајно спој... да не е случајно прецвикан некаде кабелот.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 28.03.2017, Tuesday, 13:11:28
Тоа требаше досега да го проверам но ете не ми текна ке проверам инаку не верувам дека антените што се постирани се поефикасни од моите ке проверам кабел па ке пишам што како.
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: nsu on 28.03.2017, Tuesday, 15:17:47
Да другар не се подобри колку пошто спомна bicikle раткапни од Шкода а и јас сум правел вакви антенчињава како идеа само ти ги шернав.Види тоа со кабелот обавезно најбитно ни е па кажи ни  ;D
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 04.04.2017, Tuesday, 21:54:07
Кабелот си е ок и тоа е тоа проблемот останува со променлив карактер некогаш појако изразено некогаш послабо(поретко) >:(
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: nsu on 04.04.2017, Tuesday, 22:34:18
Епа што знам веќе другар што да предложиме каква антена да пробаш. Незнам што да ти кажам стварно ;D 8)
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 04.04.2017, Tuesday, 22:42:00
Не знам... си се јавил на Boom да им ја кажеш ситуацијата, сигнал 100% а сликата сецка?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 04.04.2017, Tuesday, 23:07:06
Ке одам во салон директно да им посочам што како се случува јас како поранешен задоволен корисник се одлучив пак на таа опција но сега ситуацијата е сосем друга. Тоа е тоа во секој случај благорадам на советите .
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: LordZi on 04.04.2017, Tuesday, 23:32:15
Сите имаат проблеми со тој бум, и кај мене и кај мајка ми е исто, некогаш сецка, некогаш не. Ако имаш од новите црни рисивери пробај расчепкај го кај што влегува џекот за антената, мислам дека тоа му е слаба точка, кај мене некогаш сликата се оправа со ставање и вадење на џекот. Мада мислам дека и самите рисивери им се полни со багови, и хардверски и софтверски, а откога го презема вип и сигналот им е тапа... Како и да е време е да се бара друг провајдер...
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: nsu on 05.04.2017, Wednesday, 08:25:04
Прашај ги друже затоа им се откажаа доста од boom  8)
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: Atanas on 05.04.2017, Wednesday, 17:20:10
Услугите на Телеком сметам дека им се најдобри. Дома користиме веќе со години и не сме имале никаков проблем.  ;)
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: LordZi on 05.04.2017, Wednesday, 23:26:18
Се најдобри, ама и најскапи...
Него, има ли некој искуство со Неотел?
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: munja on 11.04.2017, Tuesday, 23:01:16
Денеска од сабајле имаше прекин во сигналот некој канали ги имаше некој не отидов на работа и кога се вратив пуштам и гледам ок сите канали и гима и што е позитивно не сецкаат до кога ке е така ке видиме  :D
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: GigaWatt on 12.04.2017, Wednesday, 02:08:17
Изгледа нешто правеле, пустеле... најверојатно им се жалеле и други ;).
Title: Одг: Една антена, 3 ТВ приемници
Post by: nsu on 12.04.2017, Wednesday, 08:25:57
Тоа е Гига сто посто им се жалеле како кај мене во населба имам интернет со брзина 50Mbps реално имав 35 на еден засилувач на една бандера место четири корисника по четири 16 колку што може на една бандера вклучиле 24 па после поплаки blizoo дојде стави нова бандера нов засилувач тука нели тоа е она уред како повторувач што на него се мери чистина на сигнал фреквентен опсег се не смее да има големо слабеење ставија нов сега сме 17 корисници на него лета сега 48 Mbps downstream  8) 8)