Македонски форум за електроника
Останато => Електронски компоненти => Topic started by: DX-er on 24.03.2016, Thursday, 22:53:42
-
Бидејки немам искуство со работа со тријаци но само знам дека истите тие можат да заменат реле. Како да поврзам тријак за да ја извржува функцијата како релето? Поточно потребно ми е да приклучам два термо сензори во еден вод со тоа што временски ке се пали едниот па после другиот. Значи и двата DS18B20 сензори ке битат под напон но само data изводите ке се прешалтуваат.
-
DS18B20 сензорите среќно ќе работат двата на истата линија без да има потреба од *прешалтување*. 1Wire протоколот е адресабилен, така што треба само да ги додадеш двете адреси да ги распознава софтверот.
-
Софтверот односно HEX фајлот неможам да го сменам. Ке одам на оваа првава варијанта во секој случај :)
-
Потполно ти е погрешна насоката на размислување. Тријакот може да замени реле, но не на ова место и не за спроведување сигнал.
-
Потполно ти е погрешна насоката на размислување. Тријакот може да замени реле, но не на ова место и не за спроведување сигнал.
Е добро, што тогаш е решението?
-
Бидејќи, колку што разбрав нема да чепкаш ништо во програмата на контролерот, тогаш најдобро ова да го решиш на еден од следните начини:
1) Реле со работен и мирен конткт. На работниот го приклучиш едниот сензор, а на мирниот другиот сензор и ќе направиш електроника-крпеница за управување со релето.
2) Наместо класично реле две рид релиња со намотки. Ги имаше порано по телефоните. Сега незнам дали се продаваат, плус електроника за управување на релињата.
3) Најелегантен. Да употребиш логичко коло селектор (мултиплексер) како на пример CD4019 или слично. Тоа е капија со два влеза (A и B), еден излез (Q) и еден контролен влез (S). Со контролниот влез (S) одредуваш кој од влезовите (А или B) ќе се појави на излезот Q. Се разбира, ти треба и дополнителна логика за управување со S. На A ќе го закачиш едниот сензор а на B другиот. Тоа се сензори со дигитален интерфејс.
Инаку, точно е тоа дека тие може да дојдат на иста линија, но треба и програмата на контролерот тоа да го подржува. Бидејќи ти нема да менуваш програма, тогаш мора да одбереш некое од горните решенија.
-
Решението со CD4019 нема да работи. 1Wire е бидирекционална линија. Значи треба да се употреби аналоген мултиплексер - 4052, 4053
-
Да, бидирекциона е. Аналоген мултиплексер треба. Тогаш CD4053. И не е скап.
-
Фала за советите, ако имате некоја шемичка да ставете. Вероватно овој CD4053 би се контролирал со NE555 за тоа кога да го пушта едниот а кога другиот сензор.
-
Не мора со 555.Еве ти шема со 4011 и тастер со кој бираш еден или друг влез. Монтажната е приближна,треба да се доразработи.