Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: TeslaBt on 01.03.2016, Tuesday, 19:31:19
-
Денес јас ќе ви кажам што ви треба и како да направите кабел за програмирање на Baofeng , а и други станици кои го користат FTDI протоколот.
Се што ви треба е
- Ардуино со код кој не користи сериален порт
- 2.5мм џек и 3.5мм чек
- Кабли
- Лемилица и
- CHRIP(програма за програмирање на станици)
Прво што треба да направите е да ги залемите жиците на чековите.На 2.5мм џекот каблеот за TX(од Ардуиното) треба да се залеми сигналот на внатрешниот (центарот) , а за GND на GND(Sleeve) кај шо треба да оди по правило. А за 3.5мм за RX (за ардуино rx за Баофенг tx) треба само на GND(Sleeve) да се залеми сигналот. Е сега едната жица шо е за GND(на sleeve) кај 2.5мм џекот треба да оди во GND на ардуиното , а другата жица да оди во PIN1 или TX. А за 3.5мм џекот треба жицата да оди во PIN0 или RX. Потоа вие го поврзувате ардуиното на компјутерот и не уклучувате Arduino IDE туку CHRIP , а потоа си го ставате фајлот што сакате да се стави на Baofeng-от. ИИИ толку од целата работа.
Малку околу тоа како работи :
Значи ние не го користиме микроконтролерот кој е на Ардуиното туку чипот за serial to usb. Фактички ние го заобикулуваме микроконтролерот и директно одиме на чипот за serial to usb.За сето ова се користат COM портите од 0 до 8.
А исто така ова можи да се користи и за други станици како Yaesu и Motorola но вака бидејќи не знам точно таму каков е распоредот.
Eте и една слика како сето ова изгледа
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/BIjOY3F.jpg)
-
Имаш реп+ за ова. Браво!
-
Фала DX-er
-
FTDI не е протокол, туку фирма :-) Станиците користат UART протокол (на хардверско ниво) за коминуцирање. Само напомена ова е супер за ако немаш кабле за програмирање. Колку што се сеќавам каблињата беа по 3-4 долари што е далеку поефтино од овој setup
73
-
FTDI не е протокол, туку фирма :-) Станиците користат UART протокол (на хардверско ниво) за коминуцирање. Само напомена ова е супер за ако немаш кабле за програмирање. Колку што се сеќавам каблињата беа по 3-4 долари што е далеку поефтино од овој setup
73
Да точно е то. Но негде го пишат дека е и протокол. Да каблињата се по 3-4 долари ама не работеја ко шо треба кај еден другар и се решив да не порачвам да разгледам и да напрам сам. И ете мене ме кошташе сето ова 50 денари само џекојте се друго имав.