Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Радиоаматери => Topic started by: DX-er on 23.10.2015, Friday, 09:45:41

Title: Искуство со RH771 антена за рачна станица
Post by: DX-er on 23.10.2015, Friday, 09:45:41
Пред нешто повеке од еден месец ја нарачав оваа антена за рачна станица

Code: [Select]
http://www.banggood.com/RH771-10W-SMA-F-SMA-M-Dual-Band-Radio-Antenna-for-Walkie-Talkies-p-965096.html
Ја тестирав на врвот на Водно на подалечни репетитори како R2 и RU2 (Копаоник) на 150km и R1 (Софија) на 170km.
Според моите тестирања се покажа многу подобра во UHF опсегот од стандардната антена, радио сигналите кои едвај ги примав со обичната антена која беше на станицата од фабрика, со новата антена сигналот беше со одличен квалитет.
Исто и за емитување, многу подобро ме слушаа со новата антена одколку со стандардната која ја имаше станицата.

При тестирањето на VHF опсегот се покажа дека сигналот што го емитуваше станицата беше по добар, односно подобро ме слушаа од другата страна, додека приемниот сигнал за жал беше нешто послаб одколку со стандардната антена.

Спецификациите на антената се:
UHF засилување 3dBi
VHF засилување 2,15dBi
VSNR помало од 1,5

Дали некој од вас ја има оваа антена и какви се вашите впечатоци ?
Title: Одг: Искуство со RH771 антена за рачна станица
Post by: BorceBT on 23.10.2015, Friday, 10:24:00
Само да ти напомнам дека и други се жалеа на квалитетот на фабричките антени на Беофенг. :)
Title: Одг: Искуство со RH771 антена за рачна станица
Post by: ivica.s on 23.10.2015, Friday, 23:33:07
Јас ја имам антенава околу 6 месеци и можам да кажам дека во споредба со фабричките баофенг антени е приметливо подобра. На 145 мегахерци е скоро 1/4 ламбда во должина што значи дека барем има некое какво такво засилување. Со оглед на тоа колкава е цената убедливо најдобриот однос цена/перформанси што го имам видено.

Title: Одг: Искуство со RH771 антена за рачна станица
Post by: vanne on 29.11.2015, Sunday, 20:05:12
И јас ја имам оваа антена ама со име 'Nagoya NA-771' . Антената на прием е многу подобра за разлика од фабричката. (зборувам за UV-5R станица) Но денес претпладне се јавив на Р6 со големата антена и остварив контакт со радиоаматер од Прилеп. Со оваа нагојата поминував многу послабо отколку со малата. Попладне остварив контакт со радиоаматер од Скопје и се случи сосема обратно. Со малата поминував многу послабо отколку со големата и сега незнам друго што да коментирам... :o