Македонски форум за електроника
Други технологии => Роботика => Topic started by: Ace894 on 31.07.2015, Friday, 19:40:53
-
Идејата ми беше да направам авион но кога сватив колку е тешко да се лета и колку пати ке го скршам додека да научам да го летам затоа се откажав од праење и направив quadcopter кој е стабилен и доста лесен за управување за разлика од авионот но многу е тешко да се ориентираш додека го леташ
Дронов немаше да го правам се додека не најдов начин како најевтино да добијам голема дистанца на летање само за 10$ до 1км .. купив најобичен трансмитер од некој ефтин хеликоптер потоа купив Nrf24l01 + pa + lna
и го составив си направив трансмситер и како ресивер-еден Nrf24l01 модул и ардуино мини
како контролер на дронот на почеток користев ардуино уно и mpu6050 сензор но после си купив "оргинален" multiwii контролер кој е многу помал и не фаќа многу простор + има магнетометер и барометер што ти дава плус можности пр. за да стои дронот на една одредена висина без да го контролираш и др.
На почеток мислев сам да почнам да го пишувам кодот но се сетил и некој друг пред мене па така да искористив готов програм со мали препрафки се функционираше добро
За дронот користистам ефтини мотори тука најмогу се зафркнав бидејки тие се најбитни во целиот дрон бидејки со овие мотори имам многу вибрации заради кои на почеток имав многу проблеми додека да најдам решение затоа ако некој се одлучи да прави дрон на се може да скрати некоја пара али за мотори нека не штеди и карбонски пропелери поскапи али многу подобри јас користам ефтини пластични.
speed контролерите исто така најефтини кинески али ги репрограмирав со друг програма и работат многу добро.. рамката исто така солидна батерија користам 2200mah сеа купив нова 5000mah сеуште не сум измерил колку ми трае летот али таа од 2200mah не верувам дека е толку и таа беше наефтината коа почнав да го праам.. само едно приметив незнам колку е точно али коа леташ во место батеријата многу побрзо ми се троши отколку коа летам брзо и на сите страни.
исто така купив камера и fpv (first person view) систем со домет до 2км за да можам да си седам да гледам во екран и да летам на поголема далечина
Бидејки имам вишок 5 моторчиња од 3 моторчиња сакам да напраам tricopter и еден авион кој ке го летам со FPV али тоа ке остане за понатака следно се мислам за 3d printer можеби ке потрае додека да го напраам бидејки бара доста прецизност во правењето на конструкцијата али имам време со моиве 17 години да напраам уште многу работи само ми фали некоја пара :D
На пат е и фториот дрон еве слика од него како би изгледал отприлика
Еве едно видео од мојот дрон не е баш најдобро али ке снимам некое друго коа ке можам
F450 quadcopter flight (http://www.youtube.com/watch?v=CdOlOPncU5s#ws)
Случајно ако некој има некоја онлјн работа со неможе да постиге сам можам да работам се и сешто или некоја препорака кај да работам на интернет затоа што мојата претходна работа заврши и веке немам со што да купувам ....
А случајно ако некој сака да донира некој денар нека пише ке му ја дадам мојата пајпал адреса мада неверувам дека некој би сакал :D
Слики од дронот
(http://www.4shared.com/download/0YDmZVdNba/LU5m6ai.jpg?lgfp=3000)
(http://www.4shared.com/download/bExunULnba/s4nyReC.jpg?lgfp=3000)
(http://www.4shared.com/download/iYd4sP--ba/X587dcE.jpg?lgfp=3000)
Слики од трансмитерот
(http://www.4shared.com/download/MrKaiXq8ce/0MMFHm2.jpg?lgfp=3000)
(http://www.4shared.com/download/xOawoi2Tba/9HChod2.jpg?lgfp=3000)
Слика од FPV
(http://www.4shared.com/download/NeiN8zAjce/trpvNuf.jpg?lgfp=3000)
Слика од моторчињата за следниот дрон кој би требал да изгледа вака
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/20140930170816.jpg)
еве слика од моите моторчиња за наредниот quadcopter, трикоптер и еден авион
(http://www.4shared.com/download/oLKN4GA4ba/cVBmRiz.jpg?lgfp=3000)
(http://www.4shared.com/download/0g9ZaNDAce/wQr1SVG.jpg?lgfp=3000)
-
Проектот ти е за пофалба, секоја чест. Овој дрон, како што велиш колку за забава добар е, и не се разочарувај со моторчињата, ќе се навикнеш да го стабилизираш ако повремено го летнуваш.
Најдобро е да користиш од таканаречените „акумулаторски батерии„ што се полнат (претпоставувам дека се 9в) сигурно ќе траат повеќе.
-
пред се благодарам за коментарот
незнам за точно кои акумулаторски батерѝи мислиш јас користам Li-po батерии не само јас скоро сите што се занимаваат со летала бидејки се лесни и даваат голема струја
пример За мојот дрон ми е потребна батерија која може да даде 40А на 12V бидејки едно моторче повлекува до 10А плус предност на оваа батерија е тоа што е лесна тежи само 150г и е 2200mah
според некои формули кои ги најдов на форумот на кој е наменет за овие летала мојава батерија треба да издржи до 60А но после секое летање батеријата е загреана а тоа значи дека е преоптеретена новата батерија од 5ah треба да не загрева но како што пишав не сум ја пробал
-
Батка,добредојде на Форумов ,ама за потсетување,како нов член , е да си ги прочиташ добро правилата на Форумов!
Како се ставаат слики,како се кодираат линкови. Темата со дроновите е добра,но за жал, МВР ги забрани,односно треба специјална дозвола за да може да го употребуваш - воглавном за снимање.Иначе,казната е некои 300 ЕУ,така мислам.
-
Постави ги сликите повторно, за да го видат и другите дронот. Бидејќи администрацијата ти ги избришала.
-
Линкови кој водат до некој одреден дел во форумот не мора да се кодираат, исто така не мора да ги кодирате линовите од видеа (пр од youtube )
епа зошто го избришавте линкот ако не мора да се кодира ?
-
Линкот до видеото не беше добро постиран.Стави го повторно,како и сликите.Сликите треба да се ставаат на надворешен хост, а не директно на Форум.
-
Се надевам дека сеа се добро постирани или пак смета нешто ?
batka место што ми ги бришеше линковите можеше само да ги преправиш ем ти ке беше задоволен ем другите што читаат
Наместо да ги задоволиш другите како модератор на странава ти гледаш да ги изгубиш и тие посетители на странава што ги имаш
И така ова е мојот последен пост на странава не планирам во иднина да постирам за да читам правила по коментари туку да добијам некоја сугестија или оцена за тоа колку добро сум го напраил и да му помогнам на некој во случај да сака да го направи истото...
Подобро ке постирам на странски форуми каде ке добијам повеке коментари за тоа како сум го направил а не дали ми бил добар англискиот
Поздрав
-
Полека ајде, Ace894 е нов член и нема потреба веднаш да се опоменува по направена само една грешка. Нашата работа се знае, треба да средуваме и дури ако ептен членот тера инат дури тогаш јавна опомена. batka ќе те замолам во иднина да бидеш помек посебно кон новите членови. Убаво кажа членот, на овој начин само си ги бркаме членовите.
Ace894 одлична изведба на дронот, се надевам дека ќе гледаме уште добри работи од тебе на форумот :).
-
Јас лично не би го опоменал Ace894, бидејки само неговиот проект и презентацијата на истиот е доволна компензација и за многу грешки да покрие. Мислам дека Ace894 има еден од најдобрите проекти што воопшто се изработени од електроничарите хобисти во државава.
-
Аце, јас немам ништо против твојот ПРВ проект на Форумов.Ни те знам,ни те познавам,па некакви инсуинации дека треба или не треба да постираш тука твои проекти,дека некој модератор треба *да ги задоволува другите* нови членови,не оди.Јас ти пишав приватна порака со линк до Правилата на Форумот,ако се сеќаваш ( можеби не си ја ни отворил),па не држи дека не сум сакал да ти помогнам. Еве,во поновената постапка сликите се во ред,па не реагирам повеќе.
Споено мислење: 01.08.2015, Saturday, 23:06:32
Ова не го разбрав доволно,може да го објасниш дополнително:
А случајно ако некој сака да донира некој денар нека пише ке му ја дадам мојата пајпал адреса мада неверувам дека некој би сакал Cheesy
-
Бидејки ми фалат уште малце пари за да купам оргинален трансмитер со домет од 1.6км..во случај да сака некој да донира некоја пара на пајпал затоа го пишав тоа..
*да ги задоволува другите* мислев на оние што го читаат постот место да го преправаше постот 10 пати можеше да ги средиш линковите за една минута и да ми ги пратеше правилата веднаш бидејки не се снајдов во форумот за потенционални и нови членови али денес ми ги прати и ете средив тоа што разбрав.
-
Батка,не си нов ,гледам 2013 година си зачленет,па место друг да ти средува постови научи се сам.За донирањето не знам,малку чуден начин си одбрал.
-
Да, не сум нов тој еден ден што го имам поминато во овие 2 години на форумов го иам поминато во читање постови така да сум немал голема потреба од правилата на форумов имав само 2 поста од кој едниот е само текст а другиот текст и видео.
Коа сме кај донирањето незнам што е чудно тука
-
Правилата на однесување на Форум важат за сите,а за донирањето - не знам дали е Форумов место за такво нешто,ама пробај.Сепак размисли за она што го пишав,кај мене имаше еден казнет 300 ЕУ, а дронот му беше запленет.
-
јас имам пријател со овие работи, за секое летање ке треба од полиција дозвола да бараш :) за напојување најдобро на циганскиот пазар да купиш батерии од лаптоп да ги растуриш па да си ги маправиш како ти одговара тие бааги држат за летање ;D маана е што ќе ти треба пункт апарат за да ги спојуваш една со друга батериите ;)
-
После толку време чекање делови и праење не планирам да барам дозволи за летање ако решиле да ме казнат нека ме казнат и така не летам многу високо ни пак многу далеку до 150м висина и должина бидејки уште не сум научил да го летам како што треба за да идам подалеку
А за батериите од лаптоп не сум пробал незнам колку држaт само знам за еден "нов вид" на батерии кои држат дупло повеке од li-po батериите но многу се скапи и не даваат голема струја и ги користат за авиони
-
Тоа со дозволите можам да го разберам. Замисли да леташ дрон каде и како што ќе посакаш. Лесно би можел да леташ дрон над владата или МВР, АРМ и да снимаш. Некој ненормален би можел да го злоупотреби дронот и да постави бомба на него наместо камера и да ја пушти пред владата, некоја странска амбасада, или над толпа луѓе кои организираат протести или митинзи. Секакви злоупотреби се можни. Затоа е изваден закон и тој мора да се почитува, без исклучок!!!
Исто така некој неискусен летач на дрон лесно може да заколи некој со пропелерите доколку изгуби контрола над него летајќи во населено место. Потоа е тешко да се фати прекршителот.
Иновација дронови се интересни, но може сериозно да го нарушат редот и мирот. Закон веќе има, потребна е лиценца, дозвола, потврда дека не си осудуван, итн.
@Ace894
150м висина се сериозна работа. Не би играл јас со законот. Не те кошта ништо да си прашаш за регулативите за летање на дрон. Не верувам дека ќе те одбијат. Извади си лиценца и биди си рајат.
-
Да, точно е дека владата некаде на почеток на годинава донесе уредба за користење на дроновите после излегувањето на снимката од студенските протести во јавност. Ако ја побарате уредбата на сајтот за цивилна и воздушна пловидба, ќе најдете само наслов дека има таква уредба, но пдф документот го нема, а за сите други правила и закони ги има документите да се симнат.
На нет можат да се најдат извадоци/тумачења од таа уредба/правилник по разни портали, од каде јасно се гледа дека има ограничувања од 150м во висина, и 500м радиус на летање сметано од точката на управување,
50м растојание од луѓе, животни и објекти, и плус забрана во близина на државни институции. Во принцип уредбата забранува летање во населено место, ако се земат сите услови во предвид. Што значи дека некаде на отворено соодветно одбрано мето слободно може да си го леташ и тестираш дронот.
Ace894 кажи ми уште колку пари ти фалат за привршување на проектот, можеби ќе се собереме да ги донираме.
-
tubemkd мене ми фалат уште 130$ за да купам оригинален контролер со многу повеке функции малце се за разлика од тоа колку имам дадено за други работи и глупости
еве линк од контролерот
(http://www.4shared.com/download/Xn2O00A3ba/RadioLink_AT9_2_4GHz_9CH.jpg?lgfp=3000)
Уште контролер и еден GPS модул (гпс-от е ефтин околу 15$ за него имам пари само не ми е потребен се додека не купам контролер)за да ги комплетирам двата дрона и тука завршувам со дронови за сеа
Сеа доаѓа на ред друг проект 3д принтер ако успеам да набавам делови и некој степер од циган пазар
-
овој сопственик на дрон, добил дозвола од полиција за снимање на студентски протести, но се држел строго според правилата, оддалечен околу 500 метри од настанот.
Само еднаш добил дозвола за снимање на протестите, додека за следните не добил одобрение и не го летал дронот, на неговата youtube страна за следните протести напишал...
цитирам:
„За жал овој пат нема снимка, не добивме одобрение од полициска станица да снимаме затоа што наводно било опасно толку тешко летало да виси директно над главите на народот. Без одобрение да пуштиме летало ќе значеше директна конфискација, а тоа не можевме да си го дозволиме.„
-
Да за тоа се во право многу е опасно дронот да биде блиску до луѓе зашто не се знае кога ке се случи некоја грешка во програмот или ке се откачи некоја жичка како што ми се деси мене....фалаше многу малце за да удри во мене а беше залетан со пол гас среќа не ме поткачи со пропелерите ништо не се скрши освен пропелерите али ги залепив и сеа е добар
истото можеше да се случи и на овој сопственик само тука е многу полошо бидејки е на голема височина ако изгуби контрола кога ке се залета надоле може да повреди некого сериозно или најлош случај да усмрти
Мене не ми е потребна дозвола пошо кај што летам нема многу луге ни пак куќи само празен простор
-
Мое мислење е дека со дронот си го завршил проектот. Од нула со разни елементи си го склопил, спрограмирал и пролетал. Толку, целта е постигната. Другото е веќе комерцијализација (забава), ќе мораш да си најдеш спонзор или инвеститор кој нормално ќе си бара дел од кајмакот. Битно е дека си докажал дека знаеш и можеш.
Мој совет ти е парите да ги чуваш и да собираш донации за следниот проект 3д принтер. Си размислувал за некој кикстартер проект, терај ја работата во таа насока. Вака како што гласи насловот „за забава„ тешко за донации.
-
Еве неколку фотографии од одржано такмичење оваа година во радио командовани модели во Прилеп, можеби на некој ке му бидат интересни за гледање и инспирација за градба на модели.
https://picasaweb.google.com/106998410340492096266/Prilep20062015
-
Овој проект го заживеа малце форумот. Одамна се нема некој проект постирано.
-
Дроновите не се ништо ново и кај нас во МК.Верувајте многу луѓе ги имат купено и воглавном ги користат за да прават снимки или како играчка. Еве овој го имам,ама не го користам,особено поради забраната.На два пати сум снимал концерт ,а еднаш го користевме каконосител на ЛЕД светилка за еден настан.Не е скап, само со стандардна батерија оди 6-7 минути не повеќе.
http://www.helipal.com/hubsan-h107d-x4-fpv-drone-2-4ghz-edition.html?osCsid=rvqni5mck2hkjkb3vpii6dfam1
-
Со овааа тема се заинтересирав каде и како може да се добие дозвола и лиценца за пилот на дрон.
Некако не можам да најдам никаде каде се регулативите за добивање лиценца.
На страната на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Репубика Македонија, во делот на сите дозволи кои ги издава агенцијата не можев да најдам дозвола за беспилотно летало дрон.
http://www.caa.gov.mk/Upload/Document/MK/Licenciranje/Spisok-na-site-vidovi-dozvoli-noemvri%202014.pdf
Изгледа сеуште не е среден законот како што треба, ако грешам поправете ме
-
Принципот е таков: одиш до Подрачната единица на МВР во општината каде живеете и барате Одобрение за користење дрон.Ке ве прашаат за која намена ,каде и колку долго ке го користите ( пример за фотографирање на младенците од 17-18 часот на хххх дата ),ке покажете документ дека сте фотограф или некоја друга фирма која има допир со работата и ке ви дадат Одобрение за користење дрон за комерцијални сврхи. Не те интересира друго освен некој полицаец да не дојде (по кажано) и да не те глоби 300 ЕУ! 8)
-
tubemkd мене ми фалат уште 130$ за да купам оригинален контролер со многу повеке функции малце се за разлика од тоа колку имам дадено за други работи и глупости
еве линк од контролерот
(http://www.4shared.com/download/Xn2O00A3ba/RadioLink_AT9_2_4GHz_9CH.jpg?lgfp=3000)
Уште контролер и еден GPS модул (гпс-от е ефтин околу 15$ за него имам пари само не ми е потребен се додека не купам контролер)за да ги комплетирам двата дрона и тука завршувам со дронови за сеа
Сеа доаѓа на ред друг проект 3д принтер ако успеам да набавам делови и некој степер од циган пазар
Имаш намалување моментално 5 дена на контролеро(трансмитеро) 108долари http://www.aliexpress.com/item/2015-Radiolink-2-4G-AT9-Radio-Control-System-9CH-Transmitter-Receiver-TX-Transmitter-Bag-Easy-to/32299298566.html
е иначе јас го имам Turnigy 9xr го купив 50Dolari + 45долари за модулот што се клава назад 35долари ресиверот достигнува доста солидни далечини исто многу добро е што можиш да смениш друг модул со UHF за големи далечини менување на софтвер и такви ствари. Што се однесува до моторите за квадкоптери хексакоптери итн не ти треба големи KV и со 600-1200KV ќе постигниш да нема тресење а и поголема носивост ако веќе не ти треба брзина
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/0x4E4F001/IMG_1689_2.jpg)
-
Го има радиолинк и на ебау за 104$ али за него е потребен уште еден модул за да има data telemetry и тоа се фаќа околу 130$
Иначе за мојот квадкоптер добри се и тие моторчиња но има многу вибрации со нив а сензорот неможе да одреди што е вибрација а што движење затоа имаше многу осцилации при што морав да активирам филтер за сензорот и сега е доста стабилен но проблемот е во мојот домашно направен трансмитер кој не ги дава истите вредности пример кога ке дигнам throttle на 50% некогаш ми дава 40% некогаш 60% внатре потенциметрите се од оние што ги има во обичните џоистици од playstation
Како и да е кога ке соберам пари ке го купам тој радиолинк пошо како што читав сегде и гледав најефтини се и се супер за тие пари
Баш гледав видео каде еден русин со овој радиолинк трансмитер лета на далечина од 4.4км без никакви додатоци на отворено без пречки
-
Го има радиолинк и на ебау за 104$ али за него е потребен уште еден модул за да има data telemetry и тоа се фаќа околу 130$
Иначе за мојот квадкоптер добри се и тие моторчиња но има многу вибрации со нив а сензорот неможе да одреди што е вибрација а што движење затоа имаше многу осцилации при што морав да активирам филтер за сензорот и сега е доста стабилен но проблемот е во мојот домашно направен трансмитер кој не ги дава истите вредности пример кога ке дигнам throttle на 50% некогаш ми дава 40% некогаш 60% внатре потенциметрите се од оние што ги има во обичните џоистици од playstation
Како и да е кога ке соберам пари ке го купам тој радиолинк пошо како што читав сегде и гледав најефтини се и се супер за тие пари
Баш гледав видео каде еден русин со овој радиолинк трансмитер лета на далечина од 4.4км без никакви додатоци на отворено без пречки
Да знам и мене првото ми беше со ардуино и се обидов од playstation џоестик ама не излезе како што планирав посебно што сакав авионче да возам и со Throtle имав мака и си го зедов радио приемникот сега чекам мотори за авиончето а во план сум да правам еден хексакоптер, а искрено за ова 4.4KM не ми се верува искрено со сток антена и без појачувач да направиш тешко 4.4км само реклама си прават јас мислам дека 1КМ повеќе во идеални услови максиум до 1.6км да се извади со сток конфигурација.
-
RadioLink AT9 4400m (http://www.youtube.com/watch?v=IFoc-xdwAyc#ws)
Еве го видеото каде лета 4.4км незнам зошто би правел реклама му имам пишано коментар но вика дека не користи ништо освен трансмитерот има повеке видеа со различна далечина
-
RadioLink AT9 4400m (http://www.youtube.com/watch?v=IFoc-xdwAyc#ws)
Еве го видеото каде лета 4.4км незнам зошто би правел реклама му имам пишано коментар но вика дека не користи ништо освен трансмитерот има повеке видеа со различна далечина
Ги гледав веќе видеата али во пракса не е баш така реклама си прават за трансмитерот и ресиверот не ми се верува за 130 долари да лета толку :) едноставно и за мојот ресивер беше 3.4KM али досега со обичната антена 1.4KM максиум, иначе можи на ГПС му се наместени кординатите и само лета најчесто така ги прават клипчината, а за поголем домет користат UHF 433MHz . А што модел е ресиверот од FPV Boscam?
-
Незнам дали прави реклама на трансмитерот или не тоа ке видам коа ке го земам и 1км за сега ми е доволен
+ немора да се замарам за вредностите на џоустикот дали биле 50% или 60%
А за фпв незнам што користи
-
И браво и јас ја сакам електроникава али ти ептен цел дрон сам си правел се гледа дека се трудиш и се разбираш.Им се восхитувам на луѓето кој сами си прават летала браво уште еднаш.Многу ретко денес кој се бави со ваква работа на прсти се бројат тие луѓе 8)
-
Ми требаат предаватели за дронот ги има во две верзии 915mhz и 433mhz која френкфенција од овие две е дозволена кај нас некој да не знае ?
-
433