Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Звучници => Topic started by: krema on 02.06.2015, Tuesday, 00:57:51
-
Отиде звучникот од вуферот на Logitech x240, едноставно се распартали :)
Дефинитивно би сакал да го заменам, па барам ваш предлог.
Се работи за 100mm (4'' inch) 15w 8Ohm. На самиот магнет нема никакви карактеристики, но како што кажува чичко Гугл, двата сателита му се по 5w додека вуферот е 15w.
Прашањето ми е каде да барам ваков звучник, и колку би чинел истиот (отприлика)? :)
Секој совет е добредојден.
Поздрав
-
Во Zec има звучници слично на тоа што ти треба, цената им беше неколку стотини денари.
-
фала BorceBT,
инаку во Зец прашав телефонски, ми рекоа дека имаат по цена од 500 денари (не знам какви, претпоставувам некои симтроникс или слично), а случајно ми текна и на БТ електроник па звонев и кај нив и добив одговор дека имаат некои кинески со цена од 300 денари.
Ако имате уште некоја продавница што сум ја испуштил ве молам пишете :)