Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: Engineer on 14.05.2015, Thursday, 16:06:19

Title: Роботика
Post by: Engineer on 14.05.2015, Thursday, 16:06:19
Дали сакате да се собереме сите што сме заинтересирани во роботиката и да почнеме да изработуваме разни видови на роботи.
Па доколку е можно и да се отвори како канцеларија или слично за сите што сакаат да ги истакнат своите знаења и вештини во роботиката

Што мислите околу ова ???
Title: Одг: Роботика
Post by: GigaWatt on 14.05.2015, Thursday, 21:21:23
Убава идеја. Тешко дека ќе се реализира.
Title: Одг: Роботика
Post by: LordZi on 14.05.2015, Thursday, 22:05:13
Ако си од Скопје, има позади католичка едно место, Хаклаб КИКА, мислам дека местото и луѓето најмногу ќе ти одговараат на тоа што го бараш...
Code: [Select]
http://b10g.spodeli.org/
Title: Одг: Роботика
Post by: Engineer on 15.05.2015, Friday, 12:05:39
Значи да се организираме е работата.И да ги истакнуваме своите знаења и вештини.
Title: Одг: Роботика
Post by: GigaWatt on 15.05.2015, Friday, 15:24:20
Ретко кој има време за такви работи, а и да има, најчесто го работи како личен проект во слободно време, не како тимски проект.
Title: Одг: Роботика
Post by: MilerovEfekt on 22.05.2015, Friday, 23:39:18
Ако си од Скопје, има позади католичка едно место, Хаклаб КИКА, мислам дека местото и луѓето најмногу ќе ти одговараат на тоа што го бараш...
Code: [Select]
http://b10g.spodeli.org/

+1, ако си од Скопје навистина треба да ги посетиш
Title: Одг: Роботика
Post by: batka on 25.05.2015, Monday, 20:15:44
Дали сакате да се собереме сите што сме заинтересирани во роботиката и да почнеме да изработуваме разни видови на роботи.
Па доколку е можно и да се отвори како канцеларија или слично за сите што сакаат да ги истакнат своите знаења и вештини во роботиката

Што мислите околу ова ???

Што да мислиме? Тоа е прво скап спорт! Некој треба тоа да го финансира.Второ,како некој да се здружи кога не те знаеме кој си ,што и како работиш,колку знаеш и до каде си со роботиката.Оние што ги познавам и што се напредни во ова област,не верувам дека ке сакаат да се здружат со некого.Како рече некој ова тема е повеќе за индивидуалци. Заеднички проект тешко да се оствари,поради цената на инвестицијата.Потоа *роботиката* е многу широк поим и секој проект се развива по однапред дадени параметри и за позната намена . Значи,инвестицијата треба да донесе бенефит и роботите кои би се направиле и би функционирале за индустриска или слична намена треба да донесат профит,инаку не гледам зошто некој би се занимавал со нивниот развој. Ако мислиш да се прави некоја играчка или симулација,не верувам дека некој ке најде време за такво нешто.Ако мислиш со ЛЕГО да си правиш играчки за *туркање* ,тоа сепак не е *роботика*,барем не во права смисла на зборот.

Споено мислење: 25.05.2015, Monday, 20:22:05
Како што гледам членов од 15 мај до 25 мај нема постирано.Да верувам дека не е од оние кои само ке се јават еднаш и ке се откажат од Форумот.Ако е толку заинтересиран нека постира некој свој проект или нека предложи идеја,проект или слично.Така можеби некој ке се заинтересира.