Значи станува збор за ЕP на еден бенд. Треба да се доснимаат уште три песни, ама сега за сега само една успеавме да снимиме. Со еден дел од членовите на овој бенд членувам и јас во друг „проект“, но снимки од тоа немаме, за жал :(.
Како и да е, еве ја снимката, немиксана, ептен малку дотерана (малку засилени се викалите и гитарите), се останато е исто како што е снимено, значи нема никакви „дошмикувања“, значи тотално raw е снимкава.
Ме интересира само што мислите за квалитетот на снимката, на гитарите, басот, вокалот, итн. Онака глобално мислење за квалитетот на снимката ;).
Кога ќе ја „измиксам“ ќе звучи многу подобро, но ме интересира како ви звучи вака како што е, дали е добар снимениот материјал и дали може добро да се работи со него (за да не биде после како американската поговорка: garbage in, garbage out).
Опремата со која се снимаше е следнава: Behringer Vamp 2, Lexicon Omega USB Connected Sound Card, Cubase Studio 4, Waves MultiMaximizer (VST компресор), кабли (фала богу, хахаха :D :D :D, не баш најдобри, ама што имавме, тоа искористивме). Снимано е со 24 битна резолуција на аудио сигналот на 48KHz фреквенција на семплување (стандардни студиски вредности за снимање).
Еве print screen од прозорецот на Cubase. Знам дека „исклипувани“ се вокалите, ама нема причина за паника, нивото на снимката на вокалите е дигнато за 6dB од нивото со кое снимавме, па затоа ги прикажува „исклипувани“ на tracklist-от, инаку може во секој момент да се вратат назад на нивото на кое биле без никакви последици ;).
(http://img294.imageshack.us/img294/6881/ps001.th.jpg) (http://img294.imageshack.us/img294/6881/ps001.jpg)
Гитарите се снимани „директно“ (direct imput, од излез на предзасилувачот на гитарското комбо директно на едниот од влезовите на картицата), значи не одеше патот на сигналот преку микрофон, односно гитара-->гитарско комбо-->звучник-->микрофон-->влез на картицата. Ова не беше возможно од проста причина што немам глува соба :(.
Вокалите се снимани кај мене во соба, значи повторно, не во глува соба, само што сите моравме да бидеме многу тивки, хахахахахах :D :D :D (со зборовите на Elmer Fud, be vewy vewy quiet, хахахахахах :D :D :D).
После овој огромен елаборат (и правдање :D), еве ја песната ;).
http://www.box.net/shared/i6faluhq8i
Mirror 1:
http://www.filefactory.com/file/b19c201/n/Drown_In_Your_Own_Blood.rar
Mirror 2:
http://www.mediafire.com/?hymmmem2jmm
НАПОМЕНА: Не е препорачливо да ја слушаат оние кои не слушаат метал ;D.