Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Радио техника => Предаватели => Topic started by: DX-er on 04.06.2014, Wednesday, 00:21:28

Title: Емитување со мала снага ( Low-power broadcasting )
Post by: DX-er on 04.06.2014, Wednesday, 00:21:28
LPFM, LPAM и LPTV е митување на сигнал на ФМ и АМ радио или телевизија со мала снага до 10 и до 100 вати. На пример на ФМ до 10W во урбана средина и до 100W во рурална средина. За ова лиценците се бесплатни но не е дозволено комерцијално емитување.

Повеќе на:
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Low-power_broadcasting
Добро би било и нашава држава заедно со АЕК да направат нешто вакво за радио ентузијастиве.
Title: Одг: Емитување со мала снага ( Low-power broadcasting )
Post by: Z31GH on 04.06.2014, Wednesday, 21:56:39
Има една работа која со полека се воведува во Европа и се надеваам кај нас. Се работи за MURS (Multi Use Radio Service) Тоа е фреквенција која се движи околу 150 мегаахерци ФМ и може да се користи без лиценца. Моќноста на емитување е до 2 вати и не се доволени репетитори. Секоја рачна радиоаматерска станица може да се подеси да работи и на тие фреквенции. Добра замена за глупавиот ЦБ банд. 2 вати сепак не се малку.
Title: Одг: Емитување со мала снага ( Low-power broadcasting )
Post by: AMPER on 05.06.2014, Thursday, 12:48:18
Момци шала на страна, согласно новиот закон за електронски комуникации , од март 2014г. казните за нелегални радио емисии во етерот без одобрение за работа од АЕК , се ригорозни , прочитајте службен весник, за да некои не настрада превентивно ви ја соопштувам оваа информација , бидејки доколку ве лоцираат враќње назад нема, доколку некои има повеке време нека ја провери оваа информација , истата е 100 % точна.

Позз,
Title: Одг: Емитување со мала снага ( Low-power broadcasting )
Post by: Z31GH on 05.06.2014, Thursday, 16:14:54
@AMPER

Ти благодарам што се грижиш за нас да не направиме некоја глупост. Ние воопшто не се шегуваме и шалата ни е настрана. Што се однесува до постот на DX-er, постои такво нешто за работа со бесплатни лецинци. Сепак имаш огтаничувања и добро е нагласено дека не смее да се користи во комерцијални цели. Значи нема реклами, нема фимови, нема музика за кое што треба да се плаќа авторски права а со тоа да се заработи нешто.
Истото важи и за MURS бандот. Радиокомуникации кој што немаат комерцијална цел. Тие фреквенции се користат за секаква намена, за моторџии, ловци, фирми, планинари и така натаму.

Единствена пречка засега е тоа што не се воведени во нашава држава. Тоа во светот го има, а полека ќе дојде и кај нас :)