Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: LordZi on 20.03.2014, Thursday, 15:08:35

Title: Транзисторски засилувач 300W
Post by: LordZi on 20.03.2014, Thursday, 15:08:35
Го најдов овој засилувач низ шемите кои некогаш сум ги симнал, ми изгледа пристојно па решив да го ставам на форум. Потребните фајлови се дадени подоле, освен шемата за напојувањето, кое е обично нестабилизирано - трафо околу 2х50V барем 500W по канал, грец и што повеќе електролити.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: nsu on 20.03.2014, Thursday, 18:50:21
Многу убаво имаше и нешто вакво во емитер еден стар само тоа беше 250 вати.Сега се што објавуваат објавуваат во Д класа таа е дигитална класа.Сепак и ова е интересно но само тоа напојувачкиот степен треба да има доста електролити.Колку ли пари ќе ти треба само за електролитите,па каде се јадрата и транзисторите и другите ствари.Сепак се што е убаво и јако  е скапо.Има исто така доста ретки транзистори шемава тие се од моторола но може да се најде замена некоја сигурно.Но стварно е добра шемава ;) :D
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 19:29:37
Па обично најскап дел на појачувачот е напојувањето.Кај вакви појачувачи ,напојувањето е 1:5 во однос -друг материјал : материјал за напојувањето ( однос на цените).Секогаш напојувањето треба да е малку * предимензионирано* во однос на јачината на самото појачало.Во случајот за 300W треба напојувањето да дава 500W за да имаш квалитет ,јачина и пред се сигурност во секоја прилика.Затоа ова не се појачувачи * до 100 ЕУ*,ами многу повеќе.За големи јачини и профи работа затоа не се  бара аматерски правено појачало ( со респект за некои градители! ;D)
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: Hahahaha on 20.03.2014, Thursday, 19:39:46
А зашто наместо класични напојувања со 10 кила трафо(за во случајов) и еден куп електролити, не пробате со помош на SMPS, деловите се релативно лесни за наоѓање, под кале собери две три напојувања и ќе можеш да составиш едно доста моќно напојување. Да кажеме некој си 600 вати со два излезни напони од по 40 волти. Таа технологија се развива сега, се е насочено кон SMPS изумираат класилните трансформатори, а ако сакаш да напредуваш во електрониката треба да ги пратиш новите трендови :)
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 19:43:01
Види,за некои работи класичното трафо е се уште незаменливо.Има ли SMPS резервна снага? 8)
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: MetallicA on 20.03.2014, Thursday, 20:06:07
Quote
А зашто наместо класични напојувања со 10 кила трафо(за во случајов) и еден куп електролити, не пробате со помош на SMPS

SMPS ако не е добро дизајнирано ке внесува одреден брум во засилувачот а со тоа ке го расипува и звукот, сепак за hi-fi или пак студиска опрема, класичните трансформатори се незаменливи. за озвучување да може, бидејки е полесно за транспорт а и онака квалитетот не е многу битен.  :D
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 20:23:54
Квалитетот не е битен? Па има снагаши со изобличувања од 0,2% на 300W! И квалитетни фирми направија некои серии со SMPS,ама се вратија на класика многу бргу.Долга и широка е темата,а основно е што премотување на трафо е пр.30 ЕУ ,а ако *рикне* SMPS треба да се менува цела плоча која чини многу поскапо и што е многу битно кога работиш на терен треба да имаш и резерва.Друго,SMPS е многу поосетлив на промени на режимот и за поголеми струи ризикот на прегорување е поголем отколку кај оние напојувања со трафо.Со добри заштити трафото е закон,од искуство.Имам кај мене две појачала по 200W со прегорени SMPS кои газдите сакаат да ги преправам на *класика*.Се изгореле веќе по два-три пати со  поправки на SMPS кај некои други мајстори.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: Hahahaha on 20.03.2014, Thursday, 20:25:52
Нема резервна моќност ама можеш да го дизајнираш да биде помоќно одколку што е потребно, единствено што се малку погломазни и не се како класичните трансформатори, за брумот, немора да значи дека ќе го има, ако добро се издизајнира, во право си кога викаш дека во некои уреди не треба да има брум скоро ич, таму нема да се примени, се додека не се доусовршат и нема да имаат никаков брум. Сепак се гледа дека технологијата се повеќе се стреми кон овие типови на напојувања и вреди да се проучи оваа тематика малку повеќе, тоа е мое мислење :)

EDIT: Плус и овие SMPS се премотуваат, има пресметки и за нив и има начин на премотување.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: MetallicA on 20.03.2014, Thursday, 20:33:24
батка е ај озвучи стадион со 300вати..  ;) инаку да технологијата оди кон SPMS напојувањата бидејки се поефтини, а и во повекето уреди каде што се користат, како компјутери, телевизори, радија итн. не е многу битно дали ке има брум или ке нема, побитно е да биде компактно и транспортно.  ;D класичните трафа се избегнуваат поради големата цена.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: Z31GH on 20.03.2014, Thursday, 22:22:45
можеби се избегнуваат како што велиш поради цената, но напојувањата со класичен трансформатор се постабилни  8)
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 22:32:06
батка е ај озвучи стадион со 300вати..  ;) инаку да технологијата оди кон SPMS напојувањата бидејки се поефтини, а и во повекето уреди каде што се користат, како компјутери, телевизори, радија итн. не е многу битно дали ке има брум или ке нема, побитно е да биде компактно и транспортно.  ;D класичните трафа се избегнуваат поради големата цена.

Имаш скроз погрешен став кон проблемот.Никој не побара од мене стадион да озвучам,извини,а не ни со 300W.Скроз е погрешно : во повекето уреди каде што се користат, како компјутери, телевизори, радија итн. не е многу битно дали ке има брум или ке нема, побитно е да биде компактно и транспортно - кај тоа си го слушнал или прочитал??Ти ќе купиш таков уред кој има брум???? Не знам дали има некој кој размислува како тебе!? Мислам дека нема на овој Форум. :D :D Или: инаку да технологијата оди кон SPMS напојувањата бидејки се поефтини...Да,за некои работи,како за по дома. 8) Професионалната техника не бара евтини,ами сигурни решенија.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: MetallicA on 20.03.2014, Thursday, 22:38:04
Quote
кај тоа си го слушнал или прочитал??Ти ќе купиш таков уред кој има брум? Не знам дали има некој кој размислува како тебе!? Мислам дека нема на овој Форум.

а речиси сите користат дома тв со SMPS, напојување со smps, DVD, итн.. и сега мислиш дека кај овие уреди нема брум од свичинг-от??

Quote
Да,за некои работи,како за по дома.  Професионалната техника не бара евтини,ами сигурни решенија.

ај врати се 2-3 поста и види што напишав.... и јас се согласувам дека за хи-фи и студиска опрема класичните трансформатори се незаменливи.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: izotop on 20.03.2014, Thursday, 23:11:52
Убава шема само не ме бендисува што е квази комплементарно ама може да се преправи  со тоа што  оваа долнава гранка на излезни   транзистори  ќе се смени  со комплементарни транзистори на горните и ќе се ротираат отпорниците према излезот . другото е се во ред има штелување на офсет на влез  а и  на мирна струја овај бц 546 може да се смени со друг побрз и во друго куќиште за подобра термичка спрега со  излезните,  другите транзистори се  одлични  драјверите се супер ,како и влезниот пар .

За СМПС немам коментар  освем дека не се за квалитетно аудио  , и тука завршува муабетот за мене по однос на тоа прашање .
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 23:15:16
Не знам што ти подразбираш под брум. 8) Фреквенцијата на која работат или класичниот * брум*? Тоа се два различни појмови.Бидејќи во домашни услови се користат  се повеќе класа *D* појачувачи тоа со фреквенцијата би поминало,ама класичен брум нема,па ни во обичните компјутерски 2.1 звучници.Друго : сепак за hi-fi или пак студиска опрема, класичните трансформатори се незаменливи. за озвучување да може, бидејки е полесно за транспорт а и онака квалитетот не е многу битен. Ова ти го напиша.Но напиша и : Таа технологија се развива сега, се е насочено кон SMPS изумираат класилните трансформатори, а ако сакаш да напредуваш во електрониката треба да ги пратиш новите трендови.Јас ке кажам дека сепак тороидот ,електролитите и грецот се незаменливи .Заборави на *правењето и пресметките на  SMPS*,овде зборувам за профи техника ,а она *Плус и овие SMPS се премотуваат, има пресметки и за нив и има начин на премотување* не стои ,особено не за снагаши од 1кW.Сигурно не си видел,ама да ти кажам кога прегоруваат таму SMPS,тие горат тотално,јаглен стануваат,џгура... Поправање ,аврио.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: slidermc on 20.03.2014, Thursday, 23:22:25
Во СМПС нема шанси брум да чуеш, но ке имаш големи ЕМИ и посилен шум. Кај полошо филтрираните СМПС најчесто се слуша работната фреквенција на свичинг, па е малку непријатно. Сите посилни појачала за разгласи се со СМПС, лесно е, многу ефикасно, има јако контролиран излез (не мрда ни волт). Е сеа стварно прави сметњи во мрежата.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 20.03.2014, Thursday, 23:30:27
ЗА или ПРОТИВ ? Секој кажува некои аргументи,по свој терк,прочитани или прекажани ,слушнати од некаде.Не слушнав ништо од пракса? Имал ли некој проблем со СМПС кај 1 KW појачувач?
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: filipmkd on 20.03.2014, Thursday, 23:39:06
Свитчинг дефинитивно ама изработено да ,,спие'' и при варирање на напон од мрежата
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: slidermc on 20.03.2014, Thursday, 23:46:38
СМПС секогаш "спие" и кога варира влезниот напон. Излезот е константен.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: filipmkd on 20.03.2014, Thursday, 23:50:41
 :) Не кај сите SMPS
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: slidermc on 20.03.2014, Thursday, 23:54:57
(http://www.audioenz.co.nz/wp/wp-content/uploads/2013/12/yamaha_yst_cutaway.jpg)
Ова ми е донесено на поправка претходната недела. Користи СМПС кое е способно да донесе 800 вати.
Проблем?-да, расипано е, и тоа баш напојувачката секција :D А транзисторите ги нема во МК.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: filipmkd on 21.03.2014, Friday, 00:03:53
Да не се мосфетови  :-[
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 00:08:19
E,па тоа е професионална техника?? Треба ли да се ностат пр.6 снагаши и 6 SMPS како резерва?? Оти во моментот ке нема транзистори во МК? Кај класичен трафо ( тороид) би ми прегорел осигурач (евентуално),а поради сите заштити тешко нешто друго во исправувачот.SMPS кои досега ми прегорувале (мени или на колеги) гореле тотално и калеми и транзистори и трафоа се топеле и експлодирале.Особено се осетливи  при поголемо оптоварување на мрежата,нестабилност на фреквенцијата на мрежниот напон,осцилирање на степените.Не е секој излез во класа D. 8)
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: slidermc on 21.03.2014, Friday, 00:13:31
2SC4163, 2SC4140

Најчесто горат свичинг транзисторите, а калемите, трафоата прв пат слушам дека горат, барем јас не сум сретнал такво нешто. Диодите се случува да горат.
Сите активни звучници разгласни се со СМПС. Не сум чул некој трафо од 20 кила да стави во нив.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 00:19:16
За вуферот можеш да ја употребиш класичната техника -трафо и пар електролити и крај. :D :D ;) ,ако нема друго решение. Зборуваме за  класичните снагаши,па нели и темата е *300 W појачувач*? :D ,а  не за активни кутии!
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: Hahahaha on 21.03.2014, Friday, 00:20:03
E,па тоа е професионална техника?? Треба ли да се ностат пр.6 снагаши и 6 SMPS како резерва?? Оти во моментот ке нема транзистори во МК? Кај класичен трафо ( тороид) би ми прегорел осигурач (евентуално),а поради сите заштити тешко нешто друго во исправувачот.SMPS кои досега ми прегорувале (мени или на колеги) гореле тотално и калеми и транзистори и трафоа се топеле и експлодирале.Особено се осетливи  при поголемо оптоварување на мрежата,нестабилност на фреквенцијата на мрежниот напон,осцилирање на степените.Не е секој излез во класа D. 8)

Сеа и ти претера малку, си пишал “гореле тотално и калеми и транзистори и трафоа се топеле и експлодирале“, збориме за напојување, а не за вулкан
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: slidermc on 21.03.2014, Friday, 00:23:05
Мана на СМПС е дека се многу нежни (мала грешка и одма гори) како и дека не се баш добри за аудио техниката, прават многу шумови и зуења во сигналот. Поготово кога треба да се снима во студио.
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: batka on 21.03.2014, Friday, 00:30:02
Во моментов немам до мене едно од прегорените снагаши,да го сликам,па да видиш како горат и како пукаат ферити. 8) На едниот  трафото е разлетано во 16 парчиња ферит,калемот е стопен ( црн јаглен),а транзисторите се без пластичната навлака на телото(се гледа плочката со кристалите  :D :D) На вториов дури и печатената плоча е нагорена ,а еден електролит е останат само со електродите,телото летнало како куршум.Се работи за фабрички,а не за рачно правени уреди.

Споено мислење: 21.03.2014, Friday, 00:36:44
Еве еден коментар од наш близок Форум  8)
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: filipmkd on 21.03.2014, Friday, 02:07:39
2SC4163, 2SC4140

Најчесто горат свичинг транзисторите, а калемите, трафоата прв пат слушам дека горат, барем јас не сум сретнал такво нешто. Диодите се случува да горат.
Сите активни звучници разгласни се со СМПС. Не сум чул некој трафо од 20 кила да стави во нив.
  Да се разбереме за 2sc4163 и 2SC4140 ги имаш во напојување од компјутер како 13007 или 13009 НПН а за темата за свитчинг има многу добри германски напојувања со по 6 заштити па и 1000 волти да има влез AC нема да се покачи напонот во секундар ... и нема да направи никаква штета ке изгори само примар ... а Батка за мрежните феритни трафоа од 1000 гори само 1 затоа што нема добро нанесено лак од кинезите ...
Title: Одг: Транзисторски засилувач 300W
Post by: GigaWatt on 21.03.2014, Friday, 02:27:37
Не ја прочитав детално темава, ама има некој post конкретно за засилувачов или ???.

Ако нема, доста беа off-topic муабети. Отворете си посебна тема и дискутирајте си за SMPS напојувања за засилувачи, нивното влијание, итн.