Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Аудио техника => Засилувачи => Topic started by: Otpor on 01.03.2014, Saturday, 18:21:13
-
За оние што планираат да прават засилувачи во А класа а им треба добро и евтино ладење (за разлика од готовите,комерцијални )еве една идеа која ја начекав на еден кинески (или малезиски) форум па морав да ја споделам овде ;)
(http://www.4shared.com/download/4SR6quEace/F5ladnjak.jpg?lgfp=3000)
-
Хахахахахахха .. Стварно е добар "ладњако" интересно испаднало xDD
-
За оние кои сакаат малку да експериментираат, еве уште еден совет. Може да се направат ладилници и од стари HDD ;).
А инаку, идејата од сликата е одлична ;) ;D. Малку габаритно, ама функционира ;) ;D.
-
Јака работа, 100% нема да ти прегрее појачалото. Ама мислам дека оваа варијанта не е евтина како што велиш :) Еден таков бандаж може да е над 100 евра. Вакво нешто немам видено, сепак супер идеја ;)
-
Чив е овој термин ладњак, или ничив ?! На македонски е ладилник.
-
Чив е овој термин ладњак, или ничив ?! На македонски е ладилник.
Ај и така си тука,препрај го насловот,гледам смета :)
-
Чив е овој термин ладњак, или ничив ?! На македонски е ладилник.
Ај и така си тука,препрај го насловот,гледам смета :)
Насловот сам треба да си го преправиш за да не се учат и другите на погрешни термини. Не не сме тука за тоа..... ние можеме да ти ја заклучиме или избришеме темата.
-
@DX-er
Прости му денес, прочка е ;)
-
@DX-er
Прости му денес, прочка е ;)
ама треба да побара сам, нели ?
-
Господ простува, декстер не хехех
Да не амкавте масовно денес (таква мислам бесе традицијата)
Кога сме кај литература, за некои збориви пеки(па и за зборот пеки :D) ама некои зборови стварно треба да си останат увозни.. Знае некој како е на турцки чај?
Чај на турски е чај :P
-
Бицикле,абе што се пикаш во литература и транслација? Прво чај е турцизам,не е македонски збор 8) Второ - чај на турски е كاج ,ако не си знаел ;D Трето не знам и јас од каде- ладњак !/ Веројатно е скопски дијалект.Србите велат хладњак,ние велиме -ладилник .Не сум проверил можеби на босански е - ладњак !?? 8)
-
a كاج како се чита ? неќу чај пиво ми дај :)
а кој нема да те разбере ако му речиш ладњак... ако следиш тв и тамо почнаа по своја воља да си зборува кој како сака...
-
Па целта на Форумов меѓу друго е да се заштитува Македонскиот јазик и кирилското писмо.Проблемот е што радијата и ТВ станиците се се повеќе *осакатени* со лектори.Повеќе се брза да се *испукаат* вестите,а новинариве се се по очајни! Гледај кој се стана новинар,ни дикција,ни глас,само стас и плавуши се бараат! А она за чајот - навистина на старо-турски така се пишува - чај! Чајот е турцизам кој го имаме прифатено,за жал.
-
Тоа ми беше зборот, во ред е да се корегира или опомене член за лексикон, меѓутоа не сме ние тие кои треба да го оправаат јазикот во државава, има многу поодговорни од нас. Сакам да кажам да не се фаќа за кусо ептен ако некој член нешто згреши, или на пример ако пиши донлоадирање, сторирање уесбе итн...
-
Грешиш за тоа! Токму ние,како граѓани сме виновни за јазикот! Ајде барем на ова место да се изразуваме културно,да зборуваме и комуницираме литературно.Немој да мислиш дека малкумина не читаат.Не читаат многумина,иако не се членови,ама велат некои - добро што го терате Форумот на македонски и со кирилична поддршка.На многу места кеде требало,токму овој Форум сум го потенцирал како место каде внимаваме да се изразуваме литературно,се разбира со исклучоци.Но,барем помладите треба да го земат тоа како обавеза.Заштитата на идентитетот и јазикот започнува од вакви места и форуми.Затоа се лутам кога некој ке почне на дијалект - тоа можете дома да го практикувате,овде изразувајте се литературно.Така барем мислам дека треба да биде.
-
И јас сум да се пишува литературно на форумов, затоа што, за среќа или не, со повеќето со кои сум комуницирал(не само овде) обострано сме се потрудиле да најдеме некој јазик на кој ќе ни биде лесно да се разбериме. Па да правам муабет со некој од куманово преведувачи ќе ни требаат и нему и мене. Така и на форумов, кога ќе дојде некој и кога ќе види дека сите пишуваме литературно, од култура барем би требало да се потруди правилно да пишува.
Е сега како на темава, повеќе се фативме за "ладњакот" него за ладилникот.Затоа мислам дека треба некако поинаку да се дејствува за литературата.
-
Па бидејќи темава можеше да оди и на друго место,а освен една слика и неколку коментари не очекувавме кој знае што,добро е да проговориме понекогаш и за ова тема - употреба на македонскиот јазик и кирлското писмо.само да се подсетиме. 8)